Connect with us

банки

Одговорност низ факти – 20 причини зошто ПроКредит е одговорна банка

објавено

на

Славејќи го својот 20 годишен јубилеј, ПроКредит Банка низ својата нова кампања „Пример за одговорност“ ни отвора еден нов свет во кој одговорноста се покажува низ дела!

Што е она што ја прави ПроКредит банка различна од другите? Фактот што ПроКредит го гледа светот низ призмата на вистинските вредности и принципи, промовирајќи позитивна и одговорна култура на работење, но и живеење.

Токму преку кампањата Пример за одговорност, банката низ конкретни примери покажува дека вистински ја сака и се грижи за природата, дека е докажан партнер на малите и средни претпријатија кои придонесуваат за развој на локалната економија и дека она што го правиме сега, треба да остави позитивно влијание во иднина.

Во последно време се почесто можеме да ги сретнеме зборовите “еко” и “одговорност” презентирајќи ги мисијата и визијата на различни компании, што многу ретко се поткрепува со бројки, постигнати позитивни ефекти и конкретно реализирани практики. Токму затоа, ПроКредит истапува чекор понапред и дава директни примери кои ги потврдуваат одговорните принципи на работа и го потврдуваат фактот дека се вистински одговорна банка која се грижи за луѓето, животната средина, бизнисите и иднината. По повод 20 годишнината на банката, издвојуваме 20 од нив.

Одржливост

1) 20% од кредитното портфолио на банката е еко, што ја прави доминантен лидер во овој сегмент на македонскиот пазар. Ефектот од поддржаните еко инвестиции придонесува за вкупна заштеда на 49.146 тони CO2, што е еквивалентно на отстранување од сообраќај на 24.573 автомобили за една година.

2) Банката финансираше повеќе од 150 соларни централи за производство на чиста енергија и поддржа над 400 домаќинства за еко инвестиции во енергетско ефикасни решенија.

3) ПроКредит се први во промоција на е-мобилноста. Изминатите години банката постави 25 полначи за електрични возила, јавно достапни за сите, бесплатно.

4) 70% од возниот парк на банката е електричен.

5) Рециклирањето е целосно имплементиран принцип на работење. Низ годините рециклирани се 20.240кг стакло, над 22.000кг хартија и над 200кг пластика.

6) Управната зграда на ПроКредит во Скопје е првата енергетско ефикасна зграда во државата со меѓународен EDGE сертификат. Со употребата на обновливи извори на енергија како геотермални топлински пумпи за греење и ладење и фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија, дополнително се намалува потрошувачката на енергија.

7) Вкупно произведената енергија од инвестиции во хидро и соларни централи изнесува 72.000mWh, со што е произведена чиста електрична енергија еквивалентна на просечната потрошувачка на 12.210 домаќинства за една година.

Култура на штедење

8) ПроКредит Банка верува во штедење пред консумеризам – во своето работење не промовира ненаменски потрошувачки кредити, а воедно практикуваат континуирана промоција на култура на штедење.

9) 65% од клиентите на ПроКредит од сегментот население се штедачи.

Одговорно кредитирање

10) ПроКредит има јасно утврдена листа на активности кои ја загрозуваат животната и општествената средина кои банката не ги кредитира. Дел од оваа листа се коцкарници, производители на пластика за еднократна употреба, градежни активности во национални паркови и сл.

11) Стабилноста и одговорноста се потврдени преку континуирано одржување на висок квалитет на кредитно портфолио со низок процент на нефункционални кредити од 1,89%.

12) ПроКредит Банка е првата и единствена банка во земјата која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, уште од 2005 година.

Поддршка на локалните бизниси

13) ПроКредит е развојно ориентирана банка со фокус на мали и средни претпријатија кои ја движат економијата напред. Низ годините, ПроКредит поддржа 4.000 македонски компании, со што придонесе кон креирање на нови вработувања.

14) 90% од кредитното портфолио на банката е за поддршка на мали и средни претпријатија. Во период од 20 години, ПроКредит го поддржа бизнис секторот со над 60.000 кредити со вкупен волумен од ЕУР 2,2 милијарди.

15) Во ПроКредит Банка секој клиент е подеднакво важен, токму затоа секој клиент има персонализиран пристап и достапен личен банкарски советник за советодавна поддршка

Дигитализација

16) ПроКредит Банка е прва банка со комплетно дигитализирано работење и отворени 24/7 зони во државата.

17) Преку дигитализација, ПроКредит намали користење хартија за 90% во последните 10 години со што се зачуваат околу 450 дрвја годишно.

Еднакви можности

18) ПроКредит промовира еднакви можности за сите – 80% учество на жени на раководителски позиции

19) ПроКредит нуди можности за кариера за младите. Банката инвестира над 22.000 часови годишно во обука на млади преку онбординг програмата. Денес тие претставуваат околу 45% од вкупниот број на вработени во ПроКредит.

20) ПроКредит Банка инвестира околу 60.000 часови годишно во обука на вработените, или во просек над 260 часови по вработен, се со цел обезбедување врвна услуга за клиентите.

Излегувајќи од рамките на секојдневните флоскули, ПроКредит Банка низ конкретни примери покажува дека принципите на работа, вистинските вредности, континуираната едукација,  поттикнување на културата на штедење, целокупно подобрување на квалитетот на животот и воопшто економијата во целост се принцип на работа, но и стил на живот низ кои делуваат и прават промена.

Комерцијален ПР текст

македонија9 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија12 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје