економија
Особено се загрозени микро и малите компании
Парафискалните давачки ја намалуваат конкурентноста на фирмите

За три години бројот на парафискални давачки во земјава се зголемил за 18,5% за правните лица и за 25,7% за правни и физички лица, покажа истражувањето што го спроведе економскиот институт Finance Think што беше презентирано деновиве во Скопје.
Парафискалните давачки и натаму претставуваат товар за бизнис – секторот, особено кај микро и малите претпријатија, што влијае и на нивната конкурентност. Тоа ја наметнува и потребата од нивно рационализирање, воспоставување на државен регистар на такси и парафискални давачки, определување на нивната цена, приспособување на износот во зависност од големината односно потенцијалот на компанијата, итн.
За три години бројот на парафискални давачки во земјава се зголемил за 18,5% за правните лица и за 25,7% за правни и физички лица, покажа истражувањето што го спроведе економскиот институт Finance Think што беше презентирано деновиве во Скопје.
Така, во 2022 година од Министерството за информатичко општество и администрација биле регистрирани вкупно 250 парафискални давачки за правните лица како и 323 за правни и физички лица, што значи дека во однос на 2019 година бројот на неданочни плаќања и парафискални давачки бил зголемен за 39 за правните лица, а за физичките и за правните лица за повеќе од 66.
Истражувањето покажа дека 95 отсто од неданочните плаќања и парафискални давачки се меѓу 50 денари и 61.700 денари, иако има и такви кои што во просек изнесуваа и над 200 илјади денари (кај Агенцијата за цивилен воздушен сообраќај), па се до над 591 илјада денари кај Министерството за финансии.

Непредвидливоста е исто така голем проблем
Овие податоци, меѓу другото беа и повод за неодамнешниот економски форум под наслов „Парафискални давачки: мало делче од сложувалката на конкурентноста“ во организација на Институтот за економски политики и развој „Finance Think“, на којшто во фокусот беше темата дали парафискалните давачки се кочница за конкурентноста.
Според учесниците на форумот, пред цената е времетраењето потребно да се дојде до некоја услуга, поради што како еден од приоритетите беше посочена дигитализацијата што ќе овозможи и зголемена транспарентност. Исто така, како една од главните слабости беше посочен и недостигот од размена на податоците меѓу институциите, односно потребата од нивна централизација, со цел администрирањето да биде што поефикасно.
„Парафискалните давачки сѐ уште се умерено голем товар за компаниите и бизнис секторот иако микро и малите компании овој товар го чувствуваат многу повеќе во споредба со големите компании“, истакна Благица Петрески, главен економист во „Finance Think“.
Таа посочи дека административниот товар на поднесоци, корекции, комуникации со институциите е значајно поголем товар во споредба со финансискиот.

Иако резултатите на истражувањето покажаа дека зголемувањето на парафискалните давачки кон институциите на централно ниво е забавено, сепак земајќи предвид дека крајната цел е оптимизација на овие давачки, треба детално да се испита дали станува збор за нови давачки или истите дополнително биле верифицирани.
Петрески вели дека на локално ниво бројот на парафискални давачки е умерен и се движи од осум до 15 иако генерално административниот товар е поголем во однос на финансискиот товар, слично и на централно ниво. Меѓутоа, една од работите која што се посочува е непредвидливоста на бројот на новите воведени парафискални давачки.
„Она што треба да следи е процесот на оптимизација која што е во рана фаза и истата треба да опфати неколку форми: освен кратење на парафискалните давачки како најпопуларна форма постојат и други форми каде што може да се зголеми контра услугата која што ќе ја добијат компаниите за она што тие плаќаат, но исто така може да имаме спојување на парафискалните давачки или да се зголеми наменското трошење на средства, како што е на пример за еколошките дозволи, па намената на средствата платени за еколошките дозволи на пример или градежни дозволи да биде за таа цел – за уредување на градежното земјиште или за подобрување на екологијата“, вели Петрески.
Парафискалните давачки, пак, кон единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) се умерени, покажува истражувањето и се движат во просек од осум до 15 парафискални давачки. Главно, тука се комуналните такси, градежните дозволи и, поретко, некои сертификати за образование. Во однос на различните аспекти на оптовареност, кај парафискалните давачки кон локалната власт финансискиот товар е релативно помал во споредба со неизвесноста и времето потребно за усогласување.
На локално ниво, во 18 општини се идентификувани 408 неданочни давачки, но само 199 се класификувани како парафискални давачки врз основа на дефинираните критериуми. Најголем број парафискални давачки (83%), кои вклучуваат комунални такси, образовни такси и надомест за уредување градежно земјиште, се пропишани со закон и со одлука на Советот на Општината, донесена врз основа на закон. Само еден процент од парафискалните давачки се пропишани со внатрешен акт – одлука на Советот на Општината, додека 16 проценти се пропишани само врз основа на закон, на пример, административните такси, туристичката такса и еколошката дозвола (надомест што го плаќаат лицата што ракуваат со инсталациите со интегрирана еколошка Б -дозвола на Општината, т.е. Град Скопје).
Што да се направи?
Кои се препораките на Finance Think? За парафискалните давачки на централно ниво експертите предлагаат нивно рационализирање како краткорочен приоритет преку: намалување на бројот, внимателност и оправданост при воведување нови давачки, спојување на давачките со иста цел и целосно напуштање на практиката на двојна наплата за иста услуга.

Потоа, воспоставување државен регистар на такси и парафискални давачки. Министерството за информатичко општество и администрација треба да го надгради каталогот на услуги во државен регистар на неданочни плаќања и парафискални давачки. Но, и покрај ограниченото покривање на каталогот, сè уште недостигаат дел од информациите за цените на јавните услуги. Исто така, потребно е определување на цената на парафискалните давачки, при што утврдувањето на цената на услугите мора да се преоцени врз основа на транспарентна методологија и објективни показатели; Дигитализација на администрирањето на поднесоците и комуникацијата меѓу подносителот и институцијата, како форма на оптимизација;
„Непропорционално високите давачки – особено тие што се однесуваат на условите за влез во одреден сектор или пазарен сегмент – се особено штетни за микро, малите и средните претпријатиоја. Високите такси за влез ги обесхрабруваат новите стопанственици од секторот на ММСП и придонесуваат за поволна регулативна средина за олигополските структури во одредени сектори.“, велат од Finance Think.

Препораки за парафискалните давачки на локално ниво се: Оптимизација и рационализација на парафискалните давачки, преку следниве форми: Дигитализација на поднесоците, комуникацијата и на администрирањето на поднесокот; Намалување на цената на: фирмарината при основање филијала / продавница на истиот обврзник; градежна дозвола; надомест за користење на просторот пред деловниот простор, со можност за привремено ослободување од плаќање за користење угостителски тераси во пасивен туристички период;
Приспособување на цената според големината / потенцијалот на компанијата (на пример, надоместот за фирмарина) или според локацијата (на пример, надоместот за уредување на градежното земјиште и надоместот за користење на просторот пред деловниот простор); o Наменското користење на приходите по основа на ПФД е форма за постигнување оптимум, која е соодветна и преферирана за комунална такса за користење улици што се плаќа со регистрација на возилата (18 проценти), но и кај надоместот за уредување градежно земјиште (15 проценти) ; Базата на податоци и идентификацијата на парафискални давачки да се надгради со податоци за сите општини во Република Северна Македонија; Парафискалните давачки што се делат меѓу локалната и централната власт (на пример, дозволите за игри на среќа, дозволите и лиценците за изградба на електроцентрали од обновливи извори на енергија) да бидат рамномерно распоредени, а Општината на чијашто територија е активноста на правниот субјект