Connect with us

економија

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

Фероинвест со два коинвеститори изгради биогасна електрана

објавено

на

Електраната во с. Сарамзалино е со моќност од 2 MW (мегавати), се градеше две години и чини 12 милиони евра. Годишно ќе произведува 16.640 MWh електрична енергија која може да ги задоволи потребите на 15 илјади луѓе,  ќе произведува топлинската енергија која ќе може да  загрева плантажи на 6 хектари земјоделско земјиште и ќе произведува 40.000 тони природно земјоделско ѓубриво, објасни Кочо Анѓушев, сопственикот на Фероинвест.   

Холдингот Фероинвест/Централинвест во сопственост на Кочо Анѓушев изгради биогасна електрана, како дел од својата групација на електрани од обновливи извори. Сега во своја сопственост има мали хидроелектрани, фотоволтаични електрани и биогасна електрана. 

При посетата на новинарска екипа на новата електрана,  Анѓушев истакна дека овој вид на капацитет е  најстабилен производител на  чиста и еколошка електрична енергија, бидејќи нејзиното производство не зависи од ветер, сонце или вода туку целосно може да се контролира. 

„Ова е покажување на дело на тоа што јас постојано и го зборувам -дека на Македонија и е потребна диверзификација на инвестициите во обновливи извори. Ние тоа го правиме и со овој пример уште еднаш упатувам апел – паметно и со план да се инвестира во обновливи извори, а државата стратегиски да ја води енергетската транзиција и да не се прави концентрација само на еден извор”,  рече Анѓушев. 

Коинвеститори со Анѓушев во биогасната електрана во с. Сарамзалино во општина Лозово, светиниколско, се најголемата фарма за одгледување свињи во Македонија, АГРИА, на Перо Колевски и фирмата за амбалажа од Охрид, АСП-ПАК на Петар и Спасе Спасески.  

Најдобар пример  за циркуларна економија

Според Колевски, на овој начин трајно и системски се решава прашањето со екологијата и одложувањето на отпадот од фармите, а во иднина планираат како биогориво да се користи и отпадот од кланиците.  Се работи за околу  30 илјади тони суви отпади на годишно ниво и околу 15 илјади тони течни отпади. Кога би го немало овој капацитет тој отпад би завршил практично секаде – во природата, во воздух, во Вардар, во другите реки…Биоелектраната практично го апсорбира целиот органски отпад – од житарици, силажа, отпад од свињарски и краварски фарми, отпад од млекарска индустрија, сурутка по правење млеко, расипано млеко, отпад од винарии, комиње, отпад од преработка на градинарски производи, на пример кога се прави ајвар, лушпите, семките…

Биогасната електрана, како што наведе Спасе Спасески, го решава проблемот и со увозот на вештачки земјоделски ѓубрива, бидејќи како нуспродукт биогасната електрана дава домашно органско ѓубриво кое останува на крајот на технолошкиот процес по производството на електрична енергија. 

„Биогасната електрана е најголемиот чистач на органски отпад во општеството. Сѐ што е органско и може да се распадне, е гориво во биогасната електрана, а нус производ од нејзината работа е електрична енергија, чист хумус и течност за третирање на полињата со хранливи материи. Биогасната електрана практично е најдобриот пример за циркуларна економија, она што го слушаме како дефиниција во општеството“, додаде  Анѓушев.

Електраната во с. Сарамзалино е со моќност од 2 MW (мегавати), се градеше две години и чини 12 милиони евра. Станува збор за биогасна електрана од последна генерација со најмодерна инсталирана технологија. Годишно ќе произведува 16.640 MWh електрична енергија која може да ги задоволи потребите на 15 илјади луѓе,  ќе произведува топлинската енергија која ќе може да  загрева плантажи на 6 хектари земјоделско земјиште и ќе произведува 40.000 тони природно земјоделско ѓубриво.  

Покрај посетата на биогасната електрана во светиниколско, новинарите можеа да видат како работи и компанијата БРАКО во Велес, исто така во сопственост на Анѓушев, каде со најсовремени машини, стручно инженерско знаење од македонски инженери и роботизирано производство во четири фабрики се произведуваат електрични, хидрогенски и дизел возила за чистење, тешки метални конструкции, жичани производи и медицинска опрема, и 95% од производеното се продава надвор од Македонија. 

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал