Connect with us

економија

Нови 10 милиони евра бескаматни кредити за компаниите

Кредитна линија Ковид – 4

објавено

на

Со оваа линија ќе бидат поддржани микро, мали и средни трговски друштва од најпогодените сектори од КОВИД-19, од таргетираните дејности во делот на кредитокорисниците, занаетчиите кои плаќаат давачки на реален приход, трговските поединци и приватните здравствени установи. Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра,  роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период.

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и извршниот директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов деновиве  ја промовираа новата, бескаматна кредитна линија Ковид 4, за која компаниите ќе може да аплицираат од 15-ти јули.

Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на прес конференцијата, потсети дека Владата досега има донесено шест сета мерки, со вкупна проектирана вредност од околу 1,1 милијарди евра, како директна помош за справување со последиците од корона кризата. Во рамките на тие мерки, беа спроведени и трите бескаматни кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија,  со кои се обезбедија ликвидни средства во вкупен износ од над 44 милиони евра, при што беа поддржани над 4 илјади компании кои вработуваат околу 37 илјади лица.

„Ковид 4 бескаматната кредитната линија, која денес ја промовираме, изнесува 615 милиони денари или околу 10 милиони евра, и со оваа линија ќе бидат поддржани микро, мали и средни трговски друштва од најпогодените сектори од КОВИД-19, од таргетираните дејности во делот на кредитокорисниците, занаетчиите кои плаќаат давачки на реален приход, трговските поединци и приватните здравствени установи. Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра,  роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период. Би сакал да укажам дека во оваа кредитна линија е овозможена  и грант компонента до 50% од висината на кредитот, доколку корисниците ги исполнат потребните условите, а тоа е во 2021 да имат 5% повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 да се зголемени за 10% во однос на 2020 година или може да добијат грантови од 20% или 30% доколку е остварен еден од условите“, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот соопшти дека во изминататa година и четири месеци, Владата вложи навистина сериозни напори, за да ги поддржи и да помогне на граѓаните и на стопанството, особено на оние најпогодените, со цел да го амортизира влијанието на пандемијата и да овозможи услови за што поскоро и побрзо закрепнување на домашната економија од последиците од глобалната криза. Воочуваме постепено и стабилно подобрување на економската состојба што се отсликува преку повеќе макро економски индикатори, вели тој.

„Повеќе статистички параметри кои укажуваат дека економијата оди во нагорна линија. Во последните три месеци, бележиме раст на индексот на индустриско производство и тоа во март за 7,6%, во април дури за 46,1% и во мај за 16,5% во однос на соодветните месеци во 2020 година. Меѓународната трговска размена бележи сериозен раст од 41,5%, во првите 5 месеци од 2021 година во споредба со истиот период лани, извозот расте со стапка од 44,3%, а покриеноста на увозот со извоз во овој период е 73,7%. Според податоците од Државниот завод за статистика, вкупниот број на вработени изнесува 793.121 лица, додека стапката на невработеност е стабилна и изнесува 16%. Просечната нето плата во април 2021 година изнесува 28.438 денари, што претставува раст од 10,1% во однос на април 2020 година и веќе сериозно се доближуваме до просечна плата од 500 евра“, презентираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. 

План за финансирање на забрзан раст

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочи дека годинава ќе биде година на заздравувањето, по што Македонија ќе се стреми кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда.

„Приоритетите кон кои е насочена Владата и Министерството за финансии е постигнување повисоки стапки на економски раст од 4% до 5% годишно, како и раст на платите за 20% до 30% на среден рок со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Кон ова ќе целиме преку спроведување фискална политика на среден рок, која ќе биде насочена кон инвестиции, заздравување и одржлив раст и фискална консолидација. Од аспект на зголемување на инвестициите, во Министерството за финансии во финална фаза е Планот за финансирање  на забрзан раст, кој има за цел да мобилизира дополнителен капитал и  ги мултиплицира средствата за инвестиции преку ангажирање на приватен капитал. На тој начин побрзо ќе се постигне планираната развојна агенда ќе  се задржи фискалната консолидација на јавниот долг и буџетскиот дефицит на среден рок и  ќе се зголемат инвестициите во јавниот сектор и поддршката на инвестициите во приватниот сектор“, нагласи Бесими.

Министерот подвлече дека значајна ликвидносна поддршка за заздравување од ефектите од КОВИД-19 пандемијата за компаниите се исто така и 100-те милиони евра поволни средства од Европската инвестициска банка за кои веќе е потпишан договор.

„Средствата се наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства, а каматните стапки исклучително ниски. Еден од инструментите во Планот за финансирање на забрзан рат е и Гарантниот фонд преку кој ќе се спроведе државната гарантна шема. Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30% во вкупните остварени приходи“,  рече Бесими.

Критериуми за Ковид 4

Директорот на Развојната банка Кире Наумов детално го презентираше јавниот повик и критериумите за компаниите во него при што посочи дека аплицирањето за оваа четврта бескаматна кредитна линија започнува на 15-ти јули од 09:00 часот.

„Со објавата на повикот за Ковид 4  се стават на располагање уште 10 милиони евра за приватните субјекти кои во 2020 година имале најмалку 30% пад на приходите. За кредит од Ковид 4 може да аплицираат субјекти кои не користеле средства од првата мерка од петтиот економски сет, односно мерката за финансиска поддршка за плати за февруари и март на Управата за јавни приходи, субјекти кои не користеле кредит од Ковид 3 од Развојна банка и субјекти кои користеле кредит од  Ковид 1 и/или Ковид 2, но немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање“, презентираше Наумов.

Тој додаде дека документите кои се потребни да бидат поднесени при аплицирање се во голема мера идентични со претходните бескаматни кредитни линии, а задолжителните документи вклучуваат кредитно барање, ЗП образец и изјави кои може да се симнат од веб страницата на банката каде што е објавен и Јавниот повик.

Бескаматни кредити и за радијата и телевизиите

Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.

Од 8 јули, од 09:00 часот започнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија за трговски радиодифузни друштва. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 1 јули 2021 година, а ќе трае 30 дена.  Трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс- период до 12 месеци и рок на отплата до 48 месеци, за тековни средства и ликвидност.
Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.
Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50% од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири. Принципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде ,,прв дојден, прв услужен”.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка