Connect with us

македонија

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

Медиумски хаос во време на пандемија

објавено

на

Не е многу тешко да се разбере на какви маки е новинарската професија во време на пандемија исправена пред предизвикот како да си ја исполни основната мисија –  професионално и навремено известување, во услови кога официјалните извори на информации секојдневно ги менуваат ставовите, насоките и препораките до граѓаните

Не е многу тешко да се разбере на какви маки е новинарската професија во време на пандемија исправена пред предизвикот како да си ја исполни основната мисија –  професионално и навремено известување, во услови кога официјалните извори на информации секојдневно ги менуваат ставовите, насоките и препораките до граѓаните.

Хаосот којшто владее кај оние кои (треба да) знаат како да борат со вирусот и на кои тоа им е професија неминовно се рефлектира на медиумската сцена – медиумите во чекор ја следат хистеријата тотално и самите несигурни во веродостојноста или барем во времетраењето на информациите што ги пласираат.

Брзината со којашто се менуваат сознанијата за вирусот (кој за да биде бељата поголема – исто мутира и се менува) не дава спокој дека вашите читатели ќе можат и утре да се потпрат на тоа што сте го напишале денеска, без разлика дали таа информација е обработена според сите начела на Кодексот на новинари, оти не е исклучено и самите официјални претставници да го променат ставот врз основа на некоја нова информација од ново истражување. Катастрофата што го погоди човештвото е таква што одговорот мора да се бара и наоѓа „во од“, учејќи секојдневно нови механизми за битката со овој недоволно истражен и непознат непријател.

И ова се маките на професионалните редакции и медиумски работници, кои ја бараат вистината и си ја вршат работата притиснати и од финансиските слабости со кои се соочија медиумските куќи и од силната динамика на (прекувремена) работа. Но, тука треба да се додадат оние медиуми на коишто новинарството им е само завеса за криење на вистинските цели – заштита и/или напад на даден центар на моќ… и дури тогаш нештата стануваат прилично комплицирани.

Пандемија од псевдо – медиуми

Македонскиот медиумски простор е премногу децентрализиран и тоа ја прави борбата против дезинформациите комплексна вели комуникологот Сеад Џигал.

„За успешно справување со дезинформациите потребни се професионални медиумски редакции, подигнување на јавната свест и на медиумската писменост и парирање на дезинформациите со вистински важните вести. Само на тој начин можеме да ги ограничиме штетните ефекти на инфодемијата – изобилството информации – некои точни, а некои неточни – што им отежнува на луѓето да најдат веродостојни извори.“ вели тој.

Инфодемијата е особено присутна последнава година со прогласувањето на

пандемијата од Ковид-19. Во Македонија таа е застапена и поради фрагментацијата, политизацијата и депрофесионализацијата на медиумите, смета Џигал.  

„Во смисла на фрагментацијата имаме голем наплив не само на медиуми, нови медиуми, интернет портали, туку на пара медиуми, јас ги нарекувам псевдо – медиуми што се во служба на партиите. Треба да имаме на ум дека македонската јавност е една од најподложните на дезинформации според сите истражувања.“ вели тој.

Ширењето на дезинформациите се врши преку два системи, спонтан односно

аматерски и плански односно организиран систем. Токму затоа, Џигал смета дека  мора да се работи со публиката коа што е изложена.

„Треба посериозно да се работи како од страна на медиумите, експертската јавност но и на институциите. За жал, заштитата на публиката од дезинформациите е многу помала од порано, што придонесува за нивно побрзо ширење. Во отсуство на уреднички филтри и силни медиумски регулаторни тела, секој поединец е медиум сам за себе. Денес повеќето од нас се препуштени на самите себе сами избираме што ќе гледаме, базирано на тоа што кликаме, што гледаме.“ вели тој.

Во напливот на голем број информации поврзани со пандемијата од Ковид-19, а кои постојано се менуваат поради природата на науката и развојот на медицината, но и на самата болест, потребно е медиумите внимателно да ги бираат изворите и правилно да ги контекстуализираат информациите, порачува тој и додава дека во процеси кои се однесуваат на јавното здравје цената на дезинформациите може да биде превисока.

Во опасност се и медиумски писмените

Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе СЕММ, во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела – членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.

Но, како е тоа возможно? На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни – голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат изградено неопходната релација со своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а  брзината со којашто се шират (дез)информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност создава сериозен хаос во којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените. 

„Шокантно: Вирусот е измислен за да исчезне човековиот род“, “ Вакцините ќе содржат чип“, „Шестмина мртви од новата вакцина“, „Коронавирусот е само обичен грип“, „Коронавирусот нема шанса да го преживеете’ „Еминентен доктор тврди дека маските се чиста глупост“ „Овој лек за корона го имате сите дома -направете гаргара со…“  инт. итн,…Овие сензационалистички наслови (често пати и меѓусебно исклучиви, а објавени во ист медиум) секојдневно се среќаваат низ медиумскиот простор, не само во Македонија туку и низ Европа и светот. Пандемијата со коронавирусот се покажа како исклучително поволна за ширење не само на лажни вести, туку и за креација и дистрибуција на цели наративи што директно се судираат со јавниот интерес, правото на граѓаните да бидат вистински информирани (што во вакви времиња може живот да значи) и со битката на науката и напорите на научниците за справување со оваа болест.

Текстови без наведен извор на информацијата, ама и текстови кои се повикуваат на непостоечки научни институти или научници и професори, полуинформации, шпекулации, лаги и спинувања – сето ова зачинето со привлечен наслов полн со сензационализам („нема да верувате“, „видете како“, „скандалозно“, „откриена е големата вистина“, „ова го кријат од вас“….) се совршен рецепт за медиумска катастрофа од која губат и оние кои вистински се борат со болеста и самите граѓани. На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни – голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат потребната релација со  своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а  брзината со којашто се шират (дез)информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност содзава сериозен хаос во којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените. 

Извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева вели дека според анализите на Советот за периодот на пандемијата забележани се случаи на неточно, еднострано и некоректно известување, како прво и главно прекршување на Кодексот, по што следува сензационализам во известувањето, односно прекршување на Членот 8, ама и недистанцирање од политичките субјекти

„Спроведовме глобално истражување во однос на предизвиците на нашите партнерски организации членки на АИПЦЕ и сфативме дека цела Европа се мачи со овој проблем,и таму има сензационалистички вести, еднострано информирање, не се прави разлика меѓу рекламни и информативни содржини… итн., итн.“ вели Тунева.

Речиси 80 проценти од сите претставки што СЕММ ги добил во изминатата година се однесуваат на информации поврзани со коронавирусот:

„Проблем е што има различни информации, динамиката на работа е таква, врз новинарите се создадоа силни притисоци, тие се исто принудени да прават баланс помеѓу известувањето и водењето на сметка да не се поттикне паника и сл. Кога ќе ги искомбинирате сензационалистичкото и непроверено известување добиваме опасна ситуација што може да го загрози јавното здравје. Луѓето знаат да паднат на такви вести непрепознавајќи ги техниките на манипулации, па лекот да го бараат во билки или надрилекарски решенија.“ вели таа.

Тунева исто алармира дека пандемијата ја извадила на површина и нееднаквоста на различните општествени групи потиснувајќи го  гласот на ранливите и маргинализирани групи, или ставајќи ги во виктимизирачка рамка на известување,

Глобален проблем

Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните.

Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе СЕММ, во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела – членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.

Истражувањето на СЕММ, коешто е прво од ваков вид во глобални рамки, според УНЕСКО е проект што многу помага во детекција на критичните точки и во креирање на една појасна слика за медиумската состојба низ континентот:„Задоволни сме што преку проектот финансиран од ЕУ го поддржавме објавувањето на ова истражување. Во УНЕСКО, силно веруваме дека советите за етика имаат критична улога во одбраната на слободата на изразување и во адресирањето на проблемот со дезинформациите. Ова особено се потврдува за време на криза. Сепак, зголемена е загриженоста за влијанието на пандемијата и последиците од проблемот што ќе го има финансиската криза во медиумите врз иднината на овие совети. Се надеваме дека со анализата на СЕММ ќе се зголеми свесноста за потребата од обезбедување финансиска стабилност“, вели Аделин Хулин од канцеларијата на УНЕСКО во Брисел.   

Советите за етика периодов, неретко, добивале и жалби за известување во насока на теориите на заговор:„Коронавирусот е проект, не е неизлечив, имаме ‘лек’! Вирусот е патентиран во 2015 година“. „Кликбајт“ наслови од типот „Коронавирусот не може да преживее“, ,„Лек за коронавирусот почнува да се продава од утре“ се дел од новинарските текстови за коишто биле поднесени жалби на пример до босанскиот Совет за етика.  Со ширењето на пандемијата, се зголеми и загриженоста околу заштитата на приватноста и заштитата на податоците во медиумското известување. Случаи во кои биле нарушени овие принципи многу често се пријавувале до советите за етика во медиумите во повеќе држави.

Во Советот за етика во Ирска биле пријавени случаи кога одредени весници објавиле имиња на лица заразени со ковид-19, што предизвикало негативни реакции во јавноста. „Сепак, весниците беа многу внимателни и ги идентификуваа само оние лица коишто се согласиле на тоа. Можеби секогаш постои аргументот за јавниот интерес, но идентификувањето на поединците е избрзан чекор“, нагласуваат од ирскиот Совет за етика.  Во одредени држави имало реакции и на објавувањето фотографии од медицински лица. Таков пример е регистриран во саморегулаторното тело во Велика Британија ИПСО.

Самиот здравствен персонал укажал дека во услови кога се под екстремен притисок и поминуваат низ многу тешки времиња ваквото однесување е нападно.

„За нас, како саморегулаторно тело, беше интересно прашање за тоа какви се правата на медицинските работници во овие околности, бидејќи во нормални услови би им објасниле дека се во фокус на јавноста и се претставени во професионално светло, а тоа не е во доменот на приватното“, нагласуваат од таму.

Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните.

За справување со овие нови ситуации во едно комплексно време, имајќи предвид дека во некои држави корона – кризата се поклопи со одржување и на избори, како што е случајот со нашата држава, соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, медиумите и нивните асоцијации, со институциите и граѓаните, се покажа како мошне значаен механизам за советите за етика. Мултисекторската соработка меѓу сите засегнати страни е во согласност со некои од клучните препораки на меѓународните организации за заштита на слободата на изразувањето и информирањето во време на криза.

Технологијата во битка за вистината

Во меѓувреме на помош на новинарството, ама и на граѓаните доаѓа технологијата. Веќе се развиваат разни алатки што треба да им помогнат и на медиумите и на публиката како полесно да дојдат до проверени информации. Македонскиот институт за медиуми (МИМ) заедно со колеги од земјите од регионот и експерти од Велика Британија создаде апликација што им помага на новинарите и медиумските работници во утврдување на веродостојноста на информацијата, детектирајќи дали се работи за полувистини, лажни или фабрикувани вести.

Во меѓувреме на помош на новинарството, ама и на граѓаните доаѓа технологијата. Веќе се развиваат разни алатки што треба да им помогнат и на медиумите и на публиката како полесно да дојдат до проверени информации.

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) заедно со колеги од земјите од регионот и експерти од Велика Британија создаде апликација што им помага на новинарите и медиумските работници во утврдување на веродостојноста на информацијата, детектирајќи дали се работи за полувистини, лажни или фабрикувани вести.

„Целта е двојна  – има едукативна улога оти содржи многу содржини што на едноставен начин ги објаснуваат сите доминанти форми на манипулација на информациите во јавниот простор, ама и практична примена оти содржи многу линкови, нуди пристап до мноштво софтверски алатки развиени од познати компании во медиумската индустрија за да може на лесен и едноставен начин да се провери информацијата. Се осврнува и на содржина и на визуелниот аспект, значи може да се утврди дали информацијата е базирана на научен факт, дали тоа што е содржано во дадена објава е потврдено од научна институција, понатаму дали цитатите се точни итн. Во визуелниот дел, лесно се проверува колку една фотографија е автентична,понатаму детали, геолокација, утврдување на ликови во фотографија итн.“ објаснува директорката на МИМ, Билјана Петковска.

Таа вели дека оваа апликација освен на новинарите може да им биде корисна и на граѓаните.

„Пандемијата го зголеми значително овој феномен, голем предизвик е и за медиумската индустрија и за академијата. Ова е инфодемија, преплавени сме од лаги, манипулации, извртени фати, многу центри на моќ го злоупотребуваат овој проблем на човештвото, па освен што се занимаваме со невидливиот непријател имаме голем проблем на разбивање на сите лаги и манипулации поврзани со него. Мора да се трудиме и како држава и како општество повеќе да учиме, да ги користиме сите овие алатки и врз основа на тоа да носиме правилни одлуки за да може да влијаеме врз луѓето околу нас кои можат да наседнат на лажни информации“ вели таа.

Програмерот Горјан Јовановски пак излезе со друг изум – Акредитатор што всушност е екстензија за интернет пребарувачите на компјутерите.

„Оваа екстензија овозможува да се дознае дали веста што ја читате е од медиум што е дел од Регистарот на професионални медиуми, на СЕММ и на ЗНМ, листа каде ги има оние медиуми што работат според дадени стандарди. Можете да ги видите и стандардите односно правилата на СЕММ за еден медиум да се нарече професионален. Всушност, благодарение на ова може да проверите дали веста што ја читате е од медиумите што може да се сметаат за професионален и што презентира етички и коректни вести.“ вели тој.

Јовановски вели дека за него е интересно што во Македонија има огромен број на интернет портали за коишто не знаеме ниту чија сопственост се, ниту кои се уредници или новинари и дека оваа нетранспарентност треба да биде сигнал за поголема внимателност при селекцијата на сопственото информирање.

македонија4 часа ago

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер…добија нови сопственици – кој ќе ја продолжи низата?

свет5 часа ago

Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит

економија5 часа ago

Пандемијата стивна и економијата здивна

менаџмент / маркетинг5 часа ago

Рекоа за… успехот

менаџмент / маркетинг6 часа ago

Не работете додека сте на одмор. Сериозно.

свет6 часа ago

Инфлацијата се надвиснува како опасност

македонија6 часа ago

Градежниците и хотелиерите останаа најпогодени од кризата

интервју6 часа ago

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

македонија1 ден ago

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

економија1 ден ago

Утре почнува хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговијата

македонија4 часа ago

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер…добија нови сопственици – кој ќе ја продолжи низата?

технологии / компании4 дена ago

Нова аквизиција на македонскиот ИТ пазар: Синами ја презема Еконет

македонија2 дена ago

Комерцијална банка ќе биде спонзор на ФФМ во наредните три години

економија1 ден ago

Утре почнува хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговијата

македонија1 ден ago

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

интервју6 часа ago

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

свет6 часа ago

Инфлацијата се надвиснува како опасност

свет5 часа ago

Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит

економија5 часа ago

Пандемијата стивна и економијата здивна

македонија6 часа ago

Градежниците и хотелиерите останаа најпогодени од кризата