Connect with us

економија

Новата фабрика на „Гересхајмер“ во Македонија од 126 милиони евра – ќе биде најголемата инвестиција во ТИРЗ досега

објавено

на

Во новата фабрика на фармацевтскиот гигант „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и сл. Планирано е отворање на над 180 нови работни места со просечна плата двојно над државниот просек. Почетокот на градбата се планира во третиот квартал од 2022 година, додека сериското производство треба да започне во 2024 година.

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ).

Одлуката за инвестицијата на компанијата ја соопшти потпретседателот на „Гересхајмер“,  Оливер Бургел на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Премиерот Ковачевски искажа задоволство од одлуката на компанијата  „Гересхајмер“ да инвестира во земјава што е потврда за владините економски политики и позитивната инвестициска клима во земјава. Дополнително, премиерот Ковачевски истакна дека новите инвестиции и вработувања во услови на светска криза се од голема важност за подобрување на стандардот на граѓаните и економскиот развој. Во оваа насока премиерот посочи дека Владата силно го поддржува дуалното образование за кариерен развој на младите лица, како и соодветни тренинг програми со цел продуцирање на квалификуван кадар за потребите на компаниите.

Премиерот Ковачевски ја истакна важноста на германските инвеститори во земјата, како и рекордно зголемената трговската размена меѓу Северна Македонија и Германија. Премиерот подвлече дека Владата продолжува да создава деловен амбиент за развој на бизнисите преку регионалните иницијативи, како „Отворен Балкан“, како и со редовна комуникација со Стопанските комори за компаниите да имаат предвидлив деловен амбиент и да можат долгорочно да ги планираат инвестициските циклуси.

Директорот на ТИРЗ, Деспотовски нагласи дека со ова Северна Македонија влегува на мапата земји кои имаат капацитет и услови за сериозно големи висококвалитетни инвестиции од кои има директен бенефит за граѓаните и државата. Тој додаде дека ова се должи на новиот концепт на ТИРЗ кој се базира на препознавање на потребите на инвеститорите и флексибилниот пристап. Исто така нагласи дека клучен адут во привлекувањето на странски инвестиции во контекст на глобалните случувања е стабилноста гарантирана со членството во НАТО.

На состанокот потпретседателот на „Гересхајмер“, Бургел истакна дека Северна Македонија има одлична клима за водење бизнис. Пристапот до квалитетна инфраструктура, соодветна квалификувана работна сила и добрите пракси на работење биле клучни за одлуката за оваа голема инвестиција, нагласија од менаџментот на компанијата „Гересхајмер“.

Во новата фабрика на фармацевтскиот гигант „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и сл. Планирано е отворање на над 180 нови работни места со просечна плата двојно над државниот просек. Почетокот на градбата се планира во третиот квартал од 2022 година, додека сериското производство треба да започне во 2024 година.

„Гересхајмер“ во ТИРЗ 2  веќе го реализира првиот проект за производство на технолошки продукти за фармацевтската индустрија. Првичната инвестиција од 25 милиони е веќе зголемена на над 60 милиони евра.

Со успешната реализација на двата проекти на „Гересхајмер“, Северна Македонија ќе прерасне во една од најатрактивните инвестициски дестинации на компанијата за сите идни планови за проширување на активностите во Европа.

„Гересхајмер“ е  водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика, како шприцеви, канили, шишенца за вакцини и сл. Оваа компанија има погони за производство во над 36 локации во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија со околу 10.000 вработени и остварува приходи од приближно 1,4 милијарди евра.

македонија1 ден ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија2 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост