Connect with us

банки

Нови банки вклучени во државната гарантна шема преку Развојна банка

објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија до денес има издадено портфолио гаранции кон Стопанска банка АД Битола, УНИ банка АД Скопје, Централна Кооперативна банка АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Прокредит банка АД Скопје. Овие осум банки на своите клиенти можат да им понудат дополнителен колатерал обезбеден преку гаранцијата од Гарантниот фонд.

Осум вкупно банки досега се вклучија во државната гарантна шема со потпишување на договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив.

Со портфолио гаранција, банка или штедилница, може да обезбеди кредити одобрени на микро, мали и средни фирми во доминантна приватна сопственост. Кредитите може да бидат за основни или обртни средства, со рок на отплата до осум години за основни средства и до три години за обртни средства.

Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50% од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства може да биде до 80% од износот на главницата на кредитот. Кредитите кои може да бидат ставени под портфолио гаранција треба да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари.

Развојна банка на Северна Македонија до денес има издадено портфолио гаранции кон Стопанска банка АД Битола, УНИ банка АД Скопје, Централна Кооперативна банка АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Прокредит банка АД Скопје. Овие осум банки на своите клиенти можат да им понудат дополнителен колатерал обезбеден преку гаранцијата од Гарантниот фонд.

Листата на банки и штедилници кои се дел од гарантната шема, се очекува да се шири и понатаму.

Гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија, заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата. Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија, во рамките на истата, се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица.

Преку Гарантниот фонд се реализираат два производи: (1) портфолио гаранции кон банки и штедилници, за поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни трговци и (2) индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз, за кои големите компании може да се обратат директно до Развојна банка на Северна Македонија.

Банките кои се вклучени во кредитно-гарантната шема се објавени на веб страницата на РБСМ, Производи – Гаранции – Портфолио гаранции.

македонија2 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија3 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија4 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија4 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки4 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија4 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост