Connect with us

регион

Од следната година заеднички пазар на трудот за Македонија, Србија и Албанија

објавено

на

Вучиќ, Рама и Заев во Тирана на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ договорија заедничкиот пазар на трудот. Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, за РТС изјави дека очекува да добиеме заеднички пазар на трудот, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, особено фитосанитарни и да нема проблеми што ја чинеа економијата многу пари, пренесе МИА.

Вучиќ, Рама и Заев во Тирана на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ договорија заедничкиот пазар на трудот. Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, за РТС изјави дека очекува да добиеме заеднички пазар на трудот, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, особено фитосанитарни и да нема проблеми што ја чинеа економијата многу пари, пренесе МИА.

Чадеж изјави дека на Самитот ќе биде договорен и стратегискиот план за 2022 година и „Отворен Балкан“ не е збир на потписи и договори, туку идеја за мир и просперитет во дел на Европа кој отсекогаш се сметал за проблематичен, особено сега во ситуација на економска криза, енергетска криза, криза во транспортот и работна сила.

Тој оцени дека ова е историски самит и голем ден за регионот. Долго време се работеше, тој раскол е надминат и се создаде нова доверба.

„Имав можност да бидам во Ниш и да работам со министрите на сите три земји, 160 луѓе од јавната администрација на трите земји работеа на тешки теми за да се постигне договор“, кажа Чадеж.

Тој потсети дека и претходно биле потпишани меморандуми за соработка, а, нагласи, сега се готови договорите кои овозможуваат на почетокот на следната година да имаме заеднички пазар на труд.

„Очекуваме да добиеме заеднички пазар на труд, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, фитосанитарни, за да немаме проблем што ја чинеа економијата многу пари“, посочи претседателот на Српската стопанска комора.

Утрешниот состанок на лидерите е искрена желба да се создаде заеднички пазар во сегашните три економии и покана до соседите да се вклучат, економиите кои моментално не се дел од иницијативата се психолошкиот дел од иницијативата, подвлече Чадеж.

„Можете да видите конкретни работи, овде гледате да кога камионот ќе тргне некаде – побрзо пристигнува од пред месец дена, ако најдете работа во Скопје, Валона или Белград, не ви требаат три месеци да барате бирократски начини да се вработите, туку тоа го правите за еден ден“, објасни Чадеж.

Тој смета дека иницијативата „Отворен Балкан“ претставува момент на приближување кон регионот на ЕУ.

„Кога ќе погледнете како се развиваше ЕУ и која беше новата надеж на тогашна Европа, која беше затечена од омраза и од војни, тоа тргна од економијата. Најважна работа е довербата преку заедничката работа на лидерите и бизнисмените, што се прелеа и во политиката“, оцени Чадеж.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал