Connect with us

свет

Нов силен удар за Путин: САД ќе ја отсечат руската централна банка од доларски трансакции

објавено

на

Русија повеќе нема да може да пристапи до средствата што ги чува во американски долари со цел да ја заштити рубљата што вртоглаво паѓа.

САД преземаат итни мерки денеска за да ги забранат трансакциите во американски долари со руската централна банка и целосно да го блокираат Рускиот директен инвестициски фонд, изјавија високи претставници на администрацијата на Бајден, земајќи ги за цел некои од најмоќните средства на Русија за ублажување на ефектот на санкциите, известува CNN.

Чекорите имаат за цел да ја спречат Русија да пристапи до т.н. фонд за црни денови ( „rainy day fund”)  на кого што  Москва очекувала да се потпре за време на инвазијата на Украина. Наместо да ги користи резервите за да ја заштити рубљата што паѓа, Русија повеќе нема да може да пристапи до средствата што ги чува во американски долари.

Сеопфатните нови санкции, преземени со Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија и Канада, Европската унија и други, доаѓаат кога руската економија веќе е во слободен пад.

„Ниту една земја не имуна на  санкции“, рече претставник на Белата куќа. „Воените резерви  на Путин од 630 милијарди долари има ефект  само ако можете да го искористите за да ја одбраните сопствената  валута, особено со продажба на тие резерви во замена за купување на рубљата“.

„По денешните дејствија, тоа веќе нема да биде возможно“,

Во телефонски разговор со новинарите во понеделникот наутро, висок функционер на американската администрација  рече дека потегот е „кулминација на повеќемесечно планирање и подготовка на нашите соодветни влади преку технички, дипломатски и политички канали, вклучително и на највисоко ниво“.

„Бевме подготвени и тоа ни овозможи да дејствуваме во рок од неколку дена, а не неколку недели или месеци по ескалацијата на Путин“, рече претставникот.

„Нашата стратегија, едноставно кажано, е да се погрижиме руската економија да оди наназад се додека претседателот Путин одлучува  да продолжи со својата инвазија на Украина“, рече вториот висок функционер на администрацијата.

Во обид да се ублажи влијанието на санкциите врз американските и европските потрошувачи на енергија, Министерството за финансии ќе ги изземе повеќето трансакции поврзани со енергијата од санкциите, што е значително намалување на санкциите.

Санкциите, исто така, целосно го блокираат рускиот фонд за директни инвестиции и неговиот извршен директор Кирил Дмитриев. Официјални лица рекоа дека тие се „симболи на длабоко вкоренета руска корупција и влијание на глобално ниво“.

„Денешните акции ги претставуваат најзначајните дејствија во американското Министерство за финансии, преземени против економија од оваа големина и средства од оваа големина“, рече друг официјален претставник. „Она што исто така го прави ова средство значајно не е само количината на средства или големината на земјата што ја таргетираме, туку брзината со која нашите партнери и сојузници работеа со нас за да го донесеме овој одговор“.

Запрашан за потенцијалните дополнителни санкции за Белорусија, која се чини дека е подготвена да ја подигне нејзината улога во руската инвазија на Украина, официјален претставник рече дека САД ги следат настаните „многу внимателно“ и дека санкциите кон Белорусија „ќе продолжат да се зголемуваат многу повеќе“.

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал