Connect with us

македонија

Ознаката за доверба поттикнува донации од бизниси и граѓани

објавено

на

Ознаката за доверба претставува саморегулирачки систем кој има за цел на индивидуалните и на корпоративните донатори да им го олесни изборот на граѓански  организации од доверба во коишто сакаат да донираат и да ги поддржат.

Што претставува ОЗНАКА ЗА ДОВЕРБА?

За да добиеме вистински одговори на ова прашање, го посетивме штандот на Конект што беше дел од фестивалот на Цивика мобилитас – „Ден на граѓанските организации и социјални претпријатија“ што се одржа во саботата во Скопје. Tимот на Конект детално нѝ ги објасни предностите од стекнување со оваа ознака.

Ознаката за доверба претставува саморегулирачки систем кој има за цел на индивидуалните и на корпоративните донатори да им го олесни изборот на граѓански  организации од доверба во коишто сакаат да донираат и да ги поддржат. Ознаката за доверба се доделува на организации што доследно работат за своите мисии, ги штитат интересите на корисниците и донаторите, создаваат вистински промени во заедниците, работат домаќински и одговорно со средствата што граѓаните, бизнисите и институциите им ги донираат. Работат во поширок јавен интерес и тоа одговорно и отчетно го комуницираат во јавноста.

За добивање ознака за доверба можат да аплицираат регистрирани здруженија и  фондации коишто активно работат најмалку една финансиска година. Граѓанските организации коишто веќе ја имаат добиено ознаката за доверба успешно ја поминале фазата на самооценување, за потоа Конект и одборот од експерти и професионалци од различни области  извршил проверка на целата документација поврзана со работењето на организацијата.

„Ознаката за доверба ни служи да нѐ препознаат корпоративните донатори. Проверката и поврзувањето што го организира Конект им помага на бизнисите полесно да се одлучат да ни донираат.“ – изјави Маргарита Гулевска, извршна директорка на Отворете ги прозорците, организација со ознака за доверба, истакнувајќи ги придобивките.

Приватниот сектор сè повеќе учествува во поддршката за решавање на проблемите во општеството, а компаниите сè почесто бараат партнери помеѓу граѓанските организации.

Донирањето и поддршката на организациите со ознаката им го олеснува изборот на донаторите и заштедува време на проверки и претходни анализи.

 „Ознаката за доверба се стреми долгорочно да ја засили соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис заедницата, донаторите и јавните институции. Ние во Конект работиме со сите нив и меѓусебно ги поврзуваме. Ознаката за доверба поставува стандард за добро работење и алатката за организациски развој на граѓанските организации коишто се природен партнер на граѓаните и компаниите кои се нивни донатори и поддржувачи” – ни објасни Виктор Мирчевски, програмски раководител во Конект.

Сите дополнителни информации, најдете ги на www.konekt.org.mk како и социјалните мрежи, или закажете состанок за лично да ги добиете сите потребни информации.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас