Connect with us

македонија

Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”

објавено

на

Најавеното концептуално издание на овогодинешната регионална конференција кое ќе се одржи на 14 ноември во Националната опера и Балет, доби одличен одзив како од домашните, така и од компаниите и асоцијациите од цел Балкан кои сакаат да го запознаат македонскиот пазар и кои сакаат да ги понудат своите производи и услуги тука.

Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел.

Најавеното концептуално издание на овогодинешната регионална конференција кое ќе се одржи на 14 ноември во Националната опера и Балет, доби одличен одзив како од домашните, така и од компаниите и асоцијациите од цел Балкан кои сакаат да го запознаат македонскиот пазар и кои сакаат да ги понудат своите производи и услуги тука.

– “Мило ни е што конференцијата станува своевиден trademark на Скопје кога станува збор за бизнис настани. Добрата организација, квлалитетната програма, информациите, бизнис можностите, соработките, дружењето, познанствата, се работите по кои самата конференција станува препознатлива и поради кои одзивот за неа оваа година е далеку поголем од очекувањата. Картите брзо се распродаваат, а по специјална Early Bird цена се достапни само уште неколку карти. После успешни 5 изданија, наша цел за  оваа година е да создадеме настан кој ќе ги натера сите засегнати страни во е-трговијата да размислуваат outside the box и на најдобар начин да ја применуваат современата достапна технологија за да го подобрат својот бизнис и да ги редефинираат своите бизнис деловни стратегии во новата дигитална ера која постојано се менува.“ – вели Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоциjацијата за е-трговија на Македонија, која воедно е и организатор на овој значаен настан.

На овогодинешната конференција, присутните ќе имаат прилика да ги дознаат најновите светски трендови поврзани со развојот на вештачката интелигенција, нејзините неограничени можности кои ги нуди за е-трговијата и за тоа како AI може да им помогне на компаниите во растот и развојот на бизнисот, давајќи им прилика да ги редефинираат и подобрат своите деловни стратегии во новата дигитална ера која постојано се менува.

Покрај својата голема програма, конференцијата ќе биде место кои ќе обезбеди многу можности за создавање на нови, вредни познанства, вмрежување, дружење и разменување на идеи со успешни претприемачи, е-трговци, tech професионалци и ентузијасти, директори на компании и бизнис претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска.

Помеѓу говорниците кои преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори ќе го пренесат своето знаење, искуство и експертиза ќе бидат и претставници од едни од најголемите светски и регионални компании кои наскоро ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на конференцијата https://ecommerceconference.mk

Новата дигитална ера е тука и го редефинира светот на е-трговијата. „Redefinig E-commerce: A(i) New Era” е настанот на кој ќе се зборува и учи за овој нов свет. Сите детали за конференцијата и за промотивните Early Bird карти сe достапни на: www.ecommerceconference.mk.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал