Connect with us

свет

Од Амазон до Мета, во технолошкиот сектор фрчат откази: погледнете колку вработени отпуштаат големите фирми

објавено

на

Веста дека Amazon планира да отпушти околу 10.000 луѓе е најнова во низата на лоши вести за вработените во големите светски технолошки компании. Исто како и во случајот на Meta, и тука се работи за најголемо отпуштање во компаниската историја.

Веста дека Amazon планира да отпушти околу 10.000 луѓе е најнова во низата на лоши вести за вработените во големите западни технолошки компании. Исто како и во случајот на Meta, и тука се работи за најголемо отпуштање во компаниската историја.

Amazon кон крајот на 2019 пријави 798.000 вработени, но компанијата од 31 декември 2021 имала 1,6 милиони работници со полно или скратено работно време, што е зголемување од 102 отсто, како што пишуваше New York Times. Акциите на Amazon годинава паднаа за околу 41%, и бележат најлоша година од 2008 наваму.

Да потсетиме, претходно Meta, под чија што капа се социјалните мрежи Facebook, Instagram и WhatsApp, подели откази на 11.000 свои вработени или 13% од вкупната работна сила.

Марк Закерберг, директорот на Meta, и ко-основач на Facebook, ја презеде одговорноста и им  се извини на вработените поради состојбата во којашто го довел бизнисот, предизвикувајќи масовни отпуштања.

„Сакам да преземам одговорност за овие одлуки и за тоа како стигнавме до овде. Знам дека ова е тешко за сите, и особено ми е жал за оние што се засегнати“, напиша Закерберг во своето обраќање до вработените минатата недела.

Бранот откази во Meta следеше само неколку дена откако Илон Маск, тазе сопственикот на Twitter, скрати практично половина од вработените на оваа социјална мрежа, или околу 3.700 луѓе. Но, ова не се сите отпуштања во технолошкиот сектор. Периодов уште неколку големи имиња се принудени да отпуштаат вработени, соочени со падот на продажбите, профитите и нивните акции на берзите. Ќе направиме преглед на досега објавените одлуки за намалување на работната сила во технолошкиот сектор каде што доминираат компании од САД.

 Meta: Околу 11.000 отпуштени вработени

Отпуштањата се случија во тежок период за Meta, којашто покажа лоши резултати во последниот квартал, предизвикувајќи и онака разнишаната вредност на акцијата, да потоне уште повеќе. Вредноста на акцијата на Meta од почетокот на годинава е падната за 70%, но откако Закерберг ги најави плановите за рационализација на трошоците (читај: отпуштањата), кај инвеститорите се врати довербата и акцијата е порасната за преку 15% последниве 4 дена.

Инвеститорите беа загрижени за растечките трошоци на Meta, којшто пораснале за 19% во третиот квартал, во однос на истиот период лани, на 22,1 милијарди долари. Вкупните продажби на компанијата паднале за 4%, на 27,7 милијарди долари, додека оперативниот приход се намалил за дури 46%, на 5,7 милијарди долари.

Amazon: околу 10.000 вработени ќе добијат отказ

Кратењата на бројот на вработени се предвидени најмногу во одделот за уреди, што ја вклучува и говорната асистентка Alexa, одделот за малопродажба, како и во човечки ресурси. Сепак, поради големината на Amazon, овие отпуштања ќе претставуваат помалку од еден отсто од неговата глобална работна сила и три отсто од корпоративните вработени. За Amazon претстојната сезона на празници е ударна, па компанијата тогаш обично ангажира повеќе работници. Но, поради забавената продажба поради кризата во глобалната економија, најголемиот светски онлајн трговец тргна со кратење на трошоци.

Twitter: околу 3.700 отпуштени вработени

Набрзо откако ја затвори зделката за купување на Twitter за 44 милијарди долари минатиот месец, Илон Маск скрати околу 3.700 работни места, што е половина од вработените.
Во својот пост од 4 ноември Маск рече дека „немал избор“ и дека морал да отпушта, додавајќи дека на тие што ќе си заминат ќе им биде исплатена отпремнина – плата за три месеци. Маск рече дека отказите доаѓаат во момент кога Twitter губи повеќе од 4 милиони долари дневно.

Coinbase: околу 1.100 отпуштени вработени

Coinbase, платформата за тргување со криптовалути уште во јуни објави дека ќе отпушти 18% од своите вработени со полно работно време, или околу 1.100 луѓе.

Директорот Брајан Армстронг посочи на можна рецесија, и потреба да се менаџираат трошоците и “пребрзиот“ раст во време на „биковиот пазар“ (кога криптовалутите растеа со високи стапки).

Coinbase, којашто имаше и свој излез на берзата, загуби повеќе од 80% од пазарната капитализација годинава, паралелно со падот на вредноста на биткоинот и другите криптовалути.

Stripe: околу 1.000 отпуштени вработени

Гигантот во областа на онлајн плаќањата, Stripe, отпушти околу 14% од својата работна сила, што е приближно 1.100 вработени, беше соопштено минатата недела.

Главниот извршен директор Патрик Колисон напиша во писмо до вработените дека отпуштањата биле неизбежни среде растечката инфлација, стравот од рецесија, зголемените каматни стапки, енергетските шокови, скратените буџети за инвестиции и забавеното финансирање на стартапи. Сето ова земено предвид е сигнал дека “2022 означува почеток на поинаква економска клима“, напиша тој. Вработените ќе добијат 14 неделна плата, а  оние со подолг стаж и повеќе. Исто така отпуштените ќе добијат и суми во износ еднаков на шестмесечно здравствено осигурување.

Stripe беше вреднувана 95 милијарди долари минатата година, а својата пазарна вредност ја снижиле наводно до 74 милијарди долари во јули годинава.  

Shopify: околу 1.000 отпуштени вработени

Во јули, Shopify објави дека отпуштa 1.000 работници, што е еднакво на 10% од нејзините глобалнa работна сила.

Во меморандум до вработените, извршниот директор Тоби Лутке призна дека погрешно проценил колку долго ќе трае бумот на е-трговијата поттикнат од пандемијата, и рече дека компанијата е погодена од значителното  намалување  на онлајн трошењето. Цената на акциите на компанијата е намалена за 78% во 2022 година.

Shopify рече дека отпуштените  ќе добијат 16 неделна отпремнина, плус една недела за секоја година од времето поминато  во компанијата.

Snap: повеќе од 1.000 отпуштени вработени

Кон крајот на август, Snap објави дека отпуштила 20% од својата работна сила, што е еднакво на над 1.000 вработени.

Извршниот директор Еван Шпигел им кажа на вработените во меморандум дека компанијата треба да го реструктурира својот бизнис за да се справи со финансиските предизвици. Тој рече дека тековната стапка на квартален раст на приходите на компанијата „е далеку под она што го очекувавме претходно оваа година“. Snap изгуби 80% од својата вредност оваа година.

Microsoft : Наводно, скратени се нешто помалку од 1.000 работни места

Во октомври Microsoft  потврди дека отпушта  помалку од 1% од вработените. Кратењата погодија помалку од 1.000 луѓе, според извештајот на Axios во кој се цитира неименувано лице. Соопштението дојде откако  Microsoft објави  најбавен раст на приходите во повеќе од пет години во кварталот што заврши на 30 септември.

Robinhood: повеќе од 31% од вработените отпуштени

 Фирмата за брокерски услуги, чијашто апликација  милиони Американци  ја користеа за купување акции на берза во периодот на пандемијата, во август  објави дека крати 23% од својата работна сила, откако веќе отпушти 9% од вработените во април.

Основачот и директор на Robinhood, Влад Тенев, за отказите го обвини влошувањето на макро економското окружување, високата инфлација и крахот на крипто пазарот. Акцијата на Robinhood е повеќе од преполовена во 2022 досега.

македонија1 ден ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија2 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост