Connect with us

македонија

Општина Конче – пример за мултиетнички соживот и модел на ефикасно управување

објавено

на

Oд самите почетоци, како мала рурална општина во ридско планинска област, со релативно мал број на население, финансиски нестабилна, со текот на годините, чекор по чекор, со ангажман на локалната самоуправа, но и посветеноста и поддршката на сите жители, Општина Конче станува успешен пример за мултиетнички соживот и модел на ефикасно управување.

Општина Конче е типична мала, рурална и мултиетничка општина сместена во југоисточниот дел од нашата држава, помеѓу општините Штип, Радовиш, Василево, Струмица, Валандово, Демир Капија и Неготино. Оддалечена е околу 150 километри од главниот град. Најблизок поголем град е Радовиш, оддалечен 22 километри, а растојанието до Струмица и Штип е околу 50 километри.

Покрај истоименото село Конче, кое е административен центар, во рамки на општината активни се селата Ракитец, Габревци, Дедино, Долни Липовиќ, Лубница и Горни Липовиќ во кои вкупно живеат околу 3.500 жители на површина од околу 233 км2.

За општина Конче постојат многу познати и помалку познати занимливости, што треба самите да ги откриете, но првиот впечаток на сите е околина која изобилува со мир, спокој, здрава храна, недопрена природа и зачувани локални традиции.

Ако подлабоко навлезете во оваа мала рурална општина на југоистокот, ќе забележите реален пример за толеранција и соживот помеѓу граѓаните, но и успешен модел на управување кој придонесува за локален економски развој.

Мир, слога и меѓусебна почит во малата рурална, мултиетничка општина

Конче е пример за мултиетнички соживот. Имено, во селото живеат жители од две етнички заедници – македонска и турска. Во Конче, македонците живеат со турците и обратно и меѓусебно се почитуваат од памтивека, си помагаат едни на други. Подеднакво се слуша, мераба и здраво. Никогаш немало конфликт меѓу двете националности и вери. Соживотот во секојдневието на Конче е реалност. Локалните жители не зборуваат повеќе за македонци и турци, туку разговараат за вработувањето на Васко, приновата кај Митеви, веридбата на Исмаил, и прводеленецот на Максудови. За Бајрам се оди во турските куќи, а за Божиќ и Бадник во македонските.

„Во минатото можеби и имаше мала поделба, но благодарение на градоначалникот, во последните години, таквата поделба воопшто ја нема. Кога станува збор за интересот на жителите, Градоначалникот Благој Илиев се залага подеднакво за сите, без разлика дали станува збор за македонци, турци или за членови на една или друга политичка партија“ – потенцира Реџеп Реџепов, земјоделски инженер, кој повремено живее и работи во Шведска.

Благосостојбата и слогата во која живеат жителите од македонска и турска националност во Конче, ја констатираше и Екрем Џаналп, Валија на градот Едрене во Турција, кој при својата неодамнешна посета на овој крај истакна дека Конче е „место каде црквата и џамијата се почитуват подеднакво и каде верниците се молат за здравје и благосостојба“.

Мала, ефикасна и ефективна локална самоуправа

Општина Конче е пример дека и во наши услови, една мала рурална општина со ограничени ресурси, но со поставување на приоритети и донесување на добри одлуки, макотрпна работа и многу труд, може да се постигнат многу резултати и истата да се развива со забрзано темпо.

Иако се работи за општинска администрација со мал број на вработени, благодарение на ентузијазмот и проактивниот пристап на градоначалникот и вработените, во Конче континуирано се обезбедуваат услови за поквалитетен живот на своите жители. При тоа, може слободно да се каже дека во определени сегменти локалната самоуправа далеку ги надмина сопствените можности. Во изминатиот период, Општина Конче се покажа како поуспешна во спроведувањето на проекти финансирани од фондовите на ЕУ дури и од многу поголеми и поразвиени општини. Со европски пари успешно се спроведени неколку големи проекти.

Жителите на општината конечно добија јавни услуги кои ги чекале со години, па и со децении. Општината ја доби својата прва детска градинка, а изградена е и првата спортска сала, каде учениците, спортистите и ентузијасти тренираат и спортуваат. Повозрасните жители на општината добија неколку сервисни социјални услуги за грижа и нега во домот и помош во извршувањето на секојдневните обврски.  

„Локалната самоуправа работи за доброто на сите граѓани, притоа слушајќи ги нивните барања и потреби. Подобрените услови, мирот и спокојот кој владее, чистата животна средина и можностите што се создаваат се клучен мотив за жителите повремено или постојано да живеат во селата“ вели Младен Тодоров, од с. Ракитец, кој после 30 години работа во Швајцарија, од пред неколку години повторно живее во своето родно село.

Невработеноста на ниво на општината е намалена за приближно 20% во однос на 2017 година, а инвестициите во јавниот сектор се значително зголемени. Покрај активностите во комуналната инфраструктура кои се редовна обврска на секоја локална самоуправа како што се изградба на патишта, водоводи, и канализација, во општина Конче значително се инвестира и во локалниот економски развој, руралниот туризам и земјоделството. Во селата е инсталирано модерно улично осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки, слободни интернет зони има во секое село,  а солидно функционира и системот за собирање на комунален отпад. Општината има поставено две агрометеролошки станици за информирање на земјоделските производители за временските услови, влажноста, поволно време за наводнување, опасност од болести, а уредени се и скоро сите пристапни патишта до земјоделските површини. Постапката за формирање на мала индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија е во завршна фаза, а  приватни инвеститори веќе имаат изразено намера за инвестирање во рамки на зоната, но и на други локации во општината.

Туристички потенцијали, култура и традиција

Општината има сеуште неискористен потенцијал за развој на руралниот и активниот туризам. Езерото Мантово е прекрасно место за спортски риболов, во чија околина веќе се изградени околу 200 викендици. Во неговата околина постојат можности за пешачење до локалитетот Габрешка Чука, а со проект на општината неодамна е уреден локалитетот Влашки Колиби во непосредна близина на езерото. Овде, посетителите можат да дојдат на викенд во природа, да практикуваат рекреативни и спортски активности како кајакарење или планински велосипедизам, да направат пикник во природа, или едноставно да уживааат во природните убавини.

Домашно приготвената храна е интегрален дел на понудата за рурален туризам. Богатството и разновидноста на земјоделски и сточарски продукти кои се произведуваат локално, овозможува на трпезата да се најдат различни видови традиционални јадења. Пред се треба да се вкуси традиционалното бело овчо и козјо сирење.

Од општината информираат дека  работат на обезбедување на подобар пристап до езерото Мантово, преку новиот експресен пат Радовиш – Штип, а преку европски проект во 2022 година ќе го реализираат најголемиот вело фестивал во државата. Веќе имаат најави за приватни инвестиции во ресторан и апартмани за туристи.   

Во селото Габревци, оддалечено на околу 5 километри од езерото Мантово, сеуште егзистира едно од најстарите човекови занимања грнчарството, а грнчарските производи како тави и стомни се барани на околните пазари поради чистотата и квалитетот на природната глина. Народните игри и ора од ова село се одликуваат со тоа што играорките играат со стомна полна со вода на главата.

Во нашата кратка посета на село Дедино, мештаните не’ запознаа со традициите и културата која ги негува оваа населено место. КУД „Цветови“ е едно од најактивните друштва во регионот во која членуваат триесеттина млади лица, кои и понатаму ги негуваат традициите на нивните дедовци и баби. Исклучително се горди на честа која им била укажана, успешно да ја претставуваат својата општина во Шпанија. 

Надеж за поубаво и подобро

Жителите на општина Конче се непосредни, позитивни, гостопримливи и скромни. Желбите и соништата на жителите со кои разговаравме се да останат и да работат во нивниот роден крај, кој изобилува со мир, спокој, традиција, чиста животна средина и природни убавини.

После локалните избори, очекуваат дека работите ќе одат на уште подобро, општината ќе продолжи да се развива со засилено темпо како и досега, со што никој не би морал да бара егзистенција далеку од своето родно место. Очекувањата се дека ќе се отвораат работни места во рудникот Боров Дол кој се наоѓа на 20 км од Конче, ќе се направат нови инвестиции кои ќе овозможат вработување на младите лица и жените, ќе се обезбеди засилена поддршка на земјоделството од кое егзистираат голем број семејства, но и  дека ќе се продолжи со активностите за развој на туризмот на езерото Мантово и ќе се обезбедат уште подобри јавни услуги.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал