Connect with us

свет

ОПЕК: Не може да надоместиме 7 милиони барели руска нафта дневно, спремајте се за голем ценовен шок

објавено

на

Нафтениот картел  досега ги отфрли сите повици на САД и Меѓународната агенција за енергетика за зголемување на производството за да се ублажи растот на цените, кој минатиот месец беше највисок во последните 14 години, а ЕУ смета  дека ОПЕК може да го зголеми производството од резервните капацитети.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ѝ соопшти на Европската унија дека сегашните и идните санкции против Русија можат да создадат еден од најголемите шокови на пазарот на нафта и дека алијансата не може да компензира за руските количини бидејќи нема да го зголеми своето производство .

Во време кога Брисел планира нови санкции против рускиот енергетски сектор, претставници на Европската унија одржаа вчера  состанок со претставници на ОПЕК во Виена за да им порачаат да го зголемат производството на нафта.

Поради сегашните и идните санкции кои се најавуваат, би можело да има дневна загуба од седум милиони барели руска нафта, изјави генералниот секретар на ОПЕК Мохамад Баркиндо, пренесуваат светските медиуми.

Тој рече дека, со оглед на моменталната состојба во енергетскиот сектор, би било речиси невозможно да се надомести ваквата загуба на дневна основа.

Европската унија повторно ги повика членките на ОПЕК да размислат за зголемување на производството со цел да се ублажи растот на цената на нафтата, изјави претставник на Европската комисија за Ројтерс.

Нафтениот картел  досега ги отфрли сите повици на САД и Меѓународната агенција за енергетика за зголемување на производството за да се ублажи растот на цените, кој минатиот месец беше највисок во последните 14 години, а ЕУ смета  дека ОПЕК може да го зголеми производството од резервните капацитети.

Баркиндо рече дека моменталната нестабилност на пазарот е последица на нефундаментални фактори кои се надвор од контрола на ОПЕК, сигнализирајќи дека нивните членки нема да го зголемат производството.

Членките  на ОПЕК се Алжир, Ангола, Екваторијална Гвинеја, Габон, Иран, Ирак, Кувајт, Либија, Нигерија, Конго, Саудиска Арабија, ОАЕ и Венецуела.

Проширениот формат на картелот ОПЕК +, на кој се приклучи и Русија, ќе го зголеми производството за 432.000 барели во мај како дел од планираното постепено откажување од редукциите  на производството воведени за време на пандемијата на Ковид.

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест