Connect with us

технологии / компании

Нова аквизиција на македонскиот ИТ пазар: Синами ја презема Еконет

објавено

на

Компанијата „Еконет“ е еден од ИТ пионерите на македонскиот пазар основана во 1999 година, која се позиционираше како прв и единствен овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и Косово. „Синами“ е софтверска компанија која делуваше речиси 20 години во рамките на „Сеавус“, а по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката групација АРИКОМА, компанијата се издвои како нов, самостоен бренд.

Од април 2021 година, македонскиот ИТ пионер „Еконет“ преминува во сопствеништво на реномираната ИТ компанија „Синами“, која веќе 20 години делува на домашниот, но и на меѓународните пазари. Аквизицијата доаѓа по најавите на „Синами“ за нејзин раст и проширување, како по бројот на вработени, така и за развој на нови напредни софтверски решенија и продукти.

Зад двете компании стои искусен тим од ИТ професионалци, а од „Синами“ и „Еконет“ велат дека спојувањето отвора нови можности и перспективи за освојување нови меѓународни пазари, особено имајќи го предвид исклучително големиот потенцијал кој индустријата го нуди.

„Проширувањето на „Синами“ кој од неодамна функционира како самостоен бренд е само логична последица на нашата бизнис стратегија за раст на компанијата. Имаме навистина огромен потенцијал и верувам дека овој чекор само дополнително ќе придонесе за исполнување на нашата амбициозна визија за развој. Располагаме со силни човечки ресурси, односно добро подготвен и мотивиран кадар со повеќедецениско искуство на кој сега му се придружува и нов тим од висококвалификувани ИТ професионалци, па сигурен сум дека со овој состав ќе го одржиме растот кој веќе го имаме во Европа и Северна Америка, но и ќе продолжиме со освојувањето нови пазари.“, истакна Бојан Тасевски, извршен директор на „Синами“.

Компанијата „Еконет“, инаку, е еден од ИТ пионерите на македонскиот пазар основана во 1999 година, која се позиционираше како прв и единствен овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и Косово, а потпирајќи се на своето искуство во дистрибуцијата на софистицирана ИТ опрема, подоцна стана овластен дистрибутер и за уште еден светски бренд – Microsoft. Следењето на глобалните трендови во ИТ индустријата, навремената дистрибуција на најсовремените ИТ продукти, како и искуството во обезбедување консултантски услуги за дизајнирање и имплементација на технички решенија за голем број компании, беа главен мотив за „Еконет“ во 2016 година и самата да стане компанија за развој на нови софтверски решенија и услуги.

„Еконет е една од првите домашни ИТ компании со традиција подолга од 20 години. Спојувањето со реномираната компанија „Синами“ е продолжување на нашата успешна приказна, но и нов почеток кој ни отвора можност за уште поуспешно делување во ИТ секторот. Повеќедецениското искуство кое го носат нашите кадри ќе обезбеди дополнителна вредност за тимот на „Синами“ во справување со динамичното темпо на работа, а со примена на нашите вештини, сигурен сум дека ќе придонесеме и во континуираниот развој на нови, напредни производи. Навистина сме среќни што се придружуваме на искусен тим кој постигнува исклучителни резултати и на меѓународниот пазар и веруваме дека заедно ќе се позиционираме уште подобро и ќе постигнеме уште повеќе.“, изјави Иво Лазаревиќ од „Еконет“.

Инаку, „Синами“ е софтверска компанија која делуваше речиси 20 години во рамките на „Сеавус“, а по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката групација АРИКОМА, компанијата се издвои како нов, самостоен бренд. Во клиентите на „Синами“ денес се вбројуваат дури 70% од најуспешните Fortune 500 компании, како Airbus, Rolls Royce, McLaren, SAP, Tesla и слични профили на клиенти од различни индустрии со просечен број од 40.000 вработени.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 часа ago

Ковачевски: Работиме на тоа да нема поскапување на струјата, дури, во некои сегменти да има и поевтинување

македонија1 ден ago

Еко Логистик Сервис одбележа пет години работа на македонскиот пазар

македонија1 ден ago

“Година на нови можности“ – почна дводневната конференција во организација на Владата

економија1 ден ago

БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

економија4 дена ago

ИТ компанијата Proxiad SEE отвори нова канцеларија во Скопје

свет4 дена ago

Франција и Шпанија се најпосетените светски дестинации

македонија4 дена ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Теорија, пракса и понекое пророштво

свет4 дена ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

македонија4 дена ago

5 причини зошто становите во градба се одлична инвестиција

македонија1 недела ago

Европски квиз на пари по петти пат за македонските ученици

македонија4 дена ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

свет4 дена ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

македонија7 дена ago

Во првите 9 месеци од 2022, со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 17.3 милијарди денари, со раст од 20%

економија1 недела ago

Започна со работа реконструираната течна фарбара во БРАКО во Велес – инвестиција од 150 илјади евра

свет4 дена ago

Франција и Шпанија се најпосетените светски дестинации

интервју4 дена ago

Славица Кутиров: Со примена на новите сервиси и напредни технологии, дигиталната Царина станува реалност

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Теорија, пракса и понекое пророштво

регион4 дена ago

Во Хрватска пристигнуваат три светски хотелски брендови во исто време

технологии / компании4 дена ago

Амазон е највреден бренд на планетава, Дојче Телеком прв во  Европа