Connect with us

македонија

Одобрени се 23 милиони евра од ,,Ковид 3” кредитната линија

објавено

на

Кредитите се одобрени од страна на Развојната банка за вкупно 2.009 корисници, со 15.197 вработени. 1.123 кредитни барања се од мали компании, 741 барања се од микро компании, 106 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се од занаетчии.

Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, соопштуваат од Развојната банка на Северна Македонија, преку која оди аплицирањето и одобрувањето на овие кредити.

Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица.

Според структурата, 1.123 кредитни барања се од мали компании, додека 741 барања се од микро компании. Вкупно 106 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.009 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следи Полошкиот регион со 14%, Југозападниот регион со 12% и Југоисточниот регион со 12%.Следни се  Источниот и Пелагонискиот регион со 10 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања, заклучно 29 јануари 2021 година.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Досега е донесена одлука за 2.264 кредитни барања, кои пристигнале заклучно со 20 декември, 18 часот, од кои за 255 е утврдено дека не ги исполнуваат условите од Јавниот повик.

Најчест услов кој апликантите не го исполнуваат е поврзан со барањето за капиталот во билансните позиции за 2019 година. Имено, 88 кредитни барања имале негативен износ на капитал во билансите, 72 кредитни барања биле поднесени од апликанти кои не се опфатени со Јавниот повик, односно не се микро или мало трговско друштво, трговец-поединец или занаетчија. Досега, 32 од неодобрените кредитни барања се заради недоволен капитал и резерви, 19 заради  неприфатлива кредитна категорија, 6 отсто се поголеми субјекти од опфатот на Јавниот повик. Вкупно 15 кредитни барања се поднесени од апликанти кај кои не е исполнет условот од 20% пад на приходите, додека 11 кредитни барања се поднесени од нови субјекти.

Апликантите за чии кредитни барања е утврдено дека не ги исполнуваат условите од Јавниот повик се известени  електронски, по пат на е-маил, со образложение кои услови на Јавниот повик не ги исполнуваат. Известувања по електронски пат, преку е-маил, се испратени и до апликантите чии кредитни барања се одобрени, а за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите од Јавниот повик.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест