Connect with us

start up

Од 2015-та над 200 милијарди долари се вложени во европски стартапи

објавено

на

Шест земји – В. Британија, Шведска, Турција, Германија, Естонија и Шпанија имаат технолошки стартапи што успеале да приберат повеќе од една милијарди долари во капитал.

Европа во последнава деценија стана центар на иновациите и може да се пофали со одлично финансирани технолошки стартапи, вклучително и „еднорозите“ (стартапи што преминуваат вредност од една милијарда долари) како шведскиот Northvolt или германскиот Celonis. Технолошкиот бум се шири по целиот континент, а стартапите што имаат седиште во Европа повеќе не се резервирани само за големите градови како Берлин, Стокхолм или Лондон, туку квалитетни иновации и технолошки компании се’ почесто се појавуваат и надвор од веќе востановените технолошки жаришта, пишува CB Insights.

Според податоците на сајтот, од 2015 наваму повеќе од 200 милијарди долари се вложени во европските стартапи, што ги вклучува и инвестициите во водечките технолошки еднорози како Bolt во Естонија или Glove во Шпанија.

Најдобро финансиран стартап во Европа е британската широкопојасна сателитска компанија OneWeb, со 5,2 милијарди долари во сопственички капитал. Следи шведскиот Northvolt (4 милијарди долари), којшто произведува одржливи батерии, како и е-трговецот Trendyol во Турција со 1,5 милијарди долари. Заедно, стартапите на инфографиката имаат собрано 21,3 милијарди долари капитал.

Четиринаесет од 38 компании на инфографиката се еднорози со вредност поголема од една милијарда долари, а пет највисоко проценети европски еднорози се Celonis од Германија, специјализиран за процесирање на податоци (11 милијарди долари), Northvolt (9,1 милијарди долари, Шведска), Mollie (6,5 милијарди долари, Холандија, процесирање на плаќања), Bolt (4,8 милијарди долари, Естонија) и Vinted (4,5 милијарди долари, Литванија, онлајн трговија). Шест земји – В. Британија, Шведска, Турција, Германија, Естонија и Шпанија имаат технолошки стартапи што успеале да приберат повеќе од една милијарди долари во капитал.

Македонија не се наоѓа на оваа стартап карта на Европа, а од земјите во окружувањето, Србија може да се пофали со крипто стартапот Tenderly, којшто собрал 21,9 милиони долари, Хрватска со Gideon Brothers, со 36,7 милиони долари, која што е од областа на роботиката и вештачката интелигенција.

банки1 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите