Connect with us

start up

Од прва рака: дознавме како Израел од пустина направи светско стартап чудо

објавено

на

На лице место во древната земја позната по Мртвото море, но и многу живата стартап сцена

Девет милиони луѓе населени на едвај дваесетина илјади квадратни километри – Израел е мала земја, сместена во пустина, практично без природни ресурси, заокружена од сите страни со непријателски држави, постојано на штрек заради безбедносните ризици. Во ваков амбиент, Израел е дом на преку седум илјади активни стартапи, 300 истражувачки центри на мултинационални компании – Microsoft, Google, IBM, Samsung, Oracle, Dell, Siemens, Visa, PayPal…нема кој не е таму – потоа 100 и кусур венчр фондови, 200 и кусур акцелератори, а секоја година се случуваат аквизиции на технолошките стартапи што вредат и по неколку милијарди долари. Најголемата досега ја направи Intel, купувајќи го израелски Mobileye за дури 15 милијарди долари во 2017 година.
И покрај општо распространетото мислење дека тајната на успехот на Израел како стартап дестинација, и воопшто економскиот подем на оваа земја формирана како држава во 1948 година, се должи на некаква религиозна и етничка исклучителност, сплотеноста на Евреите, поддршката од САД, и сл., причините во основа се многу поприземни и попрактични.

„Камен да фрлиш во Израел, веројатно ќе погодиш некој стартап“. Вака шеговито Израелците ја потенцираат својата опседнатост со стартап сцената, иновативноста и претприемништвото. И не е ни чудо, ако се знае фактот дека во земјата којашто има околу девет милиони жители има меѓу 7.000 и 8.000 активни стартапи во моментов, а нивната бројка секојдневно расте. Веројатно најпознатиот стартап од Израел денес на планетава е Mobileye, којшто прерасна во технолошки гигант, откако пред две години беше преземен од Intel за фантастични 15 милијарди долари.
А, зошто Intel се заинтересирал токму за нив и оценил дека Mobileye му вреди толку пари? Затоа што компанијата формирана пред 18 години во Ерусалим како дел од тамошната стартап сцена, развива напредни решенија за моторни возила што превенираат и ублажуваат последици од несреќи во сообраќајот. Оптичките системи со алгоритми за детекција на движењата се применуваат во возилата на General Motors, BMW, Volvo, а заинтересирани се и други производители, особено оние амбицирани во развојот на автономни возила, како Tesla, Google и др. Е, токму потенцијалот на автономните возила, она што допрва треба да го смени ликот на целата автомобилска индустрија, беше главниот мотив на Intel, и самиот развивач на микропроцесори и останати технолошки решенија во ИТ секторот, да испрати понуда што основачите и сопственици на Mobileye не можеа да ја одбијат.

Mobileye со оваа аквизиција всушност стана круната во израелското стартап царство, најголемата аквизиција во технолошката индустрија на земјата досега, држава којашто во светскиот врв според бројот на преземања што големи светски компании ги прават со израелски стартапи, како и според износот на зделките.
Како Израел стана светска стартап велесила и царство на иновативноста и претприемништвото? Човек би помислил дека во таа пустелија од едвај дваесетина илјади квадратни километри не може ниту коров да провирее, а не па илјадници тони на земјоделски производи коишто Израел денес ги извезува. Како во тие сурови услови се постигнало такво економско чудо? За да дознаеме од прва рака, група новинари од Македонија со помош на УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој и Амбасадата на Израел се упативме на лице место, во Тел Авив и Ерусалим, двата најголеми градови во Израел, центрите на најбитните работи што се случуваат во економијата и бизнисот на оваа земја.

Израелците во војска учат програмирање и лидерство

Откако го напуштивме Скопје облеан во пријатна есенска свежина тие последни денови на септември, слетавме во вистинско лето, спарно и со голема влага, околу три часот по полноќ на аеродромот „Бен Гурион“ (аеродромот го носи името на првиот премиер на независната држава Израел, Давид Бен – Гурион, татко на модерната еврејска нација како што го сметаат во земјава, вистинска икона за Израелците, н.з.) во Тел Авив. Веднаш се гледа дека стигнавме во средина каде што динамиката никогаш не запира, и во “ниедно“ време што се вели, на аеродромот беше врвулица како да е најголемиот „шпиц“. Безбедносните проверки, за земја како Израел којашто функционира во добро познатиот блиско – источен геополитички контекст, на влезот и не беа нешто посебно строги, освен по некое стандардно прашање од типот „за која цел доаѓате“, “колку дена ќе престојувате“ и сл. Но, затоа на излезот неколку дена подоцна беше друга приказна – процедура којашто траеше сигурно најмалку 15 минути со темелно распрашување за тоа каде с$ била групата новинари, дали цело време сме биле заедно, дали сме добиле некакви подароци, итн. За нас тоа на прв поглед беше можеби претерано и без потреба, но откако ги поминавме тие 6-7 дена во Израел, мислам дека повеќето сфативме зошто Израелците се вака темелни кога станува збор за безбедноста.
Земјата е прилично млада, создадена во 1948 година, едвај три години по холокаустот во којшто беа погубени шест милиони Евреи, држава која почна со само 600 илјади жители, а опкружена со преку 200 милиони Арапи од соседните земји, коишто веднаш со агресија реагирале на својот нов сосед. Оттогаш Израел е постојано на штрек од можни терористички напади, како и од поголеми воени дејства од надвор, па затоа одбраната е врвен приоритет за секоја владејачка гарнитура во земјата. Воениот рок е задолжителен, три години за мажите, две години за жените, почнува веднаш после средното училиште, и дури потоа, младите се запишуваат на факултет. Но, како што ни објасни нашиот водич при обиколката на мноштвото компании, научни установи, економски институции и сл., израелскиот амбасадор Ден Оријан, голем број од Израелците уште за време на воениот рок се решаваат која струка ќе ја одберат за студирање, па од таа област, на пример инженерство и сл., веќе работат додека се во војничка униформа. Војската, оружјето, високата борбена готовност… се секојдневие на Израелците веќе со децении, и тие едноставно се научиле да живеат на тој начин.

Зошто е битно искуството на Израел како држава во развојот на сопствената стартап приказна? Затоа што е фасцинантно да се чуе како оваа мала, пустинска земја, практично без природни ресурси, со сите политички и безбедносни предизвици со кои што се соочува – стана глобален лидер во претприемништво, иновации и развој на стартап културата. И покрај општо распространетото мислење дека тајната на успехот на Израел како стартап дестинација, и воопшто економскиот подем на оваа земја формирана како држава во 1948 година, се должи на некаква религиозна и етничка исклучителност, сплотеноста на Евреите, поддршката од САД, и сл., причините во основа се многу поприземни и попрактични. Кога била создадена државата пред седумдесетина години, сфатиле дека ако не почнат да размислуваат со своја глава и да наоѓаат решенија, едноставно ќе умрат од глад. Затоа и една од најголемите иновации поврзани со земјоделството, фамозниот систем за наводнување “капка по капка“ бил измислен токму во Израел, и за првпат употребен во 1959 година.
Армијата, меѓу другите фактори, има големо влијание врз развојот на израелскиот стартап екосистем. Во израелската армија, официјално позната како Israel Defense Forces – IDF, зависно од позицијата мора да учите програмирање, вештини на тимски играч и лидерство, како дел од вашата обука. Или, како што истакна Мајкл Мизрахи, раководител на AtoBe бизнис акцелераторот при Азриели колеџот во Ерусалим кого што го посетивме меѓу првите на нашата медија тура, во армијата ве чекаат три години на дисциплина и тим менаџмент.
„Додека за технолошките иновации учите од сајбер безбедноста. Потоа влегувате на универзитетите да студирате, а тие се познати по својата поддршка на претприемништвото. Оваа комбинација е перфектна основа за креација на стартапи“, додава тој.

Ерусалим од град на конфликти стана град на стартапи

Инаку, Мизрахи имав прилика да го запознам во Скопје пред две години, кога Сеавус инкубаторот организираше во своите простории настан под името што коинцидира и со дел од насловот на оваа репортажа “Како Израел стана стартап нација“. Тогаш тој заедно со Ханан Бранд од венчр капитал фондот “Cornerstone Venture Partners”, пред присутните имаа мошне интересно излагање за тоа како нивната земја успеа да стане стартап нација број еден во светот, а сега задоволството беше уште поголемо што имавме прилика од прва рака, на лице место, да дознаеме за тајните на успехот на оваа претприемчива нација.
Бранд во тој контекст се осврна и на книгата издадена во 2009 година , наречена “Стартап нација“ од авторите Дан Сенор и Саул Сингер, кои што израелското стартап чудо го објаснуваат со два главни фактори: задолжителниот долготраен воен рок и имиграцијата. Авторите веруваат дека израелската армија на идните потенцијални претприемачи им пружа можност да развијат разни вештини и остварат многу контакти. Како што објасни и самиот Бранд, во нивната војска не е толку строго поставена хиерархијата како што е тоа вообичаено за армиски систем.
“Во средина каде што исклучително се цени креативноста и интелигенцијата, вие можете на вашиот претпоставен да му кажете дека не е во право за нешто и да понудите подобро решение, без оглед на неговиот ранг. На 19-20 години може да дојдете во ситуација да командувате со единица од 20 луѓе, што за толку млад човек е голема одговорност, но и градење искуство и менаџерски вештини што потоа имаат големо значење во развојот на кариерата по воениот рок. Приморани сте со минимум инструкции од врвот, да се снаоѓате, носите одлуки, импровизирате, дури и ако тоа понекогаш значи кршење на некои правила.“, истакна Бранд.
Имиграцијата пак, има, исто така голема улога во израелскиот економски подем. “На имигрантите не им е непознато да почнуваат сè од почеток. Тие по дефиниција се преземачи на ризик. Па така, нацијата на имигранти станува нација на претприемачи. Израел многу пати во историјата била земја на имигранти, 9 од 10 еврејски Израелци денес се имигранти или потомци на имигранти од прва или втора генерација. Оваа специфична демографија, е голем поттик за пробување на среќата и преземање ризик, затоа што имигрантите немаат што да загубат“, велат авторите на “Стартап нација“.
Додека пак , Мизрахи при нашата неодамнешна посета објасни и дека во Ерусалим, познат по кревките меѓурелигиски и меѓуетнички односи и вечно на работ на конфликти, успеале да направат рај за стартапите, во што помогнала и платформата Made in Jerusalem – MadeinJLM, непрофитна организација која што ги поврзува претприемачите, истражувачко – развојните центри, универзитетите и научните институти, инвеститорите и сето тоа со цел да се развива ерусалимскиот иновациски екосистем.
“Основан е во 2012 година, сега MadeinJLM има повеќе од 500 стартапи во својот екосистем, од кои што 150 во биотехнолошката индустрија, 250 во интернет, мобилниот и софтверскиот сектор, 100 во чиста енергија, микропроцесори и индустриски технологија. Во последниве три години повеќе од 100 стартапи годишно се отвораат во Ерусалим. Во 2015 година Time магазинот го одбра Ерусалим како еден од петте најбрзо растечки технолошки хабови во светот, а од 2013 година досега се инвестирани над една милијарда долари во ерусалимските стартапи “, истакна Мизрахи. И, тој, како и речиси сите останати соговорници што имавме прилика да ги запознаеме при нашата посета на израелскиот стартап екосистем истакнуваа дека невообичаените околности во кои што се развивала израелската држава, проблематичните односи со Палестинците и околните арапски држави што наметнуваат постојан ризик од судири и воена состојба, уште повеќе ја зголемуваат зачуденоста на светот околу неверојатниот подем на стартап културата на Израел. Но, како што истакна Мизрахи, сето ова од друга страна ги натерало тамошните претприемачи да бидат страшно креативни и интуитивни.

Економски дискрепанции во стартап нацијата

„Вие во Македонија како претприемачи може да размислувате за пробив во регионот прво, пред да развивате стратегија за глобална експанзија на вашите продукти. Ние во Израел не можеме да си го дозволиме тоа. Свесни сте кој е нашиот регион, така? Каде ние ќе одиме надвор од Израел, ако не веднаш на светскиот пазар? Вие од Скопје и со автомобил може да стигнете до Виена за десетина часа, ние мораме за сите комуникации со Европа да користиме скапи авионски билети. Затоа ние ги натеравме сите светски технолошки гиганти да дојдат кај нас, и покрај сите ризици што ги носи Израел. Зошто дојдоа? Затоа што видоа дека има многу креативен талент на едно место, многу потенцијал за развој на продукти со висока додадена вредност, и голема поддршка од државните фондови. Сите отворија свои истражувачки центри, и во соработка со нашите универзитети и стартап акцелераторите се создава синергија која резултира со продажби од неколку милијарди долари по стартап. Вие во Македонија не смеете да се рекламирате како дестинација на ниски плати. Ако дојде еден Cisco заради ниските плати, тие ќе останат ниски. Но, ако дојде заради талентот и квалитетот на инженерите, тогаш платите ќе растат “, поентираше Мизрахи.
А, кога сме кај платите, високата иновативна култура и лансирањето на голем број технолошки решенија во речиси сите области на науката, допринело и до висока додадена вредност во израелската економија, којашто денес може да се пофали со бруто домашен производ од преку 43 илјади долари по глава на жител, и просечна плата од нешто над 3.000 долари месечно, според најновите податоци на Централното биро за статистика. Очекувано, најплатени позиции во израелската економија се оние во информатичкиот сектор, каде што припаѓаат и големиот број на технолошки компании и стартапи, чиишто вработени земаат околу 6.300 долари во просек месечно, следени од финансиско – осигурителниот сектор, со околу 5.800 долари просечна плата. Најниско платен сектор во Израел е хотелско – угостителскиот, со просечна плата од само 1.500 долари, додека најниската гарантирана плата во земјата е околу 1.000 долари. Меѓутоа, овие илјада долари нема да ви завршат многу работа кога ќе се земат предвид високите трошоци за живот – просечна кирија во стан со една спална во центарот на Тел Авив е 1.500 долари месечно, надвор од центарот околу 1.000 долари. Купувањето на стан пак е исто така голем предизвик, со оглед дека просечната цена за м2 во центарот на Тел Авив е речиси 12.000 долари, додека кон периферијата е околу 8.000 долари. Водата е скапоцен ресурс во Израел, па шише од 1,5 литар во маркетите е 1,5 долар, додека кутија цигари е 10 долари. Израел има и предизвици, како што велат нивните локални медиуми по повод најновите статистики за платите, како на пример фактот што тие се многу лошо дистрибуирани во економијата, односно, 66,5% од вработените се во сектори што се под националниот просек од 3.000 долари месечно. Се разбира, ова се бројките што важат само за територијата на Израел што е под управа на Владата во Ерусалим, додека териториите под палестинска управа имаат сосема друга економска слика, каде што владее голема невработеност од речиси 30%, БДП по глава на жител помеѓу 1000 и 2000 долари и популација под линијата на сиромаштија од преку 30%, исто така.

btrhdr

Очилата за луѓе со оштетен вид на израелската компанија OrCam прво во Македонија ќе ги добие девојче од Битола

OrCam е основана од Амнон Шашуа и Зив Авирам, луѓето коишто претходно се основачи на Mobileye, компанија за развој на интелигентни решенија за безбедно возење во сообраќајот. Mobileye стана планетарно позната кога во 2017 година беше преземена од страна на Intel за 15 милијарди долари, најголемата аквизиција некогаш направена на израелска компанија.

Нема премногу технолошки решенија во светот денес што може да им го олеснат животот на слепите луѓе и на оние со делумно оштетен вид, но за нивна среќа во Ерусалим работи компанијата OrCam, којашто има развиено направа што може многу да им го промени животот.

Ние имавме привилегија да ја посетиме и оваа израелска компанија, којашто има свои канцеларии и во Њујорк, Лондон и Торонто. Двајца членови од топ менаџментот на OrCam ни објаснија како функционира нивниот уред OrCam MyEye, лансиран во 2015 година, а денес на пазарот е веќе втората генерација MyEye 2. Се работи за мал уред, којшто со помош на вградена камера и алгоритам што работи со помош на вештачка интелигенција им помага на лицата со загубен или делумно оштетен вид да прочитаат текст, да идентификуваат лица, објекти, баркодови на продукти, итн.
Уредот со големина на запалка се прикачува на било каква рамка од очила, со помош на камерата го скенира текстот од книга, весник, флаер, мени од ресторан, таблет и сл., и потоа алгоритамот го претвора во вербално кажани зборови коишто корисникот ги слуша преку малиот звучник вграден во MyEye 2.
Камерата може и да скенира лица, што потоа уредот ќе ги запомни и при повторно приближување на дотичното лице до корисникот на MyEye тој ќе му сигнализира кој всушност е пред него. Уредот им помага на корисниците и да дознаат колку е часот, а може да им помогне и да купуваат во продавница така што ги чита баркодовите на стотици илјадници продукти коишто се претходно внесени во меморијата на уредот.
Корисниците на MyEye со помош на дваесетина интуитивни команди активирани преку глас можат полесно да управуваат со уредот, чијашто цена на светскиот пазар е околу 4.500 долари.

Во OrCam ни кажаа дека се свесни оти цената на уредот е превисока за повеќето од луѓето на планетава за да може сами да го набават, па затоа нивната стратегија е да работат со државни здравствени фондови, хуманитарни организации и сл., коишто целосно или делумно би ја покривале цената на набавка. Ни открија и дека и со македонските здравствени власти се разговара за набавка на уредите MyEye со што би им се помогнало на слепите и лицата со оштетен вид во земјава. Прво што ќе го користи овој уред е девојче од Битола, за што веќе се договорени сите детали.
Инаку, OrCam е основана од Амнон Шашуа и Зив Авирам, луѓето коишто претходно се основачи на Mobileye, компанија за развој на интелигентни решенија за безбедно возење во сообраќајот. Mobileye стана планетарно позната кога во 2017 година беше преземена од страна на Intel за 15 милијарди долари, најголемата аквизиција некогаш направена на израелска компанија.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“