Connect with us

македонија

„НУЛА ОТПАД“ СО РЕШЕНИЕ ЗА ОПАСНИОТ ОТПАД

Одржлив развој

објавено

на

Во системот на „Нула Отпад“ се вклучени над 200 компании и бројот континуирано се зголемува со вклучување на општествено одговорни компании. Клучна алка во целиот процес се и домаќинствата, корисниците на електрична и електронска опрема.

Со брзиот развој на технологијата очигледно е дека мора да се промени начинот на кој се дизајнираат, произведуваат, користат и управуваат дотраените електронски уреди, доколку сакаме да уживаме во придобивките на технолошкиот напредок, без притоа да им се наштетува на луѓето и животната средина.

Електрониката има посебни карактеристики, кои се извор на големи еколошки последици, поради кои таа е проблематичен и опасен отпад – потенцира г-дин  Марјанчо Дамески, управител на “Нула Отпад” – колективен постапувач за Отпад од Електрична и Електронска Опрема (ОЕЕО) и Отпадни Батерии и Акумулатори (ОБА)

Постојаните иновации и агресивниот маркетинг на електронските компании значи дека и опремата што функционира може да се чини застарена само по употреба од година или две.

Ова резултира со вештачко брзи циклуси на замена. Кога веќе нема да ги сакаме овие уреди, се соочуваме со значителен отпаден проблем – вели Дамески.

Електронските и електрични уреди од друга страна содржат многу токсични супстанци и затоа не смеат да се мешаат со останатиот отпад.

Повеќе од 1000 материјали се користат за да се направат електронските гаџети и нивните компоненти – проводниците за чиповите, матичните плочи, дисковите итн. Многу од нив се токсични, меѓу кои ПВЦ, тешки метали (олово, жива, арсен и кадмиум), шестовалентен хром, пластика и гасови кои се штетни за човековото здравје и животната средина доколку не се раководат соодветно.

Речиси 70 проценти на тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат токму од електронската опрема – истакнува Дамески.

Покрај штетните, токсични супстанци, електричните и електронските уреди содржат и други супстанци кои имаат економска вредност.

Количествата на 14 минерали, кои се користат во модерната електроника се на   критично ниво, а се очекува побарувачката за овие материјали да се зголеми тројно до 2030 година, што ја прави постапката на рециклирање оправдана.

Пристапот за минимизирање на негативното влијание на електрониката и е – отпадот и исполнување на целите и обврските кои произлегуваат од законските обврски за специфичните текови на отпад, „Нула Отпад“ ги превзема во име на “производителите” преку склучување на посебен договор за преземање на обврски за постапување со овој вид на отпад во нивно име и за нивна сметка, при тоа обезбедувајќи ги со неопходната документација согласно законските регулативи.

Во системот на „Нула Отпад“ се вклучени над 200 компании, бројот континуирано се зголемува со вклучување на општествено одговорни компании.

Клучна алка во целиот процес се и домаќинствата, корисниците на електрична и електронска опрема.

„Нула Отпад“ од самите почетоци континуирано вложува во едукација за подигнување на свеста за селекција и рециклирање на овој отпад кој никако не смее да се меша со останатиот отпад.

Механизам кој покажува добри резултати во остварување на нашите цели е ЕКО ЛИНИЈАТА, телефонскиот број 070 236 000, кој е достапен сервис граѓаните и правните лица на БЕСПЛАТЕН, БЕЗБЕДЕН и ЛЕСЕН начин, со едноставно јавување да се ослободат од непотребната електроника од своите домови/компании – вели Дамески.

Да сфатиме дека изборот кој го правиме индивидуално, глобално влијае на заштита на животната средина и претставува чекор во правилна насока.

Да бидеме дел од решението, а не од проблемот.

Continue Reading
економија15 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија15 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија