Connect with us

економија

Од утре почнува аплицирањето за „Ковид 4“ бескаматната кредитна линија за компании

објавено

на

Максималниот износ на кредит е 30.000 евра, додека минималниот износ на кредит е 3.000 евра. Кредитите од ,,Ковид 4” ќе имаат грејс-период до 12 месеци и период на отплата до 42 месеци.

Од утре, 15 јули, од 09:00 часот започнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија ,,Ковид 4”. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 7 јули 2021 година, а ќе трае 20 дена.

За кредит со можност за грант компонента до 50%, односно 15.000 евра, може да аплицираат трговски друштва од дејноста на угостителството, транспортот, туризмот и ивент индустријата; приватни здравствени установи (ПЗУ), трговци-поединци (ТП) и занаетчии од сите дејности. Субјекти кои користеле средства од Мерка 1 од петтиот сет економски мерки за финансиска поддршка на плати за февруари и март од Управата за јавни приходи (УЈП) и субјекти кои користеле кредит од ,,Ковид 3” нема да може да користат кредит од ,,Ковид 4”. Субјекти кои користеле кредит од ,,Ковид 1” и/или ,,Ковид 2” и немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање (15 јули 2021) ќе може да користат кредит од ,,Ковид 4”.

Максималниот износ на кредит е 30.000 евра, додека минималниот износ на кредит е 3.000 евра. Кредитите од ,,Ковид 4” ќе имаат грејс-период до 12 месеци и период на отплата до 42 месеци.

Износот на кредит кој може да биде одобрен за субјектите зависи од падот на приходите во 2020, во однос на 2019 година, и тоа:

(1)     Субјекти со пад на приходи од 30 до 50 проценти може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува: 15.200 денари х 3 месеци х број на вработени; и

(2)     Субјекти со пад на приходи над 50% може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува: 22.000 денари х 3 месеци х број на вработени.

Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат пад на приходите од најмалку 30% во 2020 во однос на 2019 година, како и главница и резерви не помалку од 33% од износот на бараниот кредит. Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде ,,прв дојден, прв услужен”.

Корисниците на кредит од оваа кредитна линија ќе може да побараат грант компонента до 50% од износот на кредит. Субјектите кои ќе покажат раст на вработените во 2021 во однос на 2020 за најмалку 5%, ќе може да користат грант од 20%. Субјектите кои ќе покажат раст на вкупните приходи за најмалку 10% за истиот период, ќе може да користат грант од 30%. Субјектите кои ќе ги зголемат и вработените и вкупните приходи, ќе може да користат грант од 50% од износот на кредитот.

Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата kreditiranjecovid4@mbdp.com.mk, почнувајќи од 15.07.2021 година од 09:00 часот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал