Connect with us

македонија

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

објавено

на

Скопје на 10 мај беше центарот каде на едно место се собраа голем број на професионалци за недвижности од земјава и странство со цел да ги разменат своите знаења, искуства и успешни приказни од областа на индустријата за недвижности.

Причина за овој собир беше првата Конференција за недвижности во земјава, на која златен спонзор беше „Гранд Скопје“.

Конференцијата создаде одлична можност за вмрежување и разговор на актуелни теми кои ја засегаат индустријата за недвижности, како најновите трендови, перспективи и предизвици со кои таа се соочува, а едни од клучните говорници беа токму претставниците на „Гранд Скопје“.

Станбено – деловниот комплекс „Гранд Скопје“ со своите карактеристики поседува потенцијал комплетно да ја редефинира урбаната слика на центарот на градот. Целиот комплекс е идеално поврзан со околината, а близината на самиот кеј на реката Вардар, и целата таа динамична и урбана средина која го опкружува, овозможува целосна функционалност и достапност на најразлични содржини. “, истакна Леонид Антиќ, член на Управниот одбор на „Гранд Скопје“ при својата презентација.

Антиќ во текот на претставувањето на „Гранд Скопје“ се фокусираше на најважните придобивки кои овој комплекс ќе ги обезбеди за неговите жители и посетители, акцентирајќи ја  изградбата на урбан парк со големина колку Плоштад Македонија во склоп на комплексот.

„Во рамки на комплексот предвиден е парк кој ќе содржи разновидно парковско зеленило налик на светските  уредени урбани паркови и простори облагородени со современа фонтана и урбана смарт опрема. Но, она што е можеби и најважно е поголемата слика од само станбено- деловен објект. Комплексот ‘Гранд Скопје’ неспорно ќе донесе огромна придобивка и за нашиот град, бидејќи неговата реализација ќе создаде одлична атмосфера за економски развој, нови можности за вработување, а ќе се отвори дополнителна врата за развој на туризмот и културата“, заклучи Антиќ пред присутните.

Во рамки на конференцијата се одржаа и неколку панел дискусии на кои учество земаа претставници на „Гранд Скопје“ и ја пренесоа својата експертиза од полето на резиденцијално домување.

Спонзорството на оваа конференција ја покажува посветеноста на „Гранд Скопје“ за потребата за едукација, развој и унапредување на пазарот на недвижности.

Првата конференција за недвижности во земјава беше организирана од страна на  Фортонмка, компанија која е стратешки партнер на Cushman & Wakefield – најголемата светска компанија за советување за недвижности. 

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал