Connect with us

економија

Нобеловецот Мохамед Јунус го отвори првиот центар за социјални бизниси во Македонија

објавено

на

Центарот ќе работи во склоп на  Економскиот факултет – Скопје  при УКИМ, и ќе се приклучи на глобалната мрежа на центри за социјални бизниси основани на повеќе од 80 универзитети низ целиот свет. 

Еден од најзначајните говорници и глобални лидери на темата социјални бизниси, нобеловецот Мохамед Јунус, денеска беше главен гостин на онлајн настанот што се организираше по повод  официјалното отворање на Јунус центарот за социјални бизниси. Центарот ќе работи во склоп на  Економскиот факултет – Скопје  при УКИМ, и ќе се приклучи на глобалната мрежа на центри за социјални бизниси основани на повеќе од 80 универзитети низ целиот свет. 

Јунус центрите  за социјални бизниси се истражувачки хабови за социјални бизниси основани од професорот по економија Мохамед Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година и познат како “татко на микро – кредитирањето“, основач на легендарната Грамен банка во Бангладеш, којашто сега функционира и во повеќе земји од светот.

Инаку, секој ваков центар ги следи принципите и упатствата на професорот и се обидува да ја унапреди улогата на социјалниот бизнис во решавањето на најитните, приоритетните проблеми во општеството поврзани со сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста, општествената инклузија, деградацијата на животната средина, како и унапредување на општествената благосостојба и квалитетот на живот на одржлив и ефективен начин.

„Јас верувам дека ако некој знае како да го реши проблемот на едно лице, тој всушност го има најдено никулецот на можното решение на тој ист проблем за целиот свет. Бидејќи се работи за повторување. Во Македонија ќе се обидеме да создадеме мал никулец на можно решение, и кога ќе се осигуриме дека функционира, тоа ќе биде и за целиот свет. Решението на проблем од светски размери не е тешка работа.

Сѐ што е потребно е сосема мал пример. Тоа што ме охрабрува да го кажам ова, е фактот дека кога ги дизајнирав микро – кредитите немав претстава дека тоа би било корисно во Македонија или во САД. Јас само се обидував да го решам проблемот на селото кое беше во мојата непосредна околина. Иницијативата се прошири прво низ целата земја, а потоа и низ светот. Не ни требаа некои посебни средства. Тоа беа мои пари. Тоа е она што го очекуваме од секој од Јунус центрите, мали идеи од кои некои се исклучителни, некои не можеби толку на почетокот, но, со тек на време, и мала идеја може да стане исклучително моќна. Тоа е она што го бараме“, рече нобеловецот во своето поздравно обраќање, а опширно интервју со проф. Јунус ќе биде објавено во декемврискиот број на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“.

Целта на новоформираниот Центар за социјални бизниси „Јунус“ во рамките на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје е да се развијат и реализираат акциони програми за социјални бизниси, курсеви, обуки, семинари, конференции, истражувања, публикации, лаборатории за социјален бизнис, инкубатори, акцелераторски програми, програми за размена, посети, стажирање и програми за стипендии.


„Центарот ќе овозможува на академскиот кадар, студентите и луѓето од бизнис, јавниот и граѓанскиот сектор да споделуваат знаења и искуства поврзани со концептот на социјалниот бизнис, како и да го промовираат концептот низ различни универзитети и региони. Исто така, ќе претставува место за различни видови на волонтерска и практикантска работа преку кој студентите дознаваат и учат за социјалниот бизнис, а ќе можат да реализираат претприемачки идеи кои иницијално ги работеле на предметните програми на Факултетот.“, објасни проф. Стојан Дебарлиев од Економскиот факултет, раководител на „Јунус“ центарот.

Отворањето на „Јунус“ центарот го поздравија  проф.  Предраг Трпески, декан на Економски факултет, проф. Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и  Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања.

Во рамки на онлајн настанот  се одржа и вебинар на тема „Креирање бизниси базирани на вредност“ посветен на градењето екосистем за поддршка на социјалните бизниси  на кој што зборуваа проф.  Стојан Дебарлиев, професор на Економскиот факултет, Јагода Шахпаска, министерка за  труд и социјална политика, Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“, како и  Миндаугас Данис, експерт во актуелниот проект на Министерството за труд и социјална политика, „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Овој настан е и најава за Форумот на добри компании, кој го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, на кој учествуваат реномирани претприемачи од светот, иницијатори на социјални бизниси, лидери, професори, консултанти за одговорни бизниси, а ќе се одржи на почетокот на следната година во соработка со Јунус центарот и со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија5 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија13 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании17 часа ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет17 часа ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион17 часа ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија17 часа ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија17 часа ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија17 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју17 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија17 часа ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија7 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет3 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки4 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју17 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија17 часа ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

економија17 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil