Connect with us

економија

Нови бескаматни кредити преку Развојната банка за компании погодени од кризата

објавено

на

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 3.000.000 денари. Кредитот ќе има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.

Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза од 11 мај 2022  година ќе можат да аплицираат за средства од новата бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса.

Во услови на светска енергетска и економска криза, Владата донесе сет на економски мерки за намалување на последиците од истата, со цел заштита на стандардот на граѓаните и одржување на економската стабилност. Една од мерките кои се реализираат преку Развојна банка на Северна Македонија е воспоставувањето на новата бескаматна кредитна линија наменета за поддршка на компании погодени од енергетската и економската криза. 

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик.


Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 3.000.000 денари. Кредитот ќе има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци. Грејс периодот и во двата случаи е до 6 месеци.

Субјектите кои користеле кредит од ,,Ковид 3” и ,,Ковид 4”, нема да можат да ја користат кредитната линија за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза. Субјектите кои користеле кредит од „Ковид 1“ и/или „Ковид 2“ и немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари на денот на аплицирање (11 мај 2022), ќе можат да ја користат оваа бескаматна кредитна линија.

Јавниот повик е објавен денеска, 05.05.2022 година и ќе трае 15 дена сметано од 11 мај 2022 година од 09:00 часот до 26 мај 2022 година до 09:00 часот. Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата eekriza@mbdp.com.mk.

Повеќе информации за јавниот повик на веб страницата на банката.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија