Connect with us

македонија

Нова поволност за клиентите на Триглав каско осигурување – бесплатно електрично заменско возило

објавено

на

Триглав Осигурување, во соработка со Avant Car, воведе нова поволност за клиентите на каско осигурување – бесплатно користење на електрично заменско возило во период од 48 часа, додека нивното возило е на сервис.

Триглав Осигурување започна соработка со Avant Car Macedonia, меѓународно етаблиран бренд за мобилност по светски стандарди, со цел да обезбеди уште една корисна придобивка за своите клиенти, бесплатно користење на електрично заменско возило, што ќе придонесе да функционираат непречено и во вонредни услови, кога своето возило треба да го остават на сервис.

Детали за промоцијата. Поволноста можат да ја користат сите клиенти, кои ќе склучат, или ќе го обноват своето Триглав каско осигурување во промотивниот период од 05/05/2022 – 30/09/2022 година. Заменското електрично возило клиентите ќе можат да го користат по пријава на штета по каско осигурување, бесплатно во времетраење од 48 часа, а возилото ќе им биде доставено од страна на Avant Car во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има договор за соработка и каде што ќе биде задржано нивното возило на поправка. Клиентот, пред да го остави возилото на сервис, единствено треба да го контактира Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222, кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично возило за клиентот.

Доколку навистина сакаме да обезбедиме исклучително корисничко искуство, што е наша стратешка амбиција, мораме да пружиме врвна услуга, квалитетен производ и унифицирано искуство на нашите клиенти со компанијата. Сакаме да бидеме нивен партнер, кој им помага тогаш кога им е тоа потребно, финансиски, но и со услуги, кои ќе им понудат решение и олеснување во дадениот момент, и ќе им помогнат да ги пребродат сите предизвици. Токму таква услуга е бесплатното користење на електрично заменско возило, кое што го обезбедуваме за нашите каско клиенти, со цел да им помогнеме животот да продолжи да им се одвива непречено, без оглед на околностите. Одбравме тоа да го правиме совесно, користејќи единствено електрични возила, бидејќи одржливоста во работењето и високата еколошка свест и одговорност кон средината во која што работиме и живееме се уште една стратешка амбиција, која што ни е исклучително важна. Целта ни беше да понудиме квалитетна поддршка за нашите клиенти, имајќи ја притоа предвид заштитата на нашата средина и убеден сум дека успеавме во тоа, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Oсигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Повеќе детали за промоцијата можат да се најдат на овој линк.

Комерцијален ПР текст

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност