Connect with us

здравје

Од денеска задолжително со маски и надвор, казната е 20 евра

објавено

на

За прекршувањето на самоизолацијата казната е 50 евра, а за групирање на отворено 500 евра.

Собранието синоќа ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).

Оваа мерка нема да важи:

-при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
-при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;
-при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;
-при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
-ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
-ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и
-ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Законот ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за коронавирус КОВИД-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.

Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.

Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.

Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од КОВИД-19. Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови, доколку за тоа постојат услови.

Приватните здравствени установи за да лекуваат пациенти од КОВИД-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија. Доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување на болни од КОВИД-19 по претходно дадена согласност од Министерството за здравство, лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија.

економија11 часа ago

Почна првиот онлајн хакатон за намалување на сивата економија во е – трговијата

македонија19 часа ago

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер…добија нови сопственици – кој ќе ја продолжи низата?

свет20 часа ago

Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит

економија20 часа ago

Пандемијата стивна и економијата здивна

менаџмент / маркетинг20 часа ago

Рекоа за… успехот

менаџмент / маркетинг20 часа ago

Не работете додека сте на одмор. Сериозно.

свет20 часа ago

Инфлацијата се надвиснува како опасност

македонија20 часа ago

Градежниците и хотелиерите останаа најпогодени од кризата

интервју21 час ago

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

македонија2 дена ago

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

македонија19 часа ago

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер…добија нови сопственици – кој ќе ја продолжи низата?

технологии / компании5 дена ago

Нова аквизиција на македонскиот ИТ пазар: Синами ја презема Еконет

економија11 часа ago

Почна првиот онлајн хакатон за намалување на сивата економија во е – трговијата

македонија3 дена ago

Комерцијална банка ќе биде спонзор на ФФМ во наредните три години

економија2 дена ago

Утре почнува хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговијата

македонија2 дена ago

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

интервју21 час ago

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

свет20 часа ago

Инфлацијата се надвиснува како опасност

свет20 часа ago

Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит

економија20 часа ago

Пандемијата стивна и економијата здивна