Connect with us

економија

Одржана 37. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка

објавено

на

Беше презентиран истражувачкиот труд „Влијанието на капиталните текови врз домашните инвестиции во избран примерок од земји во транзиција“, од авторките Весна Стојчевска и Тијана Анѓелковска

Изминативе денови се одржа 37. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка. Заради условите поврзани со пандемијата на ковид-19, и оваа сесија се одржа видеоконференциски, со што се овозможи на неа да учествуваат поголем број учесници.

„Народната банка има цврста определба, и во услови на „новата нормалност“, да продолжи со активностите во областа на истражувачката активност. За таа цел, продолжуваме без прекини со одржувањето на Клубот на истражувачите, што поради околностите е во виртуелен формат. Всушност, токму во вакви кризни околности, потребата од истрaжувачка и аналитичка активност е особено големa, бидејќи таа претставува една од клучните основи за носење одлуки од страна на носителите на политиките“ – истакна гувернерката, Анита Ангеловска – Бежоска, во своето поздравно обраќање.

Воедно, таа накусо се осврна и на содржината и заклучоците од истражувачкиот труд „Влијанието на капиталните текови врз домашните инвестиции во избран примерок од земји во транзиција“, од авторките Весна Стојчевска и Тијана Анѓелковска, презентиран по поздравното обраќање на гувернерката.

Мотив за изработката на овој истражувачки труд, како што беше посочено на сесијата, е значењето на капиталните текови за нивото на капиталот во една економија и нивната улога во поттикнувањето на економскиот раст. Трудот на Стојчевска и Анѓелковска се фокусира на анализа на директното влијание на капиталните текови врз домашните инвестиции. Како што беше посочено во презентацијата на сесијата, за потребите на анализата е изградена база на панел – податоци од избрани 18 земји, сите од групата транзициски и посттранзициски економии. Податоците се однесуваат на периодот од 1991 до 2018 година, а со примена на економетриски методи е направена оцена на врските помеѓу одделните категории.

„Генералниот заклучок од примерокот е дека капиталните текови имаат одредено позитивно влијание врз домашните инвестиции, при што се оценува дека финансиските заеми имаат најголем ефект врз домашните инвестиции.“ – посочи Весна Стојчевска, која во името на двете авторки го презентира трудот, образложувајќи ги заклучоците.

По презентацијата, меѓу учесниците се водеше и дискусија за влијанието на капиталните текови врз домашните инвестиции, поттикнато од заклучоците на Стојчевска и Анѓелковска.

Следната сесија на Клубот на истражувачите е во март следната година.

Continue Reading
економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија