Connect with us

македонија

Новиот македонски Swatch отчукува во 7/8 такт

објавено

на

Новиот локализиран часовник од швајцарскиот производител именуван „Swatch во 7/8“ ќе се произведе според решението на младиот македонски дизајнер Андреј Павлов – „Такт, ритам, време“.

Конечно дојде и тој момент, го имаме дизајнот на новиот македонски Swatch во 7/8 такт. По инспиративниот процес на селекција на навистина огромниот број и навистина инспиративни креативни решенија за изработка на новиот  локализиран часовник,  жирито составено од тимот на „Божиновски часовници и накит“ заедно со  Крсте Роџевски, Влатко Стефановски, Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Славимир Стојановиќ – Футро и Михаил Корубин, одлучи првонаградено да биде решението на Андреј Павлов насловен „Такт, ритам, време“. А, поради огромниот број на креативни решенија кои ни пристигнаа одлучивме да доделиме и дополнителни награди за тројца финалисти. Дополните награди одлучивме да ги доделиме на авторите: Марија Смилевска, Сандра Котевска  и Марина Трајковска.

Кога го распишавме повикот за новиот македонски Swatch во 7/8 , потајно се надевавме на емотивно, а истовремено  “out of the box” решение, излегувајќи од се она што на „прва“ оваа тема разбудува во нашите мисли.

7/8 е ритам не е инструмент,

7/8 е ритам кој можеби се слуша со уво, но се доживува со други сетила, се доживува како емоција, еуфорија и страст,

7/8 не е Византија, не е среден век, не е наша историја, туку е наша иднина, 

Победничкиот дизајн н’е’ погоди во срце.

Ако големиот маестро Трпчевски може овој македонски ритам да го фузира со Брамс, и со својот оркестар да ја потресе Европа и светот преку проектот Македонисимо,

Ако еден од најголемите гитаристи Влатко Стефановски, на својата гитара речиси визуелно му го доближи на секој Македонец и Балканец 7/8скиот ритам преку едноставна секвенца „ јен-два-три, јен-два, јен-два„

Ако Милчо Манчевски во своето ремек дело „Пред дождот“ емоциите ги исцртува со македонскиот ритам, а нашиот сограѓанин Крсте Роџевски со својот андроген глас ја возбудува селективната и деликатна публика по целиот свет никогаш не заборавајќи ја основата и коренот на македонскиот мелос и ритам,  тогаш ние се чувствуваме одговорни и повикани на свој начин и во својата област да ги споиме историјата, традицијата, иновативноста и иднината, и на свој оригинален начин да го запечатиме постоењето и важноста на овој автохтон ритам , толку важен за нас Македонците.

Младиот дизјнер Андреј, во наизглед едноставен дизајн, спојува многу емоции преку разиграните раце кои асоцираат на љубовно прегрнување, а самото прегрнување, секогаш предизвикува промена на срцевиот ритам кое понекогаш е проследено и со прескокнување на некое отчукување- аритмија, љубовна аритмија. Зарем тоа не е и 7/8скиот ритам?

Тимот на Божиновски неизмерно им се заблагодарува на сите учесници на повикот и за тоа што со нивната креативност направи изборот да биде навистина предизвик.

За да прочитате повеќе за победникот кликнете на линкот:

https://bit.ly/3XvOFc6

Комерцијален ПР текст

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор