Connect with us

економија

Од нерегулирањето на фриленсерството губат и фриленсерите и државата

Нестандардни форми на вработување

објавено

на

Во Македонија расте бројот на фриленсери кои што сакаат да работат од дома, со флексибилен распоред на своето време и да имаат директен пристап до глобални пазари и да бидат конкурентни на тие пазари. Водени се од личниот раст и развој и постојано вложуваат во стекнување на нови вештини и усовршување на постоечките. Меѓутоа,  социјалниот статус на фриленсерството сѐ уште не им нуди социјални бенефити и сигурност.

Деновиве во Скопје се одржа тркалезна маса посветена на “фриленсерството” во Северна Македонија, организирана во рамки на проектот ‘Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД.

На тркалезната маса се дискутираше за новите нестандардни форми на “вработување”, со фокус на промоција на фриленсерството преку дигитални платформи, како можност за само-вработување и генерирање дополнителни приходи.

Во ланското издание на извештајот за фриленс пазарот подготвен од финтек-компанијата за дигитални плаќања, Payoneer, беше  вклучена и Македонија, каде што 33 проценти од испитаниците изјавиле дека работат исклучиво како фриленсери.

Ова интернационално истражување опфати 2.000 хонорарно вработени лица во 122 држави, меѓу кои се и балканските земји. Графички и веб-дизајн, програмирање, мултимедијална продукција, како и ИТ-услуги се најбараните од страна на фриленсерите во регионот. Позитивно е што поголемиот дел од југоисточна Европа во претходниот период забележал раст на цената на работните часови (37 отсто испитаници) споредено со тие што имале пад (10 проценти).

Расте бројот на фриленсери во Македонија

Дигиталните платформи за работа кои се користат за давање на најразлични услуги се резултат на најновата технолошка револуција на пазарот на труд. Бидејќи се релативно нови, истражувачите се стремат да ги дефинираат и измерат, додека креаторите на политиката се соочуваат со предизвикот како да ги регулираат. Овие платформи имаат генерално позитивно влијание на економијата и придонесуваат за креирање на работа и иновации и овозможуваат приход за работниците (често дополнителен) и можност за пристап до вработување на ранливите категории на граѓани.      

“Во С. Македонија расте бројот на фриленсери кои што сакаат да работат од дома, со флексибилен распоред на своето време и да имаат директен пристап до глобални пазари и да бидат конкурентни на тие пазари. Водени се од личниот раст и развој и постојано вложуваат во стекнување на нови вештини и усовршување на постоечките. Сѐ уште социјалниот статус на фриленсерството не им нуди социјални бенефити и сигурност. Но, барем од табу тема, Импакт Фондација преку проекти од различни донатори, во последните две години успеа да ја смени перцепцијата на јавноста и да ги мотивира фриленсерите јавно да истапат да вложуваат во себе  и денес да бидат горди на својата успешна фриленсерска кариера.”, објасни Елена Иванова, директор на Импакт фондацијата, организатор на тркалезната маса.

Како одговор на растечките трошоци за живот, 55 проценти од испитаниците вo истражувањето на Payoneer  прифатиле дополнителен ангажман, додека 32 отсто ја прошириле својата листа со клиенти во нови земји. Истражувањето покажа дека испитаниците во југоисточна Европа се помалку наклонети да работат исклучиво како фриленсери или претприемачи (61%) споредено со колегите во другите региони (71%). Во Србија, 59 проценти одговориле дека работат само како хонорарци или имаат свој бизнис, а 41 отсто се вработени во компании.
Ситуацијата во балканскиот регион е слична, односно во Северна Македонија 33% изјавиле дека работат исклучиво како фриленсери, додека во Босна и Херцеговина тој број е 40 отсто. Интересен е податокот дека 47% од испитаниците во југоисточна Европа се помлади од 35 години што е статистички понизок процент споредено со сите останати региони опфатени во истражувањето.

Македонскиот закон за трудово право е ригиден и не препознава нови форми на вработување. Постои инцијатива и во процес е изработка на закон за воведување на нова регулатива во делот на работа на дигитални платформи и регистар за доброволно и самостојно регулирање на придонесите за пензиско и здравствено осигурување. За да се забрза процесот, потребно е да се дефинира категоријата на лица кои ги вршат овие работи и видот на ангажманот, со цел да се создаде основ по кој фриленсерите ќе имаат директна врска за влез во задолжителното социјално осигурување.

Законот е ригиден и не препознава нови форми на вработување

Помеѓу главните предизвици за фриленсерите кои беа дискутирани се: неможноста за остварување на работнички и социјални права (особено за женската млада популација); отсуството на форма во постојното законодавство која нуди истовремено и флексибилност за работодавачите и сигурност за работниците; потребата за уредување на статусот во регулативата, комплексните административни процедури за плаќање на данокот на личен доход при остварувањето приходи од странство; комплицираниот пристап до приватно здравствено осигурување, можностите кои се понудени од државата за едукација и усовршување на вештините, непостоење на платформа која ги содржи сите информации кои им се потребни и сл.

Надлежните институции, како Министерството за труд и социјална политика, Министерство за финансии, како и Агенцијата за вработување на РСМ, се отворени и сакаат да одговорат на потребите на фриленсерите. Но, не постои брзо решение за трајно да се реши проблемот. Македонскиот закон за трудово право е ригиден и не препознава нови форми на вработување. Постои инцијатива и во процес е изработка на закон за воведување на нова регулатива во делот на работа на дигитални платформи и регистар за доброволно и самостојно регулирање на придонесите за пензиско и здравствено осигурување. За да се забрза процесот, потребно е да се дефинира категоријата на лица кои ги вршат овие работи и видот на ангажманот, со цел да се создаде основ по кој фриленсерите ќе имаат директна врска за влез во задолжителното социјално осигурување.

Стратегија и системска поддршка

Иако сегашната регулатива дозволува да се плаќаат придонесите, сепак потребно е поедноставно и директно решение кое ги задоволува меѓународните стандарди. Фриленсерите препорачаа дека е потребно да се развие национална стратегија и пакет мерки за поддршка и развој на фриленсерството и вработување на далечина со цел да се влијае позитивно на екоситемот за фриленсинг во С.Македонија и да се спречи иселувањето на млади и талентирани лица, кои постојано имаат потреба да се едуцираат и усовршуваат за да останат конкурентни на пазарот на труд.

“Дискусијата која ја имавме заедно со сите вклучени страни влеа надеж дека постои засегнатост и волја да се работи на оваа значајна тема. Во моментот губат и двете страни и државата и фриленсерите. И ако може да истакнеме: имаме и трета страна – а тоа е пазарот на тие услуги кој во С.Македонија ќе остане неконкурентен доколку не го развиваме.

Веруваме дека оваа дискусија е појдовна основа за регулирање на статусот на овие лица, согледување на предизвиците и можностите и креирање насоки за делување.” , додаваат од Импакт Фондација.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат нужно оние на Владата на САД.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%