Connect with us

менаџмент / маркетинг

Одговорност за одржливост

Македонски Телеком

објавено

на

Одговорното делување во однос на животната средина и општеството е во срцето на нашата стратегија и нашата мисија е да бидеме водечки телекомуникациски оператор и пионер во одржливост. Ова се однесува на сите сфери на нашето работење, но и на иницијативи за еднакво и еколошко дигитално општество. Нашиот фокус е главно насочен кон два фронта кои ќе направат позитивно влијание во општеството: превенирање на климатските промени и премостување на дигиталниот јаз.

Зелена технологија

Инвестициите во новите технологии и дигиталната трансформација придонесуваат за заштита на животната средина и ефикасно користење на ресурсите. Со нашите решенија за паметен град во Скопје и многу други општини се намалува потрошувачката на енергија над 60%, загадувањето и емисиите на CO2. Со Решенијата во облак (Cloud) нашите многу ефикасни дата центри трошат до 80% помалку енергија во споредба со она што се случува кога корисниците користат нивна сопствена инфраструктура.
Со воведување на еСИМ технологијата се заменуваат пластичните СИМ картички со електронски со што придонесуваме за намалување на користењето на пластика. Со дигиталните услуги како што се електронското плаќање и потпишување договори ја намалуваме потрошувачката на хартија за сметки за повеќе од 55%.

Дополнително повеќе од 2 години за сопствени потреби произведуваме зелена енергија користејќи ја сончевата енергија со што скромно покриваме дел од потрошувачката на  дата центарот во Скопје, а штетната емисија на CO2 во воздухот се намалува за речиси 50 илјади кг. секоја година.

Еко иницијатива – Заедно за заштита на животната средина

Поттикнуваме иницијативи за намалување на штетните влијанија со рециклирање на електронски отпад и обнова на зелените површини. Со оваа еко-иницијатива до декември минатата година  собравме над 12 000 стари електронски уреди коишто соодветно ќе се рециклираат во партнерство со Нула Отпад.  Компанијата се обврза за секој собран уред да засади ново дрвце, но го удвои овој број и, во акцијата за пошумување што ја спроведе заедно со вработените, засади 25 000 нови дрвца во Кочанскиот регион на површина од 10 хектари.

Оваа заложба е дел од глобалната иницијатива на Дојче Телеком #GreenMagenta којашто се спроведува во 10 земји во Европа. Целта е со заеднички сили да собереме и рециклираме 500 000 стари електронски уреди до 2024 година. 

Дигитална инклузија

Веруваме дека заедничка дигитална иднина може да постои само ако сите се подеднакво вклучени. Затоа работиме на намалување на дигиталниот јаз и еднаков пристап на сите до новите технологии. Ги поттикнуваме и поддржуваме младите во креирање дигитални решенија за подобро утре, преку технологија го подобруваме квалитетот на живот на повозрасната популација.

Итно копче, технологија што спасува животи

Во партнерство со Црвен крст преку проектот Итно копче со помош на дигиталната технологија им обезбедуваме сигурност и поддршка на лица над 65 години. Корисниците  можат да го алармираат тимот на Црвениот крст во ситуација кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копче.  Итно копче им пружа помош на корисниците 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Со проектот, за почеток ќе бидат опфатени 110 корисници од Скопје, кои живеат сами и имаат потреба од итна реакција. Преку ова стратешко партнерство Телеком Фондацијата и Црвениот крст ја користат технологијата како алатка преку која ќе се спасуваат животи и ја подигаат свеста за грижата за повозрасната популација. 

Технологија за планетата – ко-креирање со млади иноватори

Преку партнерство на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ повикавме млади иноватори да креираат идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени, во склоп на глобалниот младински предизвик Генерација без граници.  Младите тимови со помош на ментори и професионалци од Телеком на работилници креираа решенија за подобар квалитет на живот на следните генерации. Најдобрите пет тима добија дополнителна поддршка за развој на своите идеи, а двата најдобри тимови нè претставија на глобалниот предизвик. Климатските промени нè засегаат сите, а особено младите коишто треба активно да учествуваат во креирањето на решенијата. Наша задача е да им овозможиме на да ги реализираат своите идеи и да го поттикнеме нивниот потенцијал. Како носители на дигиталната трансформација, наша обврска е да им дадеме шанса на младите да бидат креатори на својата иднина.

економија2 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 ден ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет2 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија4 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју5 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија5 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија5 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата