Connect with us

свет

Оптимизам: JP Morgan предвидува крај на пандемијата и силна економија во 2022 година

објавено

на

Новите вакцини и лекови што очекува банката да бидат достапни догодина ќе доведат до „силно циклично закрепнување, враќање на глобалната мобилност и заживување на потрошувачката“.

Американската инвестициска банка J.P. Morgan е многу оптимистична во врска со состојбата на светската економија во 2022 година. Во својот извештај наведуваат дека следната година би можел да се постави темелот за далеку подинамично окружување што би требало да настапи откако Ковид-19 од пандемија ќе премине во ендемска болест.

Извештајот на банката наведува дека следната година ќе го видиме крајот на пандемијата  и конечно ќе се вратиме на нормални економски и пазарни услови. Главниот индекс на американскиот пазар на капитал, S&P 500 ќе порасне за 8%, додека пазарите во развој ќе пораснат и до одлични 18%.

„Нашата прогноза е дека 2022 ќе биде година на целосно глобално закрепнување“, вели Марко Колановиќ, главен стратег за глобални пазари во J.P. Morgan, во обраќањето до клиентите на банката деновиве.  „Тоа го темелиме на фактот што ќе се постигне широко распространет имунитет на вирусот, како и со новите лекови за третман на ковид што се очекуваат во 2022.“

Новите вакцини и лекови што очекува банката да бидат достапни догодина ќе доведат до „силно циклично закрепнување, враќање на глобалната мобилност и заживување на потрошувачката“.

Ковид-19 ќе остане да егзистира до извесно ниво да стане ендемски, велат авторите на извештајот, додека ризиците од инфекцијата ќе станат значително намалени.

Иако поедини економисти предвидуваат рекордна инфлација и проблеми во светските логистички синџири и во 2022, во J.P. Morgan не се секираат премногу околу тоа.

„На среден рок очекуваме глобалната економија да работи на решение на проблемите што се појавија во 2021. Како што ќе бледнее пандемијата, потрошувачите ќе ја пренасочат побарувачка од добра кон услуги. Тесните грла во синџирите на набавка пополека ќе се измазнат и глобализацијата ќе продолжи да ги одредува цените на стоките, како што и беше изминативе две децении“, пишува во извештајот на J.P. Morgan.

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите