Connect with us

економија

Одржано годишното Собрание на АЕТМ – Ангеловска повикува за побрзи и подобри промени

објавено

на

Во изминатата 2023 година како клучни активности на АЕТМ беа истакнати организацијата на најголемата регионална конференција за е-трговија на која присуствуваа повеќе од 600 учесници од Балканот и пошироко, објавувањето на петтата годишна анализа за е-трговија и организација на изборот на најдобрите во е-трговијата за 2022 година.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го одржа своето Годишното собрание во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците. Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска го отвори Собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравно обраќање имаше и Дерик Фефер, Службеник за приватниот сектор во УСАИД Северна Македонија. Во својот поздравен говор, Претседателката на АЕТМ упати благодарност кон членките од бизнис секторот, меѓународните развојни агенции и институциите кои го препознаваат потенцијалот на АЕТМ и активно придонесуваат за развојот на е-трговијата во нашата земја.

Ангеловска изјави: „Со поддршка на нашите членки од бизнис секторот и меѓународните развојни агенции и со голема посветеност од тимот на AETM успеавме да завршиме уште една успешна година исполнета со многубројни иницијативи кои адресираат различни мапирани предизвици на е-трговците. Се надевам дека оваа година ќе започнат да се решаваат и предизвиците кои стојат на патот на меѓуграничната е-трговија во пазарите на Западен Балкан и дека со основање на Балканската Алијанса за е-трговија со која претседава АЕТМ ќе се отворат поголеми можности за прогрес и соработки во прилог на регионалната е-трговија. Е-трговијата игра значајна улога за раст на бизнисите и економиите, но потенцијалот е далеку од искористен, потребни ни се побрзи и подобри промени во сите сфери на екосистемот на е-трговија. Потребно е регулативата да овозможи околина за раст на бизнисите кои ги носат промените – се уште тоа не е случај и постојат пречки кои го отежнуваат работењето и прогресот. Напорно работиме на отстранување на бариерите кои стојат на патот и ќе продолжиме да туркаме за побрзи и подобри промени, додека имплементираме значајни иницијви во прилог на унапредување на понудата во е-трговија, зајакнување на дигиталните вештини и намалување на сивата економија во е-трговија.”

УСАИД Северна Македонија е меѓународна развојна агенција со која што АЕТМ активно соработува во изминатите години, со цел унапредување на домашната и регионалната е-трговија. Со поддршка на УСАИД во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, имплементиран од Консалтинг за стратешки развој, АЕТМ ја реализира тековно новата иницијатива „Градење подобра заедница за е-трговија”  во чии рамки се лансираше веб платформа за унапреден Беџ за верификуван е-трговец, кој има за цел да ја зголеми довербата во онлајн купувањето, да ги истакне е-трговците кои се регистрирани и верификувани од страна на АЕТМ, и да придонесе во континуираната борба за намалување на сивата економија и нерегистрираните продавачи во е-трговијата.

Во рамки на своето поздравно обраќање, Дерик Фефер изјави: „Беџот не е само амблем на автентичноста; тоа е алатка за економска правичност и транспарентност, во корист и на бизнисите и на потрошувачите. “

По завршувањето на воведните обраќања, продолжи работниот дел на Собранието каде беше даден осврт на сработените активности во 2023 година и беше презентиран и усвоен планот на активности за 2024 година на АЕТМ.

Во изминатата 2023 година како клучни активности на АЕТМ беа истакнати организацијата на најголемата регионална конференција за е-трговија на која присуствуваа повеќе од 600 учесници од Балканот и пошироко, објавувањето на петтата годишна анализа за е-трговија и организација на изборот на најдобрите во е-трговијата за 2022 година. Во 2023 АЕТМ активно работеше и на бројни проекти и иницијативи кои беа насочени кон активности кои ги адресираат четирите клучни предизвици на е-трговците: ограничена понуда во е-трговија, недостаток на дигитални вештини, прекугранична е-трговија и сива економија. Беше посочено и дека во текот на 2023 година, АЕТМ, заедно со Асоцијациите за е-трговија на Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, ја формираа Балканска Алијанса за е-трговија која се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. За прв Претседавач на новооснованата Балканска Алијанса за Е-трговија беше избрана токму АЕТМ. Покрај овие активности, во 2023 година АЕТМ организираше едукативни сесии, сесии за вмрежување, обуки и многу други активности.

И во 2024 година АЕТМ ќе продолжи со реализација на клучните годишни иницијативи – годишната анализа за е-трговија, регионалната конференција за е-трговија и годишните награди за е-трговија. Покрај нив, АЕТМ ќе продолжи со реализација на започнатите проекти и останати иницијативи и активности кои ги адресираат клучните предизвици на е-трговците.

На Сообранието исто така беa презентирани и активностите кои беа реализирани во рамки на Алијансата на родова еднаквост на работното место – ГЕА (подружница во рамките на АЕТМ, која се стреми да ја отклучи синергијата помеѓу е-трговијата, дигитализацијата и придонесот на жените на работното место) во текот на 2023 година. Во текот на 2023, во рамки на ГЕА беше реализирана кампања по повод Меѓународниот ден на жената за подигнување на свестa за родова еднаквост, беше организирана Втората конференција „Родова еднаквост на работното место“, како и беа организирани неколку нетворкинг настани со партнери и поддржувачи на ГЕА. Во 2024, ГЕА ќе продолжи со исто темпо да работи кон остварување на подобра родова еднаквост на работно место.

По завршувањето на работниот дел на Собранието, започна презентацијата на новата веб платформа еcommerce.mk/badge, преку која Асоцијацијата работи на градење на подобра заедница за е-трговија и придонесува кон намалување на сивата економија во е-трговијата.

економија1 час ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%