Connect with us

здравје

ОКТА со нова донација на брзи тестови за детекција на COVID-19

објавено

на

Ова е трета донација на ОКТА на Клиниката за инфективни болести од почетокот на пандемијата.

ОКТА обезбеди 1.300 брзи тестови за откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот, наменети за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Се работи за тестови кои овозможуваат брза детекција на присуството на корона вирусот, со што се овозможува забрзување на целокупниот третман на пациентите и се помага во ефикасно спречување на натамошното ширење на инфекцијата.

И оваа, најнова донација на ОКТА во борбата против COVID-19 пандемијата, е спроведена во координација со Министерството за здравство, согласно нивните проценки за приоритетните потреби на здравствениот систем.

„Ова е трета донација на ОКТА на Клиниката за инфективни болести од почетокот на пандемијата. Свесни сме дека само преку континуирана поддршка и со заеднички напори може да придонесеме за што побрзо пребродување на оваа здравствена криза која има влијание врз сите нас. Со набавка на тестовите за брза детекција на вирусот остануваме посветени на нашата грижа за заедницата, како еден од основните елементи на стратегијата за општествена одговорност на ОКТА“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ.

Новата количина тестови се надоврзува на претходната донација на ОКТА од 3.000 серолошки тестови кои исто така беа набавени за потребите на Клиниката за инфективни болести, како здравствена установа во која се третираат најголемиот број случаи на COVID-19 и која го понесе најголем товар на пандемијата.

„Поддршката која константно ја добиваме од бизнис секторот е од огромно значење за здравствениот систем во справувањето со пандемијата. ОКТА беше меѓу првите донатори на медицинска опрема уште на почетокот на кризата, а со обезбедувањето на овие брзи тестови повторно на дело го потврдија статусот на општествено одговорна компанија“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Од почетокот на пандемијата до сега, ОКТА реализираше неколку донаторски проекти наменети за намалување на последиците од здравствената криза, како дел од нејзината стратегија за општествена одговорност. Имено, во текот на мината година компанијата набави неопходна медицинска опрема, а потоа и серолошки тестови за Инфективната клиника, додека на почетокот на новата учебна година беа донирани 30 лаптопи и 10.000 заштитни маски за потребите на основните училишта во Општина Илинден.

Continue Reading
интервју7 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

банки1 недела ago

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението