Connect with us

интервју

Орхан Муртезани, директор на МЕПСО: Нè очекува доста тешка зима на енергетски план, но правиме сè за граѓаните и фирмите полесно да ја поминат

Орхан Муртезани, генерален директор на АД МЕПСО

објавено

на

„Порастот на цените на пазарот прави огромен притисок врз приходната страна на компанијата. Целокупното функционирање треба да се држи константно под мониторинг и внимателно да се следат паричните текови за да не се соочуваме со проблеми при функционирањето. Главна цел ни е што полесно и побезболно да ја поминеме оваа зима и секојдневно правиме максимални напори тоа и да го обезбедиме.“

Во пресрет на исклучително тешка зима поради цените со гасот и електричната енергија во Европа, разговаравме со првиот човек на електроенергетскиот преносен оператор АД МЕПСО, г-дин Орхан Муртезани, околу тоа како е подготвена компанијата за предизвиците што не’ очекуваат сите нас како граѓани, бизниси и институции.

Кога за прв пат МЕПСО увидува дека почнува енергетска криза, и како дојде до нејзино прелевање во енергетскиот пазар кај нас?

Имајќи предвид дека Северна Македонија е увозно зависна земја во однос на потребите од електрична енергија, во 2021 година нето-увозот  изнесува 33,15%, додека за 2020 година нето-увозот изнесува 31,38%, појавата на енергетската криза на европскиот пазар значи дека и ние не можеме да сме имуни на таа криза.

Два клучни моменти најавуваат појава на енергетската криза и на нашиот пазар: порастот на цената на електричната енергија на берза, и неможноста на ЕСМ да ја задоволува домашната потрошувачка на енергија.

Во периодот на електроенергетската кризна состојба, односно со појавата на неочекуваното и енормно зголемување на цените на референтните берзи од регионот, дел од снабдувачите со електрична енергија се соочуваат со раскинување на билатералните договори како и со неможност да обезбедат доволно количини на електрична енергија за да ги исполнат обврските од договорите за снабдување на своите клиенти.

Додека од другата страна ЕСМ, особено во месец октомври, поради дефекти и проблеми со производството, почна да повлекува електрична енергија од системот. Од тие причини доаѓа до значително ангажирање на системските резерви од страна на АД МЕПСО, но и повлекување на електрична енергија од европската интерконекција. 

Во 2021 енергетската криза скоро сите ги затече неподготвени. Тргнувајќи од таквото искуство, а особено од енормното ненадејно повлекување на електрична енергија од системот, прво почнавме процес на промена на пазарните правила од причина што тогаш АД МЕПСО имаше увид на дневна основа само на електричната енергија која снабдувачите ја имаат купено од отворениот пазар, но не и во договорите за снабдување.

Користењето на системските резерви како и повлекувањето на електрична енергија од европската интерконекција  резултираше со издавање на исклучително високи вредности на фактурите за порамнување на дебалансите за оние балансно одговорни страни кои најмногу отстапуваа.

За да стане појасно, само во месец октомври отстапувањата, односно повлечената електрична енергија од системот достигна вредност над 30 милиони евра, односно скоро 95 илјади МWh.

Какви мерки превземавте да ги минимизирате ефектите од енергетската криза, кои први чекори ги направивте? Дали оваа година МЕПСО е поспремна во однос на  минатата за менаџирање на кризата?

Во 2021 енергетската криза скоро сите ги затече неподготвени. Тргнувајќи од таквото искуство, а особено од енормното ненадејно повлекување на електрична енергија од системот, прво почнавме процес на промена на пазарните правила од причина што тогаш АД МЕПСО имаше увид на дневна основа само на електричната енергија која снабдувачите ја имаат купено од отворениот пазар, но не и во договорите за снабдување.

Меѓутоа, за да се следи и определи колкаво е отстапувањето на снабдувачот за секој час потребни се податоци за тоа колкава е набавената електрична енергија (планот за потрошувачка) и реално остварената потрошувачка. Согласно новите пазарни правила, кои се пред усвојување  од Регулаторната комисија за енергетика, АД МЕПСО ќе има увид на дневна основа на најавената потрошувачка, односно номинациите, и при евентуална флуктуација ќе има можност превентивно да се реагира за да се спречат отстапувањата со што ќе се зачува системот, а истовремено ќе се оневозможат финансиски реперкусии врз компанијата.

Друг чекор е исто така и зголемување на банкарските гаранции на учесниците на пазарот. Има компании на кои банкарските гаранции им се зголемени за три или четири пати. Потоа, тргнувајќи од фактот дека освен што некои фирми имаа мали гаранции, истите се основани како д.о.о.е.л – и со 5000 евра основачки капитал.

Иако ние сме потегнале судски спорови, многу тешко оди наплатата на тие долгови. Поучени од ова искуства,  на сите балансно одговорни страни во договорите им вметнавме извршна клаузула. Исто така меѓу првите чекори беа и антикризните мерки за рационализација на трошоците и инвестиционите планови на компанијата.

Во кризни времиња многу е битно да се знае финансиската кондиција на компанијата и обезбедување на ликвидност, односно стабилен cash flow. Токму поради тоа веднаш потегнавме измени на Годишна инвестициона програма во 2022 година на АД МЕПСО, направено е оптимизирање и рационализација на инвестиционите активности на АД МЕПСО во вкупен износ од 641.662.956 денари или 10.433.544 евра, односно намалување од 24,8% од вкупно планираните средства. Од мерките за штедење, само по основ на трошоци за патувања, трошоци за гориво за службени возила и трошоци за мобилна телефонија за првите шест месеци од 2022 година успеавме да заштедиме околу 7 милиони денари.

Како енергетската криза влијае на резултатите од работењето на МЕПСО имајќи ги предвид зголемените трошоци за електричната енергија?

Порастот на цените на пазарот прави огромен притисок врз приходната страна на компанијата. Целокупното функционирање треба да се држи константно под мониторинг и внимателно да се следат паричните текови за да не се соочуваме со проблеми при функционирањето. За да биде појасно со каков пораст на расходите се соочуваме ќе ви дадам пример за расходите по основ на системски услуги и расходите за покривање на техничките загуби во преносната мрежа. Трошоците за системски услуги во првото полугодие од 2022 година достигнаа 9,7 милиони евра, што е двојно повеќе во споредба со истиот период 2021. Додека, трошоците за техничките загуби за истиот период надминуваат 10 милиони евра, или се поголеми за 336% во споредба со 2021.

Не е воопшто лесно да се држи чекорот со инвестициите во вакви кризни времиња. Дејноста која ја извршува МЕПСО бара константно одржување и инвестиции за модернизација на преносната мрежа. Податоците покажуваат пораст на процентот на реализација на инвестициите во првото полугодие на 2022 год достигнувајќи  21,03%, а процентот на реализација за цела 2021 бил 15,03%. Ваквиот тренд секако дека ќе продолжи и во второто полугодие на 2022 година. Истовремено сме во завршна фаза на отпочнување на постапка за тендерирање на проекти во вредност од над 10 милиони евра. Освен во модернизација, полека отвораме поглавје и на дигитализација на преносната мрежа на АД МЕПСО.

Дали успеавте да ги реализирате сите капитални проекти и инвестиции во ова време на криза?

Секако дека не е воопшто лесно да се држи чекорот со инвестициите во вакви кризни времиња. Дејноста која ја извршува МЕПСО бара константно одржување и инвестиции за модернизација на преносната мрежа. Податоците покажуваат пораст на процентот на реализација на инвестициите во првото полугодие на 2022 год достигнувајќи  21,03%, а процентот на реализација за цела 2021 бил 15,03%. Ваквиот тренд секако дека ќе продолжи и во второто полугодие на 2022 година. Истовремено сме во завршна фаза на отпочнување на постапка за тендерирање на проекти во вредност од над 10 милиони евра. Освен во модернизација, полека отвораме поглавје и на дигитализација на преносната мрежа на АД МЕПСО. Да резимирам, да бидам искрен, ова ги надминува и нашите очекување за овие кризни времиња, меѓутоа упорноста, посветеноста и вложениот труд од Управниот одбор и стручните екипи секако дека роди со плод.

Сите институции, вклучувајќи ја и Владата бараат од граѓаните да штедат. Вие објавивте кратко време дека ги имате намалено значително трошоците за репрезентација, патувања и слични работи, дали се предвидени и други мерки за штедење во компанијата?

Како одговорна компанија, и релевантен чинител на енергетскиот сектор, мора да предничиме со мерки за штедење во овие времиња на тешка енергетска криза бидејќи ако бараме од граѓаните да штедат, мора да бидеме првите што тоа ќе го спроведуваат.

Од 01.09 на сила се мерките за штедење со кои потрошувачката на електрична енергија треба да се намали за 15%  споредено со истиот период лани. Овие мерки вклучуваат исклучување на декоративното осветлување на фасадата и светлечката реклама на АД МЕПСО на покривот на Дирекцијата; гасење на сијалиците кога има доволно дневна светлина и во период кога не се престојува во канцеларијата; исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски; се печатат само потребни материјали и тоа исклучиво на мрежните печатари; клима уредите се наместени да ладат не пониско од 27 степени, односно да греат не повисоко од 20 степени; од осум лифта, работи само еден; забранета е употреба на дополнителни уреди за загревање или ладење на просториите.

Зимава пред нас ќе биде тешка, сите експерти апелираат да се штеди максимално бидејќи секое штедење, колку и да е мало, освен што ги намалува трошоците на домаќинствата за електрична енергија, ни помага и нам да го држиме стабилен електроенергетскиот систем во државата.

За крај, во јануари годинава го презедовте раководењето со МЕПСО. Кога би се навратиле повторно, дали би прифатиле повторно да бидете на ова место, имајќи ги предвид сите предизвици со кои се соочувате?

Знаете како, на почетокот од оваа година кога партијата од која што доаѓам, Алтернатива, стана дел од Владата и при распределување на одговорностите во разговор со претседателот на партијата бевме свесни дека одговорноста која ја превземаме е голема, но јас на секоја криза гледам како предизвик и можност преку одговорно менаџирање и работењето да се постигнат резултати во интерес на граѓаните.

Кога имате јасна визија и цел и кога единствена водилка во работата ви е транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во работењето многу полесно се соочувате со секој предизвик. Граѓаните кои не’ плаќаат мора да бидат уверени дека нивните средства се користат таму каде што е најпотребно. Долгите години искуство и во приватниот сектор, но и како генерален директор претходно на Македонски железници ме научи дека само луѓе што си ја знаат работата и се стручни во истата можат да бидат вистински двигатели напред. Заедно остваривме доста проекти, но и започнавме и во фаза на изведба се уште неколку кои треба да резултираат со подобрување на преносната мрежа и енергетската стабилност. Главна цел ни е што полесно и побезболно да ја поминеме оваа зима и секојдневно правиме максимални напори тоа и да го обезбедиме.

економија2 часа ago

Diners Club Македонија добива ексклузивни франшизни права за 4 нови пазари

банки4 часа ago

3,5% каматна стапка – повеќе за Вас со депозитите од УНИБанка

свет6 часа ago

Спречен обид за државен удар во Германија, уапсени 25 десничарски ектремисти

економија7 часа ago

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

lifestyle1 ден ago

Кога времето го мери Omega, стрелките неизбежно креираат безвременска поезија

интервју1 ден ago

“Неопасен отпад што може безбедно да се преработи како суровина може да се увезува”, вели Анастас Маженковски од Царинската управа

економија1 ден ago

Алкалоид пушти во употреба нова инвестиција од 720 илјади евра

регион2 дена ago

Во Македонија во училишта, во Хрватска во судови и шопинг молови: бран од дојави за поставени бомби ја потресува јавноста

економија2 дена ago

Рекордни 193 милиони евра за земјоделството во 2023

економија2 дена ago

Специјална едиција „Најголеми и најуспешни компании“ на Капитал

регион6 дена ago

Тендерски повик за EU4Green

економија1 недела ago

Истражување: кои се најпознати прехранбени брендови на македонскиот пазар?

македонија1 недела ago

In Memoriam: Почина неврохирургот д-р Јовица Угриновски

македонија1 недела ago

Вработените на dm дрогерие маркт, волонтери и институционални партнери пошумија 10 хектари земја

свет1 недела ago

Скапо ви е месото? Јадете штурци. Ланец супермаркети во В. Британија би понудил инсекти како евтин оброк

банки1 недела ago

Од први јануари македонските банки добиваат конкуренција: и други компании ќе нудат платежни услуги

македонија1 недела ago

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2022/2023

македонија1 недела ago

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

економија5 дена ago

Владата најави привремен данок на екстра профит за фирмите

економија6 дена ago

Ковачевски: Нема да се воведе прогресивно оданочување