Connect with us

економија

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка преку македонската Развојна банка

објавено

на

Овие средства ќе бидат достапни под поповолни услови како непосредна поддршка на малите и средни претпријатија.

За помош за побрзо закрепнување од пандемијата КОВИД-19, Европската инвестициона банка (ЕИБ) обезбеди 100 милиони евра на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ). Овие средства ќе бидат достапни под поповолни услови како непосредна поддршка на малите и средни претпријатија. Поддршката е дел од иницијативата Тим Европа и финансискиот пакет на ЕИБ за поддршка на обновувањето по КОВИД-19 на Западен Балкан.

Шемата ги поддржува малите бизниси во Северна Македонија, коишто работат во трудоинтензивни сектори, како производство и услуги, побрзо да се опорават од кризата со КОВИД-19. Операцијата обезбедува нови извори на поприфатливо финансирање, како за обртни средства, така и за подолгорочни инвестиции, со подолги рочности и пониски каматни стапки. Заемот на ЕИБ ќе им помогне на МСП да го одржуваат континуитетот на деловната активност и да ги одржуваат работните места, истовремено зголемувајќи ја продуктивноста и проширувајќи ги нивните активности. Овој заем е дел од финансискиот пакет од 1,7 милијарди евра усвоен од ЕИБ во мај 2020 година за да се помогне во социоекономското закрепнување на регионот во рамките на иницијативата Тим Европа.

Лилјана Павлова, потпретседателката на ЕИБ, одговорна за Западен Балкан, изјави: „ЕИБ е горда што може да ја обезбеди оваа суштинска поддршка за закрепнување на малите бизниси во Република Северна Македонија, како главен финансиер и долгогодишен партнер за земјата и за РБСМ. Нашата плодна соработка е зајакната со посетата на премиерот Заев и министерот за финансии Бесими на седиштето на ЕИБ годинава. Овој заем ги тестира нашите напори да помогнеме во транзицијата на земјата кон посилна, поконкурентна и одржлива економија, добро интегрирана во регионалните и пазарите на ЕУ. Уверени сме дека дополнително ќе ја зајакнеме нашата инвестициска поддршка за Северна Македонија“.

Извршниот директор на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов изјави: Задоволство ми е да констатирам дека соработката помеѓу ЕИБ и Развојната банка е стратешка и успешна. Во последните 13 години, имплементиравме пет и го воведуваме шестиот договор за финансирање, обезбедувајќи 550 милиони евра за економски развој во Северна Македонија. Во периодот пред нас, фокусиран на економско закрепнување и побрз економски раст, од суштинско значење е да се искористи потенцијалот на компаниите за раст, развој и приспособување. За да го направиме тоа, потребно е силно партнерство меѓу компаниите и финансиските институции. Како развојна банка, ќе продолжиме внимателно да ги следиме потребите на приватниот сектор и ќе се стремиме да обезбедиме портфолио на производи и услуги што ќе ја засилат искористеноста на целосниот потенцијал на компаниите. Така, со овие 100 милиони евра, очекуваме да обезбедиме финансиска поддршка за најмалку 300 проекти на домашни МСП.

Министерот за финансии на Северна Македонија, Фатмир Бесими, изјави: „Денес потпишавме исклучително значајни договори со Европската инвестициона банка, коишто обезбедуваат поволна кредитна линија во вредност од 100 милиони евра наменети за мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија или значителна поддршка за ликвидност насочена кон закрепнување од ефектите на пандемијата со КОВИД-19. Што се однесува до нашата економија, овие средства значат создавање работни места, нови инвестиции и, соодветно на тоа, зголемена економска активност и забрзан економски раст. Како Влада, ние сме посветени на продолжување на фискалниот стимул за економијата, сè додека таа не се врати на здрава основа. Претходните кредитни линии на ЕИБ, достапни преку Развојната банка, дадоа навистина добри резултати. Петте кредитни линии во износ од 450 милиони евра се целосно распоредени, поддржувајќи 2.090 проекти на компании од областа на производството, услугите, градежништвото, трговијата, хотелите и рестораните, транспортот, здравството и образованието. Околу 75 % од средствата се искористени за инвестиции, со создадени повеќе од 8 илјади работни места.“

Шефот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, изјави: “Преку широк спектар на пакети за закрепнување и мерки за олеснување, ЕУ продолжува да обезбедува поддршка за малите и средни претпријатија кои сè уште се соочуваат со многу предизвици поради пандемијата Ковид-19. Оваа дополнителна инвестиција од 100 МЕУР, која што доаѓа веднаш по спроведувањето на програмата ЕУ за Издржливост во вредност од МЕУР 40 и Макро-финансиската поддршка во вредност од МЕУР 160, ќе обезбеди дополнителна ликвидност и структурна поддршка за приватните компании. Малите и средни претпријатија ќе придонесат за зајакнување на економското закрепнување и ќе овозможат подобро да градиме заедно.„

Основни информации

За ЕИБ:

Европската инвестициона банка (ЕИБ) е институција за долгорочно кредитирање на Европската Унија во сопственост на нејзините земји-членки. Таа овозможува долгорочно финансирање за здрави инвестиции со цел да се придонесе кон целите на политиките на ЕУ. www.eib.org

За ЕИБ во Северна Македонија:

Банката на ЕУ е активна во Северна Македонија од 1977 година. До денес, таа инвестираше една милијарда евра, претежно во мали и средни претпријатија и секторот за транспорт. За повеќе информации во врска со проектите на ЕИБ во Северна Македонија, погледнете на: https://www.eib.org/en/projects/regions/enlargement/the-western-balkans/north-macedonia/index.htm

За ЕИБ во Западен Балкан:

ЕИБ е еден од водечките меѓународни финансиери во Западен Балкан. Од 2009 година, банката има финансирано проекти во вкупна вредност од преку 8,6 милијарди евра во регионот. За детални информации за активностите на ЕИБ во Западен Балкан, посетете ја следнава веб-страница: www.eib.org/en/publications/the-eib-in-the-western-balkans

За Тим Европа и реакциите на КОВИД-19 во Западен Балкан

Како дел од стратегијата на #TeamEurope, глобалната реакција на ЕУ на КОВИД-19, групацијата ЕИБ брзо мобилизираше 5,2 милијарди евра надвор од ЕУ, забрзувајќи ги финансирањето и таргетираната техничка помош. Конкретно за земјите од Западен Балкан, ЕИБ подготви пакет за итна поддршка од 1,7 милијарди евра, примарно за малите и средните претпријатија и здравствениот сектор. Вкупниот пакет за финансиска поддршка од ЕУ за Западен Балкан изнесува повеќе од 3,3 милијарди евра. За повеќе информации: https://www.eib.org/en/press/all/2020-111-eib-group-to-contribute-eur1-7-billion-to-the-eu-s-covid-19-response-package-for-the-western-balkans

банки17 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија17 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија20 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион21 час ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија3 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки4 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

свет6 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија6 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

економија7 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија1 недела ago

Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%

свет6 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија3 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

економија7 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија6 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

банки4 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

регион21 час ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија17 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија20 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

банки17 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“