Connect with us

банки

Осигурителите подобро поминале од банките

Како работеа финансиските компании котирани на Берза во првите шест месеци

објавено

на

За 2,14% помали приходи од камати и за 13% помала нето добивка покажале вкупно сите 10 банки што котираат на Берза или имаат посебни обврски за известување, во првите шест месеци од годинава, покажува Извештајот за финансиските перформанси на акционерските друштва на Комисијата за хартии од вредност. Двете осигурителни куќи што имаат обврски за јавно објавување финансиски извештаи, покажале вкупен приход за 1,69% помал во однос на истиот период лани, додека вкупната добивка е за 40% поголема.

За 2,14% помали приходи од камати и за 13% помала нето добивка покажале вкупно сите банки што котираат на Берза или имаат посебни обврски за известување, во првите шест месеци од годинава, покажува Извештајот за финансиските перформанси на акционерските друштва на Комисијата за хартии од вредност.

Заклучно со 31.08.2020 година на СЕИ-НЕТ порталот на Македонска берза АД Скопје и во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување објавени се полугодишните извештаи на 10 банки (тука влегуваат трите најголеми банки во земјата, Стопанска – Скопје, Комерцијална и НЛБ на коишто отпаѓа )  и на 1 брокерска куќа, како и на 2 друштва за осигурување. И минатата година, 10 банки, 1 брокерска куќа и 2 друштва за осигурување имаат објавено неревидирани полугодишни финансиски извештаи за 2019 година. Од нив, само една банка и оваа и минатата година има објавено и консолидирани финансиски извештаи за првото шестомесечје од годината, се вели во извештајот на КХВ.

Банките и брокерската куќа кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, во првото полугодие  од годината реализирале приходи од камати во вкупен износ од 7,49 милијарди денари  – околу 122 милиони евра (целиот банкарски сектор има приходи од камати од околу 152 милиони евра според податоците на Народната банка, н.з.), што е намалување за 2,14% во однос на вкупно остварените приходи од камати за истиот период минатата година, кога изнесувале 7, 65 милијарди денари.

Расходите за камати бележат намалување за 14,48%, односно расходите за камати во вкупен износ за периодот 01-01.-30.06.2020 година изнесувале 1,24 милијарди денари, додека за истиот период минатата година биле 1,45 милијарди денари. Нето приходите од камати се зголемени за 0,73%, односно од 6,2 милијарди денари за првото полугодие од 2019 година пораснале на 6,25 милијарди денари за првото полугодие од 2020 година.

Намалувањето на приходите на банките, како и на остварениот финансиски резултат во првото полугодие од годината се должи на состојбата во економијата како последица на пандемијата со КОВИД-19, како што објаснуваат сите банки во нивните образложенија на билансите. Негативните последици од пандемијата кои се покажаа во реалниот сектор, се прелеваат и на банкарскиот сектор, кој регистрира намалување на редовните приходи од камати и од провизии и од надоместоци.

Повеќе банки од лани оствариле добивка

Нето приходите од провизии и од надоместоци за периодот од првите шест месеци бележат намалување за 6,52%, од 1,89 милијарди денари (околу 31 милион евра) во првото полугодие од 2019 година на 1,77 милијарди денари во првото полугодие од 2020 година, што се должи пред сè на порастот на расходите за провизии и за надоместоци кои во вкупен износ за периодот 01.01-30.06.2020 година изнесувале 1, 029 милијарди денари и биле поголеми за 4,72% во однос на расходите за провизии и за надоместоци кои во вкупен износ во првото полугодие од 2019 година изнесувале 983,3 милиони денари. Приходите од провизии и од надоместоци во првото полугодие од 2020 година се во вкупен износ од 2, 79 милијарди денари и истите се за 2,68% помали од приходите од провизии и од надоместоци за првото полугодие од 2019 година, кога изнесувале 2, 88 милијарди денари.

Сите 10 банки и 1 брокерска куќа кои објавиле полугодишни финансиски извештаи на пазарот на капитал, за периодот 01.01.-30.06.2020 година оствариле нето добивка, додека истиот период минатата година, 8 банки и 1 брокерска куќа оствариле нето добивка, а две банки првото шестомесечје од 2019 година го завршиле со нето загуба. Вкупниот износ на остварените нето добивки на банките и на брокерската куќа за периодот 01.01.-30.06.2020 година изнесува 2, 87 милијарди  денари  – 47 милиони евра (целиот банкарски сектор има добивка од 44,5 милиони евра, што се должи на загубите на некои од малите банки, н.з.) и истиот е за 12,92% помал од вкупниот износ на остварените нето добивки за периодот 01.01.-30.06.2019 година кога бил 3,29 милијарди денари (53,5 милиони евра).

Намалувањето на приходите на банките, како и на остварениот финансиски резултат во првото полугодие од годината се должи на состојбата во економијата како последица на пандемијата со КОВИД-19, како што објаснуваат сите банки во нивните образложенија на билансите. Негативните последици од пандемијата кои се покажаа во реалниот сектор, се прелеваат и на банкарскиот сектор, кој регистрира намалување на редовните приходи од камати и од провизии и од надоместоци.

Вкупната актива на банките и на брокерската куќа кои имаат објавено полугодишни финансиски извештаи, на 30.06.2020 година изнесува 443, 2 милијарди денари (7,2 милијарди евра) и истата е за 2,31% поголема во споредба со вкупната актива на 31.12.2019 година.  Вкупните обврски бележат пораст за 2,11%, така што од 379, 2 милијарди  денари (6,16 милијарди евра) на 31.12.2019 година се зголемиле на 387, 2 милијарди денари на 30.06.2020 година. И капиталот бележи пораст од 3,74%, така што од 53, 96 милијарди денари (880 милиони евра) на 31.12.2019 година се зголемил на 55, 9 милијарди  денари на 30.06.2020 година.

Двете котирани осигурителни куќи со 40% поголема добивка

На 30.06.2020 година на Македонска берза АД Скопје котираат акциите од две друштва за осигурување( Триглав и Македонија осигурување) и истите заклучно со 31.08.2020 година на СЕИ-НЕТ порталот на Македонска берза АД Скопје имаат објавено неревидирани полугодишни извештаи.

Двете друштва за осигурување, кои на СЕИ-НЕТ системот на Берза објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, во првите шест месеци реализирале приходи од работењето (заработена премија, приходи од вложувања, приходи по основ на провизии од реосигурување, и останати приходи) во вкупен износ од 953, 7 милиони денари (15,5 милиони евра), што е намалување за 1,69% во однос на вкупно остварените приходи од работењето за истиот период минатата година, кога изнесувале 970,1 милиони денари. Расходите од работењето (настанати штети, промени во останатите технички резерви, трошоци за бонуси и попусти, нето трошоци за спроведување на осигурувањето, трошоци од вложувања и останати осигурително технички трошоци) бележат намалување за 4,54%, односно расходите од работењето во вкупен износ за периодот 01-01.-30.06.2020 година изнесувале 868,1 милиони денари (14,1 милиони евра), додека за истиот период минатата година биле 909, 4 милиони денари.

Двете друштва за осигурување за периодот 01.01.-30.06.2020 година реализирале нето добивка во вкупен износ од 85,6 милиони денари (1,39 милиони евра), што е пораст за 40,99% во однос на вкупниот износ на реализираната добивка од двете друштва за истиот период минатата година, кога изнесувала 60,68 милиони  денари.

Вкупната актива на двете друштва за осигурување кои имаат објавено полугодишни финансиски извештаи, на 30.06.2020 година изнесува 6, 06 милијарди денари (98,5 милиони евра) и истата е за 13,56% поголема во споредба со вкупната актива на 30.06.2019 година кога била 5, 34 милијарди  денари. Вкупните обврски бележат пораст за 17,60%, така што од 721, 9 милиони денари на 30.06.2019 година се зголемиле на 849 милиони денари на 30.06.2020 година. И капиталот бележи пораст од 1,82%, така што од 2, 49 милијарди денари на 30.06.2019 година се зголемил на 2, 54 милијарди  денари на 30.06.2020 година.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок