економија
Онлајн настан за професиите на иднината

“Future of work” ќе се одржи денеска, 08.11.2021 со почеток во 17:00 часот со три панел дискусии и осврт на прашањето „Кои се во иднина потребните професии и кариери кои во денешно време недостигаат на пазарот на труд“ кои ќе бидат анализирани од три засегнати страни: Академија – Универзитети, Неформални академии и тренинг центри и Интрапретприемништво во компаниите, со препораки за тоа како да изградиме капацитети за претприемачи во Северна Македонија.
Начинот на вршење на работата во светот постојано се менува. Додека некои работни места ќе бидат отворени и понатаму, други пак ќе се затвораат, а речиси сите ќе се променат. Последната година многу ги забрза трендовите за дигитализација на работните места и ги натера организациите да бидат агилни и да ги преиспитаат и реструктуираат своите работни места. Стартам Македонија и Македонски Телеком организираат настан кој разгледува три перспективи за иднината на работата и работните места.
“Future of work” ќе се одржи денеска, 08.11.2021 со почеток во 17:00 часот со три панел дискусии и осврт на прашањето „Кои се во иднина потребните професии и кариери кои во денешно време недостигаат на пазарот на труд“ кои ќе бидат анализирани од три засегнати страни: Академија – Универзитети, Неформални академии и тренинг центри и Интрапретприемништво во компаниите, со препораки за тоа како да изградиме капацитети за претприемачи во Северна Македонија.
Zoom link за регистрација 👇 – https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZEqdeyvqjgjHdK_R7oEoTYVM9N9oaN8G3Kh
Доколку сакате да се информирате за тоа што прават Универзитетите, Неформалните академии и Компаниите во насока на поддршка на работните места од иднината, и каде ја согледуваат потребата од дополнително подобрување, Ве покануваме да присуствувате на овој настан. На настанот сте добредојдени сите вие кои што можеби размислувате да продолжите со високо образование, да се запишете на курс за да научите нова вештина, обука или слично, или пак се интересирате да научите како функционира интрапретприемништвото во неколку компании.
Агенда:
17:00 -17:15 Официјално отварање на настанот
17:15 – 17:20 Пауза
17:20 -17:30 Keynote говорник – Mario Steinbuch – Entrepreneur – Lecturer – Advisor // Co-Founder & MD @ 36 Chambers 17:30 – 18:20 Сесија 1: Универзитетите – Столбот на економијата
Модератор: Верица Јорданова – Иновативност
Панелисти: Владимир Трајковиќ – УКИМ; Шенер Билали – ИБУ; Мишко Џидров – УГД; Азир Алиу – УЈИЕ
18:20 – 18:25 Пауза 18:25 – 19:10 Сесија 2: Неформални академии и центри за обука
Модератор: Дане Јосифовски ИМЕ
Панелисти: Весна Иваноска – SEDC; Петар Ниновски – Brainster;
Мартина Наумовска – Data Masters; Николина Цветановска – Monday Learning;
19:10 – 19:15 Пауза 19:15 – 20:00 Сесија 3: Интрапретприемништво и компании
Модератор: Елена Младеновска Јеленковиќ – М6 Едукативен Центар
Панелисти: Гоце Митевски – Телеком; Ива Јанковиќ – BetahausX; Елена Драгановска – Inplayer