Connect with us

економија

НЛБ го враќа лизингот во понудата, Lease&Go доаѓа на македонскиот пазар

објавено

на

Компанијата ќе нуди финансиски и оперативен лизинг на движни предмети, кој вклучува патнички возила, лесни и тешки товарни возила и опрема.

НЛБ како една од најголемите финансиски групации во регионот на Jугоисточна Европа најавува ново поглавје во своето работење кое на клиентите ќе им овозможи лизинг услуги.

 Имено, NLB Lease&Go е присутен на словенечкиот пазар од пролетта 2020 година, а активностите за лизинг земаа толку голем обем што неодамна беше основана нова лизинг компанија во Северна Македонија и купување на лизинг субјект во Србија. 

Лизингот е една од стратешките активности на НЛБ Групацијата и ексклузивен стратешки интерес во нивниот матичен регион во Југоисточна Европа.

Лизинг услугите што ги нуди членката на НЛБ Групацијата NLB Lease&Go, Љубљана, ги надополнуваат услугите за кредитирање на банката и им овозможуваат на клиентите на мало и на корпоративните клиенти да ја изберат опцијата што најдобро одговара на нивните потреби, ситуација и преференци. Компанијата имено нуди финансиски и оперативен лизинг на движни предмети, кој вклучува патнички возила, лесни и тешки товарни возила и опрема. Истиот модел и стратегии ќе се применуваат и на новите пазари.

Структурите за управување се веќе поставени кај новите лизинг членки со целосна имплементација на принципите за корпоративно управување на Групацијата. Се очекува двете компании да започнат со своите први активности веќе следниот месец и поодлучно да влезат на своите пазари во јануари 2023 година.

„Услугите за лизинг се добро прилагодени на потребите на клиентите, па затоа не е чудно што решивме постепено да ја прошириме оваа активност на други пазари каде што работи нашата Групација“, објаснува извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак. „Убедени сме дека лизингот повторно ќе стане важна деловна активност на Групацијата. Проценуваме дека во зрелата фаза, со органски, а можеби и неоргански раст, ќе придонесе повеќе од една милијарда евра во вкупниот биланс на Групацијата. Нашата цел е NLB Lease&Go да станат водечки компании во областа на движниот имот во наредните години и да преземат важна улога во областа на мобилноста на секој пазар.“

економија19 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор