Connect with us

македонија

Одржано 9. Генерално собрание на Деловниот совет на Универзитетот Американ Колеџ

објавено

на

На овој настан беше промовирана и новата Фондација за подобра едукација, чија цел и мисија е токму посветеноста кон идните генерации. Како платформа за поддршка, Фондацијата функционира на неколку нивоа и опфаќа различни видови награди, стипендии и други видови финансиска помош за студентите.

На 12 декември 2022 година, во Скопје се одржа 9-то Генерално Собрание на Деловниот Совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје, настан кој е од огромно значење за развојот на високото образование во Северна Македонија и кој ја означи надежта и вербата во потенцијалот на младите луѓе.

Настанот се одржа во присуство на голем број претставници од деловната заедница во земјата, претставници од дипломатскиот тела и претставници од амбасадите од САД, Италија, Шпанија и Унгарија, како и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На настанот беа врачени благодарници за успешната соработка на истакнати компании и поединци од бизнис заедницата, а прогласени беа и новите членови на Управниот одбор на Советот. Нова претседателка на Генералниот одбор на Деловниот совет на УАКС од годинава е Дита Старова Ќерими, истакната академска сликарка, професорка и директорка на Националната галерија. Таа ја изрази својата благодарност за изборот и се заложи за посветено работење со цел подобрување на квалитетот на високото образование во земјата, како и во насока на обезбедување еднакви можности за квалитетно образование за сите категории млади луѓе.

На овој настан беше промовирана и новата Фондација за подобра едукација, чија цел и мисија е токму посветеноста кон идните генерации. Како платформа за поддршка, Фондацијата функционира на неколку нивоа и опфаќа различни видови награди, стипендии и други видови финансиска помош за студентите. Во оваа пригода, свое официјално претставување имаше поранешната амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, Џилијан Милованович, која ја најави наградата Злат Милованович, воспомен на нејзиниот сопруг и поранешен професор на УАКС, Злат Миловановиќ. Како дел од Фондацијата за подобра едукација, на настанот беше свечено промовирана и наградата Крлиу, од страна на семејството Крлиу и во спомен на Олјанда Крлиу, награда посветена на талентирани студенти. Интересот на публиката за Фондацијата беше голем, и дел од присутните се надоврзаа и го изразија својот придонес во Фондацијата.

Деловниот совет на УАКС е составен од голем број претставници од деловната заедница во нашата земја, кои ги обединува посветеноста кон подобрување на образованието. Советот активно учествува во работата на Универзитетот преку идеи и планови за развој на наставните содржини со цел усовршување на студентите и нивно приспособување кон реалните потреби на деловниот свет, а обезбедува и гости предавачи и предавачи од пракса. Компаниите-членки на Советот обезбедуваат обуки, тренинзи, пракси и вработувања за студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје, а покрај тоа, тие придонесуваат и со фондови за награди, стипендии и други видови финансиска помош за студентите.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал