Connect with us

економија

Од вечерва на полноќ се доставуваат кредитни барања за Ковид 3

објавено

на

Кредитната линија на Развојната банка е за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од КОВИД-19, а се мери преку падот на приходите од најмалку 20%.

Од вечерва на полноќ почнува поднесувањето кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, Ковид 3, која ја реализира Развојна банка на Северна Македонија. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата во вкупен износ до 30 милиони евра и со буџетска поддршка во износ од 1 милион евра.

Кредитната линија е за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од КОВИД-19, а се мери преку падот на приходите од најмалку 20%.

Јавниот повик е отворен за поднесување кредитни барања од 16 декември 2020 година од 00:01 часот до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот, вкупно 15 дена. 

Аплицирањето се прави исклучиво електронски на е-маил адресата kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk. Секој апликант при достава на кредитното барање во предметот на е-маил пораката треба да го внесе името на компанијата, градот и формата (ДОО, ДООЕЛ, ТП, занаетчија и друго) со латинични букви. 

За потврда дека е-маил апликацијата е пристигната во РБСМ, апликантите треба да добијат автоматска порака како одговор од kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk. Доколку не добијат автоматска порака, се препорачува да се провери адресата, како и да се провери големината на документите (треба да е под 8 MB). 

На веб страницата на банката има техничко упатство кое треба да се следи при аплицирањето. 

Обработката на кредитните барања ќе биде хронолошка како што се пристигнати кредитните барања на kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk и ќе започне по завршувањето на јавниот повик.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас