Connect with us

регион

НЛБ ги собра на едно место Раде Шербеџија,  Владе Дивац и најмоќните директори на Балканот

Прво издание на „Ден на инвеститорите“ во Белград

објавено

на

„Добредојдовте во нашиот дом, добредојдовте во регионот на можности“, беше клучната порака на првиот „Ден на инвеститорите“ на словенечката банкарска групација НЛБ што се одржа пред десетина дена  во Белград и кој привлече повеќе од 150 инвеститори од целиот свет, финансиски експерти, аналитичари и извршни директори на клучните компании од регионот. Вистински “деликатес“ за присутните беше и учеството како панелисти на  спортската легенда Владе Дивац и актерот и музичар Раде Шербеџија, коишто ги споделија своите искуства за меѓународниот успех што го постигнаа.

„Добредојдовте во нашиот дом, добредојдовте во регионот на можности“, беше клучната порака на првиот „Ден на инвеститорите“ на словенечката банкарска групација НЛБ што се одржа пред десетина дена  во Белград и кој привлече повеќе од 150 инвеститори од целиот свет, финансиски експерти, аналитичари, извршни директори на клучните компании од регионот, како што се: Атлантик Груп, МК Групација, Петрол, Фортенова, Алкалоид АД Скопје, Делта Холдинг, Комтрејд систем  и многу други кои ги пишуваат успешните приказни за овој регион.

НЛБ го започна патувањето за подигнување на свесноста и препознатливоста на регионот кај светските инвеститори со котација на акции на берзите во Љубљана и Лондон од ноември 2018 година, но денес нашата цел е поголема, објасни извршниот директор на НЛБ и претседател на управата, Блаж Бродњак, поздравувајќи ги гостите на настанот.

„Со овој настан, докажуваме  дека бизнисот ниту познава, ниту прифаќа граници, бидејќи ги собираме  лидерите на некои од најзначајните бизниси од четири земји во регионот, кои делумно се и конкуренти. Искрено веруваме дека единствениот соодветен одговор на сè поголемиот јаз е поврзувањето и соработката“, рече претседателот на управата на НЛБ групацијата, Блаж Бродњак.

„Покрај тоа што се претставивме себеси и нашите стратешки приоритети, поканивме и угледни говорници и панелисти да ги споделат со нас своите ставови, искуство и ентузијазам и да покажат дека нашиот регион навистина е полн со можности и тој, час поскоро ќе го добие заслуженото внимание и уште попродуктивни инвестиции, притоа задржувајќи ги нашите најталентирани луѓе овде“, рече тој.

Бродњак додаде дека со овој настан, докажуваат дека бизнисот ниту познава, ниту прифаќа граници, бидејќи ги собира  лидерите на некои од најзначајните бизниси од четири земји во регионот, кои делумно се и конкуренти.

„Искрено веруваме дека единствениот соодветен одговор на сè поголемиот јаз е поврзувањето и соработката“, нагласи тој.

„Која и да ја земеме земја од Балканов за пример, како да има две општества: едно светло и едно темно. Не би правел остра поделба помеѓу јавен и приватен сектор, но генерално има недостиг на лидерство. Лидерите треба да креираат амбиент за дијалог, размена на идеи. Луѓето со талент се околу нас, но дали сме способни да го сопреме овој егзодус на кадри што ни се случува. Си заминуваат квалитетните луѓе затоа што се фрустрирани поради немањето квалитетно лидерство во општествата: политичко, академско, религиско, бизнис…“, рече шефот на хрватската Атлантик група, Емил Тедески.

Неговите размислувања ги повтори и Марко Чадеж, претседател на Трговско-индустриската комора на Србија, кој нагласи дека обединет регион може да направи чуда. Според него, регионалната соработка е адекватен одговор на идните предизвици. „Можеме да ја искористиме можноста за привлекување нови странски инвестиции на најдобар начин само ако работиме заедно, ако работиме како еден регион, една економија, како заеднички регионален пазар и единствена дестинација за инвестирање“, нагласи тој.

Чадеж ја истакна и важноста на меѓусебната поврзаност во економските интеграции, што е нешто што Ричард Гривсон, заменик директор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, исто така го гледа како одлична можност за регионот. Тој смета дека регионот на Југоисточна Европа е многу флексибилен и со голем потенцијал, особено во однос на пристапувањето во ЕУ.

„На регионот му фали лидерство“

Во фокусот на настанот којшто се одржа во прекрасниот амбиент на Народниот театар во Белград,  освен макроекономскиот поглед на регионот, неговата атрактивност како инвестициска дестинација и стратегиите за одржлива иднина, беа претставени и успешните приказни на водечки компании од регионот. На панелот насловен “Регион на успехот“  се приклучија и главниот финансиски директор на словенечки Петрол, Матија Битенц, потпретседателот на МК Групацијата од Србија и член на Управниот одбор на банкарската групација АЕК Банкинг Груп, Александар Костиќ; извршниот директор на Comtrade System Integration од Србија, Душан Милиќевиќ; извршниот директор на Фортенова од Хрватска, Фабрис Перушко; членот на Извршниот одбор на српскиот Делта Холдинг , Андреј Совровиќ; шефот на Атлантик Групата Емил Тедески и извршниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов,  коишто го споделија своето мислење за регионот на Југоисточна Европа како регион на можности.

„Насочени сме кон креирање производи со додадена вредност, а за нас регионот е стартна точка од каде треба да се гради глобалната стратегија. И тука, дефинитивно, ни е потребна синергија. Поврзаност можеби е клучниот збор во овој случај. Алкалоид има производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и тим за корпоративни правни работи во Загреб. Ние креиравме регионална фузија која му оди во прилог на деловниот развој и која ја создадовме сами“, истакна генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид, Живко Мукаетов.

Секој од учесниците даде свој осврт на регионот како целина, од аспект на потребата од синергистичка стратегија за поголем економски раст и за подобра алокација на ресурсите, во согласност со локалната и со културолошката специфика на секој пазар.  

„Насочени сме кон креирање производи со додадена вредност, а за нас регионот е стартна точка од каде треба да се гради глобалната стратегија. И тука, дефинитивно, ни е потребна синергија. Поврзаност можеби е клучниот збор во овој случај. Алкалоид има производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и тим за корпоративни правни работи во Загреб. Ние креиравме регионална фузија која му оди во прилог на деловниот развој и која ја создадовме сами“, истакна Мукаетов.

Тедески од Атлантик група  истакна дека според него, најголема мана на регионот е недостиг на лидерство.

„Која и да ја земеме земја од Балканов за пример, како да има две општества: едно светло и едно темно. Не би правел остра поделба помеѓу јавен и приватен сектор, но генерално има недостиг на лидерство. Лидерите треба да креираат амбиент за дијалог, размена на идеи. Луѓето со талент се околу нас, но дали сме способни да го сопреме овој егзодус на кадри што ни се случува. Си заминуваат квалитетните луѓе затоа што се фрустрирани поради немањето квалитетно лидерство во општествата: политичко, академско, религиско, бизнис… За мене не е проблем само недостигот на инженери, на пример, инженери ќе продуцираме, ако треба и ќе увеземе, туку недостигот на лидерство.“ рече Тедески.

Мукаетов се согласи дека најскапоцен ресурс се луѓето и дека треба да се бориме како општества да ги задржиме овде, во регионот.

„Да се залагаме за промовирање на позитивни стории за да ги мотивираме квалитетните кадри да останат во регионов. Живееме во политизирани општества, дефинитивно треба да сме проактивни, поагресивни во промовирањето на добрите вредности. Не може да очекуваме премногу од некои сегменти од општествата, за жал, затоа мора и самиот бизнис сектор да се ангажира во некои процеси со цел создавање  стручен и мотивиран кадар, како што е дуалното образование, на пример. Ние како компанија стартуваме едукативен центар за потребите на нашиот бизнис развој, значи дефинитивно треба повеќе акција за да се мотивираат луѓето. Бизнис заедницата е еден од најбитните играчи во тој процес.“, истакна тој.

Шефот на Атлантик, Тедески, ја сублимираше поентата за адаптирање на пазарните механизми и на понудата според реалните пазарни параметри низ тезата: „Населението ни старее, а со оглед на тоа што ‘Бекутан’ е еден од најпознатите брендови во регионот, потребни ни се што повеќе бебиња!“, со што поттикна позитивна реакција кај учесниците и кај присутната публика. 

Дивац: Среќата треба да си ја заработите

„Денот на инвеститорите“ во Белград покрај присуството на голем број познати лица од светот на бизнисот и политиката во регионот и пошироко, имаше и свои вистински ѕвезди, селебрити во права смисла на зборот. На панелот насловен „Од регионот кон светот: Глобални успешни приказни“ учествуваа прославениот српски кошаркар, сега активен во филантропијата, Владе Дивац, заедно со легендарниот хрватски актер, режисер и музичар, Раде Шербеџија.

„Талентот без работа не е корисен премногу. Треба да си ја заработите среќата. Без работа и посветеност, што и да правите, нема да постигнете успех. Нема некој таен рецепт. Кај мене, конкретно, се работеше за љубов кон играта и да се трудиш секој ден да бидеш се’ подобар. Имав привилегија да играм со најдобрите кошаркари на планетава и притоа вистински да уживам. Не жалам за ништо што сум направил вака или онака, тоа се искуства што ви помагаат за во иднина.“, рече кошаркарската легенда Владе Дивац, споделувајќи ја својата успешна меѓународна приказна.

Шербеџија и раскажа на публиката, како на почетокот од 90-те, кога почнаа војните во поранешна Југославија, не можејќи да ја прифати таа состојба заминал во Лондон, каде што требало да почне од почеток.

„Во мојата татковина играв главни улоги, во театар и на филм, а потоа одеднаш, се најдов себеси како одам по аудиции за да добијам било каква улога. Мојот англиски е со изразен балкански акцент и секако дека не можев да се надевам на нешто друго освен,  за мене, веќе препознатливите ролји на некакви источноевропски криминалци и сл.“, малку шеговито се потсети Шербеџија.

И тогаш дошла судбоносната средба со нашиот Милчо Манчевски, кој дошол во Лондон кај него да му донесе сценарио за филмот што се спремал да го сними, „Пред дождот“.

„Го прочитав сценариото во еден здив, потоа уште еднаш и му реков на Милчо, човеку, па ова е фантастично, а тој ми одговори дека улогата ја пишувал имајќи ме мене на ум. Потоа го снимивме ‘Пред дождот’, доби Златен лав во Венеција и останатото е веќе историја, сите го знаеме“, рече Шербеџија.

Тој потсети дека после успехот со филмот на Манчевски, му се отвориле пошироко вратите и на мејнстрим холивудските продукции, а како големо откровение и придобивка, ја истакнува соработката со легендарниот Стенли Кјубрик на неговиот „Очи ширум затворени“, од 1999 година.

„Иако имав мала улога, тие три месеци од работата со Кјубрик ми покажаа дека е тоа навистина посебен човек, иако тежок за соработка, сепак, искуството е непроценливо. И потоа, станав малку порелаксиран што се однесува на сигурноста во животот, можностите за добивање улоги и сл. Сакам да порачам дека не треба да се откажуваме и кога мислиме дека сме го допреле дното. Сепак, и малку среќа е потребно, но пред се’ мора да бидеме упорни и истрајни.“, рече актерот.

На панелот насловен „Од регионот кон светот: глобални успешни приказни“, славниот хрватски актер, режисер и музичар Раде Шербеџија, сподели со публиката како после распадот на СФРЈ морал буквално од поново да почнува на Запад и  тогаш дошла судбоносната средба со нашиот Милчо Манчевски, кој дошол во Лондон кај него да му донесе сценарио за филмот што се спремал да го сними, „Пред дождот“. „Го прочитав сценариото во еден здив, потоа уште еднаш и му реков на Милчо, човеку, па ова е фантастично, а тој ми одговори дека улогата ја пишувал имајќи ме мене на ум. Потоа го снимивме ‘Пред дождот’, доби Златен лав во Венеција и останатото е веќе историја, сите го знаеме“, рече Шербеџија.

Кошаркарската пак, легенда, Дивац, се согласи дека и среќа е потребно за успех, но пред се’ макотрпна работа.

„Талентот без работа не е корисен премногу. Треба да си ја заработите среќата. Без работа и посветеност, што и да правите, нема да постигнете успех. Нема некој таен рецепт. Кај мене, конкретно, се работеше за љубов кон играта и да се трудиш секој ден да бидеш се’ подобар. Имав привилегија да играм со најдобрите кошаркари на планетава и притоа вистински да уживам. Не жалам за ништо што сум направил вака или онака, тоа се искуства што ви помагаат за во иднина.“, рече Дивац.

Тој додаде дека еден од омилените совети му бил оној дека на патот кон успехот, не е битна толку самата цел, колку што е битно како поминуваш по патот.

„Многумина стигнуваат до својата цел, но на крајот не се среќни. Дали пребрзо постигнале слава, па ги задушила, дали е нешто друго, битно не се среќни. Треба да сте среќни со своето постигнување“, порача Дивац.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство