Connect with us

свет

Спречен обид за државен удар во Германија, уапсени 25 десничарски ектремисти

објавено

на

Група екстремни десничари и поранешни припадници на армијата планирале да упаднат во зградата на парламентот во Берлин и да ја преземат власта.

Во големи  рации низ Германија рано утринава, беа уапсени 25 лица осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат дека станува збор за група екстремни десничари и поранешни припадници на армијата, кои планирале да упаднат во зградата на парламентот во Берлин и да ја преземат власта. Осомничените се обвинети дека подготвувале активности врз основа на нивната идеологија, како што се набавка на опрема, регрутирање нови членови и спроведување на обука за гаѓање.

„Принцот“ е главен

Како клучна личност за нивните планови се споменува маж опишан како „принцот“ и наречен е Хајнрих 13-ти. Тој има 71 година. Наводните водачи се меѓу уапсените во 11 германски покраини, објавија федералните обвинители. Во фокусот на напорите за регрутирање биле првенствено припадниците на војската и полицијата, објави канцеларијата.

Поранешни припадници на германската армија одиграле  значајна улога во организирањето и планирањето на државниот удар. Меѓу нив имало и поранешни припадници на елитните специјални сили. Заговорниците, објави федералното обвинителство, планирале лично да владеат со Германија. Меѓу уапсените има и еден активен војник и неколку резервисти, објави воената разузнавачка агенција BAMAD. Активниот  војник е припадник на командата на специјалните сили.

Заговорниците сметале  дека можат да ги постигнат своите цели само со „воени средства и насилство против  претставниците на државата“, што вклучувало и убиства.

Германската државна  телевизија ZDF објави дека во заговорот бил вмешан и поранешен екстремно десничарски пратеник  во Бундестагот и според плановите на пучистите требало да биде поставен за министер за правда. „Принцот Хајнрих“ требало  да биде лидер на Германија по државниот удар, јави Би-Би-Си.

Планирале држава по урнекот на Вториот германски рајх

Меѓу заговорниците има и членови на екстремното движење Reischburger (граѓани на Рајхот), коишто  германската полиција долго време го надгледува за насилни напади и расистичка  идеологија. Оваа група воедно  одбива да ја признае модерната германска држава.

Се проценува дека околу 50 мажи и жени се во групата што планирала да ја собори германската република и да ја замени со нова држава базирана на Германија од 1871 година, или империја попозната како Вториот Рајх. „Се уште немаме име за оваа група“, изјави портпаролката на германското федерално обвинителство. Уапсените ќе бидат сослушани во текот на денот.

Министерот за правда Марко Бушман на Твитер објави дека е во тек „голема антитерористичка операција“ и дека уапсените „планирале вооружен напад врз уставните тела“. Главниот обвинител рече дека групата планирала насилен пуч од ноември 2021 година.

Рациите ги извршија повеќе од 3 илјади полицајци и припадници на безбедносните сили во 11 германски сојузни покраини. Апсењата се извршени во Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хесен, Долна Саксонија, Саксонија и Тирингија, како и во Австрија и Италија.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор