Connect with us

економија

Новите европски „јаглеродни давачки“ може да предизвикаат социјални немири

Климатските политики на ЕУ врз грбот на земјоделците и ранливите категории

објавено

на

Системот за тргување со емисии (ETS) како главна алатка за борба против климатските промени, за некоја година ќе ги опфати и патниот транспорт и греењето, што ќе ги погоди во голема мера и онака погодените од инфлација домаќинства.

Европската унија е изложена на ризик од широко распространета реакција против нејзината климатска агенда, освен ако политичарите не направат повеќе за да ги ублажат ефектите од порастот на цените врз домаќинствата со ниски приходи, смета  шефот на германската агенција за животна средина, Дирк Меснер.

Земјоделците во многу земји од ЕУ веќе излегоа на улиците протестирајќи против климатските и зелените политики кои го загрозуваат нивниот опстанок, а сѐ поголем број луѓе исто така согледуваат дека климатските политики само ќе го осиромашат уште повеќе населението веќе осиромашено од инфлацијата и цените.

Сепак, Европската унија како да не се грижи околу тоа, па најавува и нови давачки за „јаглерод“ и го наведува Системот за тргување со емисии (ETS) како главна алатка за борба против климатските промени. А тоа е систем кој им овозможува на загадувачите да продолжат да загадуваат, но само ако плаќаат. Поради тоа, ЕУ смета дека е неопходно да се зголемат цените на јаглеродот на глобално ниво и велат дека зголемувањето на цените на јаглеродот е најисплатлив начин за намалување на емисиите во потребниот обем и со потребната брзина.

Јаглеродните давачки ќе се вградат и во патниот транспорт и греењето

Тековната (четврта) фаза на ETS трае од 2021 до 2030 година, а ЕУ постави нова, зголемена цел за овој период за намалување на емисиите на стакленички гасови за 62 проценти во споредба со нивоата од 2005 година. Во моментов, системот се применува на електрани, широк опсег на енергетски интензивни индустриски сектори, летови во ЕУ и Европската економска област (ЕЕА) и летови во Швајцарија и Велика Британија, како и поморски сообраќај.

Но, се чини дека тоа не е доволно, па од 2027 година ќе се додадат цените на јаглеродот, односно системот ќе важи и за патниот транспорт и греењето, што драстично ќе ја зголеми цената на парното,  како и класичните горива,  дизелот и бензинот. И токму тоа го загрижува првиот човек на германската Агенција за животна средина, Меснер, како и многу други кои први ќе го почувствуваат тоа зголемување на цените што удира по домаќинствата.

Патем, цените на јаглеродот во ЕУ ЕТС значително се зголемија минатата година. Во март 2023 година цената беше околу 80 евра за тон јаглерод диоксид, а тоа е најдобрата година кога се зборува за цената на јаглеродот. Во моментов цените паѓаат, па од почетокот на годинава цените паднаа за 30 отсто, а сега цената на јаглеродот е околу 25 евра за тон. Сепак, аналитичарите веруваат дека цените само ќе се зголемуваат во иднина.

Треба да се додаде дека цените на јаглеродот се имплементираат во сѐ повеќе земји во светот и дека според Светска банка, во 2023 година, 68 земји и 27 суб -национални јурисдикции имале некаква цена на јаглеродот.

Оние кои се залагаат за таков систем велат дека предноста на цените на јаглеродот е тоа што ги поттикнува компаниите да ги намалат емисиите, иако таа изјава е дискутабилна. Затоа што, да речеме, зошто една компанија би го намалила загадувањето ако може да плаќа и да продолжи како досега. И како што сега стојат работите, токму тоа се случува најчесто.

Што се однесува до недостигот, тргувањето со цените на јаглеродот и неговото додавање во греењето и патниот транспорт секако ќе доведе до поскапување кое, како што велат бирократите на ЕУ, ќе падне на грбот на граѓаните, но сето тоа заради климата, велат тие.  А дали и населението на ЕУ ќе биде за климата преку нивните плеќи, ќе видиме допрва, но веројатно не. Друг негативен аспект, како што наведуваат, дури и во самата Унија, е дека таквиот систем на цени на јаглеродот ќе биде неправеден кон сиромашните и маргинализираните групи. Тоа значи дека и самите се свесни дека ќе осиромашат добар дел од населението, но очигледно тоа не е голема грижа на европските бирократи.

Земјоделците во многу земји од ЕУ веќе излегоа на улиците протестирајќи против климатските и зелените политики кои го загрозуваат нивниот опстанок, а сѐ поголем број луѓе исто така согледуваат дека климатските политики само ќе го осиромашат уште повеќе населението веќе осиромашено од инфлацијата и цените.

Климатска дивиденда

Поради можното осиромашување на населението, Германската агенција за животна средина (UBA) предлага приходите од системот за цени на јаглеродот да се искористат за да се исплати таканаречената климатска дивиденда на ранливите потрошувачи за да се ублажи влијанието на транзицијата. Германската трипартитна коалиција под водство на канцеларот Олаф Шолц вети дека ќе воведе таква климатска дивиденда, но предлогот беше дочекан со скептицизам поради буџетската криза во земјата. Министерот за финансии Кристијан Линднер претходно оваа година го отфрли воведувањето на мерката во овој законодавен мандат, а портпаролот на Шолц додаде дека таа може да се одложи до 2027 година. Меснер смета дека тоа не е добро и дека „веќе сме под временски притисок“.

Ако новиот систем на цени започне без заштита на потрошувачите, веројатно ќе има јавна реакција, како што беше кога земјата воведе контроверзна забрана за котли на фосилни горива, која мораше повторно да ја ублажи минатата година.

Иако компаниите плаќаат такси за јаглерод за загадување, трошоците на крајот се на товар на потрошувачите. Германија, најголемата европска економија, веќе почна да ги одредува цените на горивата за греење и патен транспорт на 45 евра за тон. Ова догодина треба да се зголеми на 55 евра.

македонија14 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци