Connect with us

менаџмент / маркетинг

Од прва рака: со една добитничка на стипендија на „најкул“ докторските студии во Хрватска и регионот

Знаења на иднината

објавено

на

Доротеа Маркасовиќ од Осиек, добитничка на стипендијата за моментално најпопуларните докторски студии во Хрватска – студиите по  Бизнис економија во дигиталната средина – зборува за искуствата, познанствата и можностите што ги добила со враќањето во студентските клупи. Конкурсот за четвртата генерација на овие докторски студии е во тек и трае до 30 октомври, а може да аплицираат и студенти од Македонија.

Секој што сака да работи на себе, а му недостига мотивација,  нека помине малку време со Доротеа Маркасовиќ од Осиек и сигурно веднаш ќе добие желба за учење. Таа 30-годишна девојка навистина има дух и тоа е нешто што не може да се научи; многу е инспиративна и – сигурни сме! – таа би била одличен мотивациски говорник, пишува хрватскиот магазин Story.

„Ви благодарам, ми дадовте идеја за уште една кариера!“, низ смеа вели Доротеа, сопственичка на две универзитетски дипломи – од Градежниот и Економскиот факултет во Осиек – а во иднина и докторат по Бизнис економија во дигитално окружување. Имено, минатата година, благодарение на конкурсот на Story, Доротеа  доби стипендија за овие докторски студии, коишто во траење од шест семестри, заеднички ги  организираат Катедрата за економија и бизнис економија на Универзитетот во Дубровник и Факултетот за економија при Загрепскиот Универзитет.  Дека стипендијата навистина отишла во вистински раце говори и податокот дека Доротеа беспрекорно ги совладала сите досегашни обврски – со просечна оценка 5,0.

„Сакав и претходно да се запишам на докторски студии, па се пријавив на разни конкурси кои не дадоа плод. Бидејќи често ги пребарував поимите ‘докторат’ и ‘стипендија’ на компјутер, еден ден само се појави конкурсот на Story. Се пријавив,  но и кога ми рекоа дека сум во потесниот избор и дека ќе ме повикаат на интервју, сепак се прашував дали е тоа некаква  шега.

„Меѓутоа, кога на интервјуто видов кој сѐ е во комисијата и на кое ниво е сето тоа организирано, сфатив дека се работи за врвна класа“, се присеќава Доротеа. Кога конечно ја известиле дека таа е избрана меѓу неколку стотици кандидати и дека, благодарение на тогашната стипендија од 110.000 куни (околу 15.000 евра, н.з.), ќе се врати во „студентските клупи“, солзите сами и потекле.

Пракса со проекти применливи во реалниот сектор

Минатата година, благодарение на конкурсот на Story, Доротеа Маркасовиќ  доби стипендија за докторски студии по Бизнис економија во дигитално окружување, коишто во траење од шест семестри, заеднички ги  организираат Катедрата за економија и бизнис економија на Универзитетот во Дубровник и Факултетот за економија при Загрепскиот Универзитет.  
(Фото: Роберт Гашперт)

Дури 30% од работните места кои постојат денес се измислени во изминатите пет години, а до 2030 година, 60% од новите работни места ќе бараат вештини кои моментално ги поседува само околу 20% од населението. Проф. д-р. Небојша Стојчиќ, проректор на Универзитетот во Дубровник, вели дека во текот на развојот на студиите ја дефинирале дигиталната трансформација како централна водечка нишка во деловната економија на иднината. Концептуално, студиите се поделени на пет тематски поврзани модули (дигитален бизнис, менаџмент, маркетинг, туризам и меѓународен бизнис). Наменети се подеднакво за учесниците од бизнис секторот, кои во условите на дигитална трансформација гледаат можност за унапредување на бизнисот и подобрување на конкурентноста; но и на научниците, кои својот научен пат го гледаат во проучувањето на бизнисот во дигитално опкружување, како и на сите кои – исто како Доротеа – веруваат дека образованието е најдобрата инвестиција.

„Студиите  се навистина интересни и инспиративни, а најмногу ми се допаѓа што го проширив кругот на познаници и запознав луѓе од различни интереси и од различни сектори. Во нашата генерација сме околу 20 луѓе од ИТ секторот, автомобилската индустрија, туризмот, градежништвото…, има и постари колеги, дури и оние со над 50 години,  и навистина е интересно да се слушаат нивните искуства“, вели Доротеа, истакнувајќи дека би сакала повеќе факултети, исто како нејзиниот, да имаат практика на работа на теми кои се применливи за реалниот сектор. Па така, во изминатата академска година заедно со колега  од докторските студии по Бизнис економија во дигиталното окружување, а  во соработка со колеги од Факултетот за агробиотехнички науки од Осиек осмислија  проект на студентски натпревар во биоекономија и веднаш го освоија првото место во Хрватска.

„Задачата беше да дизајнираме процес или производ од областа на биоекономијата, а нашата идеја беше да ги замениме класичните плочници и површини, на пример оние во детските паркови, со мешавина од набиени панели направени од текстил поврзани со природен врзиво. Досега беше пракса сите тимови кои беа први во своите земји да добиваат покана во Брисел, оваа година сепак направија некакви  меѓу-етапи , па стигнавме до квалификациите за финале, но на крајот не бевме избрани меѓу трите најдобри тимови во ЕУ кои добија можност лично да го претстават својот проект во Брисел.

Тие ни замерија  дека во оваа фаза не го решивме прашањето за ослободување на микропластиката од текстилот во влажната средина. Сепак, сознанијата  што ги добивме се доста вредни и ни даваат ветер во грб да продолжиме да работиме на проектот“, вели Доротеа, среќна што нејзините докторски студии ѝ овозможија едно такво искуство. И среќна е што има можност да слуша и бројни експерти од меѓународни универзитети како гости-предавачи. Наскоро заедно со колегите од докторатот ќе отпатува за Дубровник каде ќе пристигнат двајца професори од американски универзитети. Покрај усовршувањето на знаењето од областа на статистиката, тие ќе го вкусат студентскиот живот на југот на Хрватска, ќе го почувствуваат пулсот на Дубровник и ќе уживаат во престојот во најмодерниот студентски дом во Хрватска.

Наскоро заедно со колегите од докторатот ќе отпатува за Дубровник каде ќе пристигнат двајца професори од американски универзитети. Покрај усовршувањето на знаењето од областа на статистиката, тие ќе го вкусат студентскиот живот на југот на Хрватска, ќе го почувствуваат пулсот на Дубровник и ќе уживаат во престојот во најмодерниот студентски дом (на фотосот) во Хрватска.

Воведување технологии во образовниот процес

За време на докторските студии за Бизнис економија во дигитално окружување, покрај полагањето испити и учеството на работилници, се очекува студентите да презентираат и на научна конференција и да објават труд во едно од релевантните научни списанија. Овие докторски студии беа меѓу првите што воведоа технологии во образовниот процес. Доротеа, исто така, со нетрпение очекува да ја посети лабораторијата за невромаркетинг на Катедрата за економија и бизнис економија на Универзитетот во Дубровник.

„Невромаркетингот ги мери мозочните реакции кога сме изложени на различни стимулации, на пример реклами. Користејќи современи алатки, нашите студенти графички ги прикажуваат и анализираат функционалните процеси во мозокот кога донесуваат одлука да купат одреден производ, избираат одредена дестинација, капацитет за сместување,  услуга и слично. Ова е, заедно со уште една во Загреб, единствената таква лабораторија каде студентите со помош на специјални уреди за следење на движењата на очите и изразите на лицето, психогалванометар, електроенцефалограм и електромиограм, се обидуваат да разберат како потрошувачите потсвесно го доживуваат маркетиншките стимуланси,  и ги идентификуваат факторите кои влијаат и ги менуваат перцепциите на потрошувачите.“ , објаснуваат професорките д-р Барбара Пух и проф. д-р Ивана Павлиќ.

Докторските студии по деловна економија во дигитална средина, за која моментално се отворени уписите, трае три години или шест семестри, а Доротеа како корисник на стипендијата има обврска да ја заврши до 31 декември 2025 година. Вели дека нема проблем да учи, дури и со редовна работа, и навистина се радува на предавањата во петок и сабота, а кога нешто ќе „заглави“, професорите и колегите се секогаш тука за да помогнат.

„Многу ми значи оваа култура на карактери што се случува, иако, повторувам, сме од различни факултети, различни интереси, различни возрасти, некако се најдовме, добро се сложуваме, а за да ги положиме испитите полесно, и се наоѓаме на заеднички онлајн состаноци, го поминуваме материјалот и си помагаме едни на други“, вели Доротеа.

Поради многубројните интереси, Доротеа има дилема што да избере за својата докторска теза, но некако би отишла во насока на менаџмент на зелени проекти и макроекономија, односно инвестиции од тој аспект.

„Имам многу проекти во главата. Колегите ми велат дека сум една од оние што наутро кога ќе се разбуди има три нови идеи“, вели Доротеа, која, покрај постојаната работа во една осиечка компанија и докторатот, напиша и сликовница која, верува дека би можела да биде новиот Хари Потер, сценарио за серијата, инспирирано од филмот „Паразит“, а сака и дополнително да ја развие идејата за „зелени“ плочи за покриви.  Со нејзиниот ентузијазам, нема сомнеж дека допрва ќе се слуша за оваа девојка.

(Текстот е преземен од хрватскиот магазин Story, а направен е во соработка со Универзитетот во Дубровник)

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи