Connect with us

менаџмент / маркетинг

Од попуст до органска храна, уметност на сегментирање на пазарот

Капитал во соработка со Le Monde Diplomatique

објавено

на

Ниските цени добиени од огромните купувачки групи, го карактеризираат намалувањето на моделот поставен од Карл и Тео Албрехт, основачите на „Aldi“ (контракција на Albrecht Discount), чии наследници сега се на чело на најголемото богатство на Германија. Овој гигантски малопродажник на храна кој е специјализиран за попусти, објави продажба од 106 милијарди евра во 2020 година. Со 210 000 вработени ширум светот, групацијата се наоѓа на четвртото место во светот помеѓу трговците на мало, после Walmart, Amazon и Swarzt (Lidl)

Оливиер Море
новинар

 Помеѓу индустриската област Шамбери и станбените населби, можноста за недвижен имот спои органски трговци и ланец специјализиран за попусти. За време на пазарењето, два навидум далечни начини на живот се разминуваат и игнорираат едни со други. Овие два социјални универзума пред сè претставуваат два целни клиенти.

Ладен северен ветер ги разбранува пупките од липи подготвени да цветаат во авенијата Costa de Beauregard, кон центарот на градот Шамбери. Оваа оска ги дели рамницата Bissy, монополизирана од зона на активност, и периферните падини, заземени од станбени објекти. Понесена подалеку, кога не е во странство, индустријата од минатото им ги отстапи своите простории на деловните субјекти, како што е оваа локација на поранешна пиварница каде што „Biocoop“ и „Aldi“ се сега соседи.

На еден час до полицискиот час, соседните паркинзи на двете марки оживуваат. Пет велосипеди ги окупираат металните потпори пред фасадата обложена со органско дрво. Во влезната сала, натписот потсетува на посветеноста на ланецот „100% да рециклира од отпадот генериран од активноста на продавницата“. Постер го рекламира пристигнувањето на свеж и локален полен. Поминувајќи низ вратите, се движиме низ четиристотини метри квадратни дрвени полици наредени со производи обележани со рефлектори кои емитуваат топла светлина, како во уметничка галерија. Нежен мирис на цитрус, зачини и кафе го придружува бавното лутање на клиенти убедени да постигнат активистички гест или да го заштитат нивното здравје со купување килограм грутка шеќер за 3,89 евра или овошје и зеленчук. Органски – во просек 44% повеќе скапи од конвенционалните производи во Франција1. Носејќи неонско жолт шлем за велосипеди што не го тргна во продавницата, г-ѓа Елоди Ф., наставник во училиште за фармерки и чевли, ја товари својата приколка со хартиени кеси исполнети со житни култури : „90% од моето купување во продавница е за органски производи“, ни рече таа. Јас тоа го правам за планетата, за животната средина и, исто така, затоа што јадам вегетаријанска и без глутенска храна. Тука сум сигурна дека производите се навистина органски, не како во супермаркетите.“ Таа никогаш не ни оди во соседната продавница, која „ги крева цените и ги стиска производителите“, иако и таму има се повеќе производи со етикета дека се органски.

Вработена во сектор за изработка на ножеви „Opinel“, г-ѓа Одри Г., која љубезно ги одговара нашите прашања, додава : „Јас целата моја храна ја купувам во продавници за органска храна за моето здравје, за да ги поддржам земјоделците и сите оние кои се борат против пестициди и ниска индустриска храна.“ Таа пред осум години, целосно се претвори во човек што јаде органска храна по здравствените проблеми : „Кога беше мал, мојот син тешко го разбираше мојот пристап, но како што растеше, тој се интересираше за тоа. На 17 години, тој сега ја има истата логика како мене. Тој се грижи за тоа како се произведува она што го јаде. Со татко ми, од друга страна, несогласувањето е целосно. Тој долго време се снабдуваше со храна од продавници специјализирани за попусти. Престојот и оброците кај него дома се спротивставени. Не се разбираме. Јас одам да пазарам секогаш кога го посетувам.“

Работата и „нездравата храна“ оставаат трага

Овие две млади жени, во своите триесетти и четириесетти години го сочинуваат најголемиот дел од клиентелата на „Biocoop de la Motte-Servolex“, на што се додаваат неколку тврдокорни обожаватели над шеесеттите години. Силуетите се појавуваат изострени од избраната диета и начинот на живот што заштедува време за практикување спорт на отворено, освен ако не ги искористиле лековите со сокови од бреза од Beaufortain, на продажба во близина на касата.

Одејќи по стаклената и челична фасада на супермаркетот „Aldi“, украсен со фотографии од пици и бифтек во сос од пиперки, наоѓаме повеќе разновидност во согласност со реалноста на француското општество. Двајца млади во тренерки одат кон гајбите со пакет колачиња и шише минерална вода. Мајка во придружба на нејзиниот син, чии фудбалски патики удираат на подот од плочки, во својата количка додаваат килограм бел шеќер во зрна… за 79 центи. Тука, работата и „нездравата храна“ оставаат трага врз телата и облеката. Еден исончан работник, облечен во флуоресцентна портокалова заштитна јакна и еден домашен сликар тивко го истражуваат делот каде има контејнери од жица заедно со нордиски столбови за пешачење, ѓубриво за тревник, градинарска пумпа, клешти за скара. Неколку одбивања да одговорат на прашања, сведочат за недовербата на печатот. Широките и моќни раце на г. Мири Х., непропорционални во споредба со неговата крупна градба, сè уште се обоени со малтер и боја. По потекло од Косово, татко на три мали деца, тој го напушти Балканот во 2007 година за да работи во Германија, а потоа и во Франција. „Со сопругата, ние го правиме тука скоро целото наше пазарење“, се доверува тој. Тоа е најевтиниот супермаркет во областа.“ Како и 10% од Французите, тој никогаш не купува органски производи : „Скапо е и се одгледува на исто место како и сите други, така што не можам да им верувам. Дете, јас сум пораснат органски, без да знам за тоа. Порано со брат ми ја одгледувавме градината. Ние ја свртевме земјата со лопата и со ѓубриво. Се сеќавам на плускавците што ги добивме на раце.“

„Купив три зеленчуци и салата, и тоа ме чинеше 15 евра.“

Г. Оливие Г. има лоши спомени од своето уникатно искуство со органски производи во голема специјализирана продавница. Вработен во независен дел на печатот, дваесет години живееше низ последователните кризи на курирските услуги на секторот. Преживувајќи неколку бранови на отпуштања, овој скоро педесетгодишник заработува 1.600 евра нето плата и внимава на својот буџет : „Имам две ќерки, од кои едната е студентка. Намалуваме на облека и храна за да можеме и малку да патуваме. Доаѓам тука еднаш месечно да ги купам основните состојки. Мојата прва мотивација е да не губам време. Тука, не треба да ги споредувам цените помеѓу петнаесет типови путер и дваесет пакувања брашно.“

Се чувствува мирисот на алишта и производи за чистење во малопродажниот простор од илјада квадратни метри. Веднаш штом ќе влезете, неколку брендирани производи со намалена цена ги покануваат клиентите да се согласат на добра зделка и да ја продолжат својата потрага понатаму на полиците. Звукот на замрзнувачите и сигналите на каса одекнуваат низ магацинот кој е беспрекорно чист. Никој не кажува ни збор. Секој се фокусира на својата листа за купување. Производите се распоредени во кутии на металните полици, кои без проблем се таму поставени. Промотивните понуди се забележуваат со задебелени букви на етикетите со светло портокалова боја.

Културата и методите за управување со дистрибуција во големи размери не се вклопуваат добро во кооперативниот модел, кој се заснова на „правичност, одговорност и солидарност“ промовиран од видео-манифестите што се појавуваат во продавниците.

Продавница на 15 минути од секој Французин

Ниските цени добиени од огромните купувачки групи, го карактеризираат намалувањето на моделот поставен од Карл и Тео Албрехт, основачите на „Aldi“ (контракција на Albrecht Discount), чии наследници сега се на чело на најголемото богатство на Германија. Овој гигантски малопродажник на храна кој е специјализиран за попусти, објави продажба од 106 милијарди евра во 2020 година. Со 210 000 вработени ширум светот, групацијата се наоѓа на четвртото место во светот помеѓу трговците на мало, после Walmart, Amazon и Swarzt (Lidl)2. „Часовник на самопослуга“, според зборовите на г. Жан-Мари Малбранке, потпретседател и генерален директор на „Aldi“ Франција, заврши работна организација заснована врз ловење на застојот, наметна разноврсност и голем број вработени поделени по двајца према традиционалната дистрибуција од големи размери3.

Интензивниот обем на работа се наградува со месечна плата од неколку евра над конвенционалните минимум, или 1 697,61 евра бруто месечна плата во 2020 година за вработен кој работи 36 часа односно 75 часа неделно. „Тие навистина не плаќаат повеќе од другите брендови, но прават разлика со елементите на компензација како што е споделувањето профит, жално кажува г. Седрик Хафнер, претставник на синдикатот „Aldi“ на Генералната конфедерација на трудот (CGT). Ова е она што досега овозможуваше да се прифати менаџерскиот притисок и обемот на работа што ги исцрпува телата и размислувањата.“ Германската компанија штотуку го надмина „Leader Price“ и неговите 547 продавници, што му овозможува на г. Филип Демелеместер, менаџер на француската подружница, да сонува дека „секој французин има Aldi на петнаесет минути од дома4“.

Оваа последна амбиција се придружува на онаа на г. Силвен Фери, назначен за извршен директор на „Biocoop“ минатиот ноември. „На долг рок, ние сакаме да имаме продавница петнаесет минути од секој Французин“, рече кога ја презеде функцијата оној кој штотуку помина дваесет години во „Carrefour“5. Ако цената остане кочница, 73% од населението се изјасни дека ќе консумира органски производи најмалку еднаш месечно. Овој ентузијазам поттикнува силен раст: 16,6% во 2020 година за мрежата „Biocoop“, која забележа продажба од 1,62 милијарди евра6 и ја отвори својата 700-та продавница во април 2021 година. Како и „Biocoop de la Motte-Servolex“, 60% од продавниците се франшизирани компании со ограничена одговорност (SARL), како во традиционалната дистрибуција со големи размери. Раните подружници, дизајнирани да ги здружат производителите и потрошувачите, станаа малцинство, а националното здружение создадено во 1986 година се врати во 2002 година на кооперативно ограничено друштво.

Културата и методите за управување со дистрибуција во големи размери не се вклопуваат добро во кооперативниот модел, кој се заснова на „правичност, одговорност и солидарност“ промовиран од видео-манифестите што се појавуваат во продавниците. Во парискиот регион, во Стразбур и Поатје, во 2020 година вработените штрајкуваа со цел да го осудат видео надзорот, работењето во недела или на државни празници и да бараат зголемување на нивната плата по напорите направени за време на карантинот во пролетта 2020 година. Менаџментот на „Biocoop“ наведе специфични тешкотии и потсети на нејзината „силна препорака за минимална плата од 10% над минималната плата“.

По пет години поминати во Biocoop, од кои две поминаа во исцрпувачки преговори за плата, поранешен вработен во западна Франција обелодени : „Тие регрутираат на 10% над минималната плата, но не на нивото што одговара на задачата за која сме ангажирани и со мал или без индивидуален развој после тоа“, објасни таа анонимно. По два штрајка и создавањето на дел од синдикатот, вработените добија ревалоризација усогласена со конвенционалните минимум на мрежата на гранки. „Сепак, излегов од убедување, заведен и од можноста да го поддржам органскиот сектор и од политиката за плати продадена во социјалната повелба „Biocoop“ прикажана во продавниците“, додава нашиот соговорник. Реалноста се покажа дека е далеку од говорот. Директорот не се обиде да ги знае нашите имиња. Ни кажаа за профитабилноста критикувајќи нè за премногу „разговор со клиенти“.“ И покрај нашите повеќекратни барања, управителите на продавниците „Aldi“ и „Biocoop“ не се согласија да одговорат на нашите прашања. Заедничка одлика што се поврзува со другите.

Преведено од: Павлина Димовска

Фусноти:

1. « Enquête – Fruits et légumes conventionnels et bio : le lieu d’achat et l’origine ont peu d’influence sur le prix », Consommation logement cadre de vie (CLCV), 14 декември 2020 година, www.clcv.org
2. « Top 50 Global Retailers 2021 », National Retail Federation, 24 март 2021 година, https://nrf.com
3. Cyrine Gardes, « Le coût des prix bas. Travailler dans le hard discount alimentaire », La Nouvelle Revue du travail, no 12, Париз, пролет 2018 година.
4. Julie Delvallée, « Aldi: “On veut doubler notre parc actuel avant dix ans” », Libre Service Actualité, Париз, 1 декемри 2020 година.
5. Camille Harel, « Biocoop en forte croissance mise sur la relocalisation », Libre Service Actualité, 16 март 2021 година.
6. Camille Harel, « Excellent millésime 2020 pour les leaders du bio », Libre Service Actualité, 24 март 2021 година.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

економија5 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

економија6 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

коментари6 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија2 недели ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

коментари6 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

економија6 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија5 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг