Connect with us

економија

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

објавено

на

Конференцијата е завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис-сектор“ финансиран од Европската унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникациии во партнерство со Конект и Здружението на даночни советници. 

Во петок, на 22 јануари, со почеток во 11ч. ќе се одржи онлајн конференција „Бизнис без корупција, којашто е всушност завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис-сектор“ финансиран од Европската унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникациии во партнерство со Конект и Здружението на даночни советници. 

На конференцијата ќе биде претставен придонесот на проектот кон:  проценка на транспарентноста, отчетноста и ризиците од корупција во јавните претпријатија; развојот на меѓусекторски механизми за дијалог за намалување на корупцијата во бизнисот; пристапот до локални алатки за зајакнување на интегритетот и засилување на капацитетите на приватните бизниси за спречување и борба против корупцијата.

На конференцијата свое обраќање ќе имаат врвни учесници од странство, како претставникот од Делегацијата на ЕУ, ЕБОР, Швајцарската мрежа на Глобалниот договор, владини преставници, но и од домашни лидерски компании кои применуваат системи за интегритет штитејќи се од корупција и нејзините неповолни влијанија на бизнисот.

Конференцијата ќе ги претстави пионерските ефекти на проектот за спречување и борба против корупцијата во бизнис-секторот.

„Сузбивањето на корупцијата во бизнисот е можно кога од една страна, компаниите ќе создаваат култура на интегритет, деловната етика, примена на високи стандарди и превентивни механизми против корупцијата, а од друга страна преку меѓу-секторски дијалог и заедничко работење на сите чинители ќе се креира бизнис околина којашто ќе поттикнува чесен бизнис.

Во рамките на спроведувањето на проектот создадовме заедница од повеќе од 200 претставници на приватниот сектор, подготвени да направат чекор напред и проактивно да воведат мерки за интегритет. Тие ќе ја збогатат конференцијата со своето присуство заедно со релевантни институции, стопански комори, граѓански организации кои работат во областа на спречување на корупцијата, како и гости-говорници од ЕУ кои ќе ги споделат своите стручни совети. Овој настан ќе креира насоки за понатамошен напредок во оваа област кај сите засегнати страни.“, велат организаторите на настанот.

Сите заинтересирани можат своето учество да го потврдат на konekt@konekt.org.mk по што ќе добијат информации за онлајн просторот на конференцијата.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација