Connect with us

македонија

Нов сопственик на поранешен Фени ќе биде турската групација Јилдирим

Комерцијална банка успеа да најде купувач за Еуроникел

објавено

на

За Еуроникел има стечајно рочиште на 2 април во судот во Кавадарци, а вработените очекуваат вест за тоа каква стечајна маса ќе се собере за исплата на 2,1 милион евра за заостанати плати. Од Комерцијална банка, пак, стигнуваат оптимистички најави дека тие барале сериозен инвеститор што ќе ја продолжи работата и дека на таков ја продале фабриката за преработка на никелова руда.

Турската компанија Yildirim Group, преку нејзината холандска компанија Polynickel Holding BV ќе биде нов сопственик на Еуроникел, поранешен Фени.

За ваквата разврска на домашниот голем индустриски капацитет, преку соопштение до Македонската берза, извести Комерцијална банка, која е сопственик на имотот на комбинатот. Вредноста на зделката е 40 милиони евра. Од банката посочија дека за завршување на постапката треба да се исполнат и законски и регулаторни барања. Во исто време, Комерцијална со групацијата Yildirim склучи договор за продажба и на имотот на фабриката Нова Рефрактори во Пехчево, поточно 31,3 милиони евра ќе добие за Еуроникел, а 8,7 милиони евра за Нова Рефрактори.

Комерцијална банка кон крајот на минатата година се стекна со сопственост врз металуршкиот комбинат Еуроникел, поранешен Фени, каде што банката беше главен доверител. Од Банката велат дека  остануваат посветени и понатаму да придонесат со сите свои капацитети за фер наплата на доверителите и вработените во рамките на стечајната постапка. Прв услов за тоа е сите должници на Еуроникел веднаш да ги платат своите обврски.

„Убедени сме дека продажбата е долгорочно решение за комбинатот  Еуроникел имајќи го предвид кредибилитетот и капацитетот на Yildirim групацијата. Веруваме дека со ова е надминат неизвесниот период за сите доверители и, пред сѐ, за вработените во комбинатот, кои покажаа максимална посветеност и професионалност и покрај тешката состојба во која се најдоа не по нивна вина.“, рекоа од Комерцијална банка.

Групацијата Yildirim е глобален индустриски конгломерат со седиште во Истанбул и во Амстердам. Основана е во 1963 година и моментално работи во 56 земји на 5 континенти, вработува 25.000 лица во девет индустрии: метали и рударство, управување со пристаништа, вештачки ѓубрива и хемикалии, енергија и енергетски производи, транспорт и логистика, финансиски услуги, градежништво и недвижности и меѓународната трговија.

Вработените очекуваат да останат сите на работа и да ги добијат заостанатите плати

За потсетување, Комерцијална банка кон крајот на минатата година се стекна со сопственост врз металуршкиот комбинат Еуроникел, поранешен Фени, каде што банката беше главен доверител. Информацијата беше соопштена преку Македонската берза, при што наведе дека во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот Еуроникел индустри ДОО с. Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993 евра.

Еуроникел индустри подолго време се соочуваше со тешкотии во работењето, а синдикатот неколку пати со протести и блокади на патишта го изрази својот револт, барајќи што побрзо да се изнајде нов инвеститор и да се реши судбината на околу 800 вработени и плус соработници на гигантот кој е важен за кавадаречката и македонската економија.

За Еуроникел има стечајно рочиште на 2 април во судот во Кавадарци, а вработените очекуваат вест за тоа каква стечајна маса ќе се собере за исплата на 2,1 милион евра за заостанати плати. Од Комерцијална банка, пак, стигнуваат оптимистички најави дека тие барале сериозен инвеститор што ќе ја продолжи работата и дека на таков ја продале фабриката за преработка на никелова руда.

„Во целиот изминат период од декември 2023 година, кога Комерцијална банка го презеде имотот на комбинатот во своја сопственост, бевме посветени на наоѓањето сериозен инвеститор кој ќе ја продолжи дејноста на еден од најзначајните индустриски капацитети во земјата. Со цел да се одржи комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес, Банката во изминатите четири месеци обезбеди речиси 100 милиони денари за одржување на технолошкиот минимум на комбинатот и за давање шанса за продолжување на работењето.

Банката останува посветена и понатаму да придонесе со сите свои капацитети за фер наплата на доверителите и вработените во рамките на стечајната постапка. Прв услов за тоа е сите должници на Еуроникел веднаш да ги платат своите обврски.“, истакнуваат од Комерцијална банка во дописот до Македонска берза.

Средба со новиот менаџмент

Еуроникел индустри подолго време се соочуваше со тешкотии во работењето, а синдикатот неколку пати со протести и блокади на патишта го изрази својот револт, барајќи што побрзо да се изнајде нов инвеститор и да се реши судбината на околу 800 вработени и плус соработници на гигантот кој е важен за кавадаречката и македонската економија.

Инаку, претставниците на синдикатот до крајот на неделава ќе имаат официјална средба со новиот менаџмент на која очекуваат прецизни информации (овој текст е пуштен во печат во вторникот, 26 март, н.з.).

„Официјален состанок, ние како синдикат очекуваме или утре или во тек на неделата. Да се претставиме пред новиот менаџмент и да им кажеме дека ние како синдикат, без нас нема да може да оди работат бидејќи човечкиот ресурс е многу битен за секоја компанија, а особено за овој комбинат во којшто работат 740 луѓе. Од неофицијални разговори, од нивна страна било кажано дека сакаат сите вработени кои биле ангажирани во минатиот период да останат во комбинатот“, изјави за медиумите Игор Герасов, претседател на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство.

Еуроникел престана со производство кон крајот на октомври минатата година а вработените преку синдикатот издејствуваа печката да не се изгаси и со тоа да пропадне можноста комбинатот да добие нов сопственик. Следната недела во судот во Кавадарци ќе се одржи првото рочиште во рамките на стечајната постапка, а долгот кон вработените е 2,1 милион евра.

„Сите податоци се објавени во Основниот суд во Кавадарци. Не можеме со сигурност да кажеме дали претходната компанија има средства да ги наплатиме нашите побарувања. Вработени и наши членови ни кажаа дека бившата компанија има легура која се одржува во печка и репроматеријали кои се надеваме дека новите сопственици ќе ги откупат и со тие пари ќе ги наплатиме нашите плати и придонеси за четири месеци“, рече  Герасов.


Кој е новиот сопственик на кавадаречки Еуроникел?

Почетоците на Yildirim групацијата датираат од 1963 година, кога, сега веќе покојниот, Гарип Јилдирим основал компанија за трговија со градежен материјал наречена Garip Yildirim and Sons во Самсун, Турција. Од своето основање, Групацијата континуирано го проширува својот фокус преку нови подружници преку претприемништво и постојани иновации, еволуирајќи во индустриски диверзифицирана група на компании, како и во една од најбрзо растечките турски индустриски групи во земјата.

Втората генерација е активна во работењето на Компанијата од 1995 година. Групацијата Yildirim е бизнис во семејна сопственост, 100% со приватен капитал и управуван од браќата Али Риза и Роберт Јуксел Јилдирим. Нејзината деловна структура обезбедува страсна мотивација за одржлив раст, како и способности за брзо и здраво донесување одлуки, се вели на официјалниот вебсајт на компанијата.

Од 2008 година, кога Yildirim Group го направи своето прво меѓународно преземање во Шведска, Групацијата прерасна во глобална корпорација со седиште во Истанбул, Турција, со операции во 9 сектори во 56 земји на 5 континенти. Групацијата на компании Yildirim вработува повеќе од 25.000 луѓе ширум светот.

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет1 ден ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа