Connect with us

технологии / компании

Новоселов и тимот пронајдоа невиден потенцијал во две соединенија на елементот рениум

Руско-британскиот нобеловец со ново големо откритие

објавено

на

Нобеловецот Константин Новоселов кој учествуваше во создавањето на графенот заедно со Андре Гејм, направи уште едно откритие што може да инспирира бројни футуристички примени, од паметни контактни леќи до брзо откривање на сериозни болести.

Нобеловецот кој учествуваше во создавањето на графенот, направи уште едно откритие што може да инспирира бројни футуристички примени, од паметни контактни леќи до брзо откривање на сериозни болести.

Константин Новоселов, кој заедно со Андре Гејм ја доби Нобеловата награда за физика во 2010 година за откривањето на графенот, е еден од групата научници зад ова откритие. Истражувачкиот тим кој работи на проектот неодамна објави дека откриле уникатни својства во две необични соединенија: рениум диселенид и рениум дисулфид, попознати како ReSe2 и ReS2.

Станува збор за дуо што потекнува од истото семејство на 2D структури како и графенот – најтенок, најцврст и термички најспроводлив материјал за кој е познато дека постои. ReSe2 и ReS2 исто така имаат посебни атрибути. Двете соединенија можат да создадат нова форма на манипулација со светлина, која има огромен технолошки потенцијал.

Како и многу научни откритија, овие својства биле откриени случајно. Научниците работеле со стартапот Xpance на следната генерација на компјутерски интерфејси: паметни контактни леќи кои создаваат бесконечна проширена реалност.

За да се исполни оваа голема амбиција, на леќите ќе им требаат извонредни оптички перформанси. Во Xpanceo се сомневал дека ReS2 и ReSe2 може да ја обезбедат основната моќ, а потоа ја тестирале хипотезата во лабораторија во Дубаи. Откриле дека материјалот е помоќен отколку што очекувале.

Нов начин за паметни уреди и апликации за управување со светлината

Новоселов ги опиша лабораториските наоди како „револуционерни“.

„Нашиот тим направи возбудливо откритие. Оптичките оски во овие материјали може да се поместуваат во различни насоки, дури и да се ротираат за повеќе од 90 степени за одредени компоненти. Тоа значи дека со прилагодување на брановата должина, можеме да ја смениме насоката на светлината. Ова откритие има значителен потенцијал за различни индустрии и апликации, како што се медицината, вештачката интелигенција и AR“,  изјави Новоселов за The Next Web.

Студискиот труд за истражувањето неодамна беше објавен во списанието Nature Communications, но амбициозниот стартап  веќе планира комерцијални апликации на новооткриените соединенија.

Имено, ReSe2 и ReS2 нудат нов начин за паметни уреди и апликации за управување со светлината. За Xpance, ова дефинитивно го отвора патот за спојување на секој гаџет во едно неограничено видно поле – така што со инкорпорирање на двата материјали во паметните контактни леќи, овој стартап може (или барем планира) да ја зголеми човечката перцепција за боите.

Оптичката надградба може да подобри и различни апликации, од XR до следење на здравјето со помош на апликации. И тоа е само почеток.

Можности за рано дијагностицирање на болести

Xpanceo сака да ги користи новите материјали за напојување на биохемиски сензори кои, меѓу другото, би можеле да овозможат побрзо и поевтино тестирање на крвта.

Таквите сензори користат техника наречена Раманова спектроскопија, која користи ласери за да ги анализира хемиските структури. Инаку, тоа е пристап кој изгледа ветувачки за рано дијагностицирање на болеста, но е и многу скап и технички сложен.

Со овозможување на нова форма на интеракција светлина-материја, ReS2 и ReSe2 би можеле да ги намалат овие трошоци и да ја подобрат ефикасноста.

„Се очекува значително да се намалат трошоците поврзани со болничката опрема за тестирање на крвта, која во моментов е прилично скапа. Ова исто така ќе овозможи откривање на опасни болести и вируси, како што се ракот или КОВИД, во раните фази“, вели Валентин Волков, украински научник, ко-основач на Xpance.

Друга потенцијална примена на новите материјали може да се покаже плодна во светот на компјутерите и вештачката интелигенција. Истражувачите предвидуваат дека ReS2 и ReSe2 би можеле да се користат во фотонски кола кои ќе создадат брзи и моќни компјутери за машинско учење. Сепак, заклучуваат од Xpance, треба уште многу работа за да се претвори таа визија во реалност, но иднината веќе изгледа посветла за носителите на контактни леќи.

технологии / компании1 ден ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика1 ден ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион1 ден ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија1 ден ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија1 ден ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија1 ден ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија1 ден ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки1 ден ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија1 ден ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија1 ден ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија4 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија5 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија3 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки1 ден ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија1 ден ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

регион1 ден ago

Европа ќе ја обновува природата со закон, земјоделците бесни