Connect with us

банки

Основната каматна стапка останува иста, нема потреба од понатамошно олабавување на монетарната политика

Народната банка одлучи

објавено

на

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на најновата редовна  седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одржана на 14 јули,  беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата, е заклучокот од седницата.

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на најновата редовна  седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одржана на 14 јули,  беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. 

„Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата.“, изјавија од Комитетот после седницата, на којашто беа разгледани најновите економски показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, што е соодветно на тековните економски и финансиски услови.

Истовремено, на седницата беше оценето дека ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што се одржа неделава да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

Инфлацијата може да е и повисока од проектираното

На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Општо земено, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во домашната економија доведе до негативни ефекти врз деловната активност и влијаеше поизразено врз довербата и очекувањата на фирмите и потрошувачите и во текот на вториот квартал.

По забавувањето на растот на економијата во првиот квартал на оваа година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април – мај упатуваат на понатамошни негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност (продлабочување на падот на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото).

Во однос на инфлациските движења, ценовните промени за вториот квартал се малку повисоки од проекцијата за вториот квартал, но тие се под влијание на фактори на страната на понудата. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и променливост на цените на примарните производи, постои неизвесноста околу проекцијата на инфлацијата за 2020 година од 0%.

Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје се нешто подобри од очекувањата. Расположливите податоци од надворешниот сектор за второто тримесечје упатуваат на поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на вирусот ковид-19 во текот на вториот квартал. Сепак, гледано по месеци, ефектите се најизразени во април, што е во согласност со очекуваната динамика, додека податоците за мај упатуваат на постепено закрепнување и можност за остварување на очекуваниот трговски дефицит според проекцијата за вториот квартал.

Од друга страна, податоците за менувачкиот пазар заклучно со јуни упатуваат на пониски нето – приливи од приватните трансфери од очекуваните за вториот квартал, во услови на пад и на понудата и на побарувачката за девизи.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јуни покажуваат нивен солиден годишен раст, нешто повисок во однос на проекцијата за вториот квартал од годината.

Солиден раст на девизната ликвидност на банките

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем се задржа на релативно стабилно и солидно ниво, што се потврдува и со отсуството на потреба кај банките за задолжување на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари за јуни упатуваат на релативно стабилни движења на девизниот пазар, коишто упатуваат на натамошно постепено подобрување на очекувањата на физичките лица и економските субјекти.

Овие случувања беа придружени со солиден раст на девизната ликвидност на банките, за што придонесоа и интервенциите на Народната банка за продажба на девизи. Од почетокот на јули е забележителна умерена нето – побарувачка за девизи од страна на економските субјекти, поради што Народната банка од почетокот на месецот заклучно со 13 јули 2020 година, поретко интервенира со продажба на девизи на банките поддржувачки, во вкупен износ од само 3 милиони евра.

Во јуни, првичните знаци за закрепнување на глобалниот економски раст придонесоа за натамошно јакнење на оптимизмот на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари, при што беше видлив раст на берзанските индекси. Сепак, неизвесноста околу времетраењето на економското закрепнување на глобално ниво и загриженоста од втор бран од ширење на ковид-19 придонесоа и за умерено надолно придвижување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и условија натамошна поддршка на економската активност од страна на носителите на монетарните и фискалните политики во светски рамки.

Да потсетиме, на домашниот пазар на капитал, во јуни месец прометот на Македонската берза беше за 6,36% понизок од тој во месец мај, поточно трговијата само со акции изнесуваше 293 милиони денари, или за 3,93% помалку. Индексот во последниот месец од првото полугодие имаше пад од 3,43%.

Инаку, Македонската берза, во првите шест месеци забележа вкупно тргување во износ од  5,84 милијарди денари (95 милиони евра) што е за 57% повеќе во однос на истиот период лани. Во класично тргување, прометот годинава во првото полугодие е нешто над четири милијарди денари (66 милиони евра) што е за 110% повеќе во однос на лани, при што со акции прометот е 3,8 милијарди денари (62 милиони евра), а остатокот со обврзници. Прометот со акции е за дури 124% поголем во однос на истиот период лани.

Сѐ на сѐ, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките, доколку тоа е потребно. 

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок