Connect with us

македонија

Отворени нови 110 е-продавници за шест месеци

Расте онлајн трговијата во Македонија

објавено

на

Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции.

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2022 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму е значителен.

Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции.

И во текот на првата половина од 2022 година, Македонците најмногу купуваат од домашните е-продавници, но темпото на пораст во однос на двете последни години е со помал интензитет. После остварениот пораст од 169% во првата половина од 2020 година и 83% во 2021 година, во текот на првите шест месеци од 2022 година Македонците со домашни картички кон домашни е-продавници потрошиле речиси 195 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 22% во однос на истиот период претходната година (согласно ревидираните податоци за 2021 година на НБРСМ од март и јуни 2022).

“Не е обесхрабрувачки што порастот е значително помал споредено со претходните две години, ако имаме предвид дека е од значително повисока основа која е резултат на пандемијата и рестриктивните мерки. Позитивно е што во структурата со 70% и понатаму доминира вредноста со домашни картички кон домашни е-трговци. Во секој случај, неопходно е да напоменеме дека преку податоците од НБРСМ ја следиме е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно само трансакциите реализирани онлајн додека се’ повеќе растат онлајн нарачките за кои плаќањето се извршува при прием на пратката за кои отсуствуваат податоци.“, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), д-р Нина Ангеловска.

Таа додаде дека неодамна АЕТМ во соработка со Државниот завод за статистика организираше тркалезна маса со учество на сите засегнати страни со цел подобрување на сеопфатноста и квалитетот на податоците за е-трговија.

„Се надеваме дека дефинираните активности кои произлегоа ќе бидат имплементирани и ќе придонесат за да може да ја согледаме целосната слика. Растот и развојот на е-трговијата е во интерес на сите и во интерес на развој на домашната економија, а за да креираме соодветни политики и промени потребно е да носиме одлуки кои ќе бидат базирани на точни и квалитетни податоци”, вели Ангеловска.

Расте и бројот и вредноста на е-трансакциите

Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ
“Не е обесхрабрувачки што порастот е значително помал споредено со претходните две години, ако имаме предвид дека е од значително повисока основа која е резултат на пандемијата и рестриктивните мерки. Позитивно е што во структурата со 70% и понатаму доминира вредноста со домашни картички кон домашни е-трговци. Во секој случај, неопходно е да напоменеме дека преку податоците од НБРСМ ја следиме е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно само трансацкиите реализирани онлајн додека се’ повеќе растат онлајн нарачките за кои плаќањето се извршува при прием на пратката за кои отсуствуваат податоци.“  

Бројот на трансакции кои што Македонците ги направиле кон домашните е-трговци изнесува 6.1 милион и претставува пораст од 15% во однос на истиот период минатата година, па соодветно расте и вредноста на просечната трансакција која изнесува 32 евра и тоа кај физичките лица  – 30 евра, а кај правните субјекти – 37 евра.

Со странски картички кон домашните е-трговци во првото полугодие од 2022 година реализирани се скоро 11 милиони евра односно 43% повеќе отколку во истиот период минатата година, во 292 илјади трансакции. Просечната трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 37.7 евра.

Македонците во странство направиле трансакции вредни 71 милиони евра во првите шест месеци од годинава што преставува 66% раст во однос на минатата година. При тоа правните лица имаат поголем пораст во вредноста на направените онлајн трансакции или скоро 70% во однос на претходната година. Со тоа се зголемува учеството на правните лица во вкупните трансакции на скоро 32%. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство изнесува 1.7 милион и расте со 31% во однос на истиот период лани. Просечната трансакција изнесува 40.1 евра, и тоа 31.3 евра кај физичките лица и 118.3 евра кај правните лица.

Просечна вредност на онлајн нарачка е 34 евра

Во првото полугодие од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата од Македонци и странци и во странство од Македонци, изнесува скоро 277 милиони евра, што претставува пораст од 31.7% во однос на истиот период минатата година. Бројот на вкупните онлајн трансакции во истиот период изнесува 8.1 милион и расте со помал интензитет (19%) од вредноста на вкупните онлајн трансакции во истиот период минатата година, што значи дека е зголемена вредноста по трансакција т.е. нарачка и таа изнесува 34.2 евра. При тоа просечната трансакција на правните лица е поголема (44.8 евра) во однос на физичките лица (30.9 евра).

Во Македонија заклучно со 30.06.2022 година активни се 1.762 виртуелни или интернет продажни места.

Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (интернет продажни места), заклучно со 30.06.2022 година во Република Северна Македонија активни се 1.762 продажни места. Во вториот квартал на 2022 година се отворени 110 нови виртуелни продавници.

свет10 часа ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

македонија1 ден ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании4 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион4 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју4 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју4 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија4 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија4 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

свет4 дена ago

Пустината под вода

економија1 недела ago

„Е-commerce awards“ придонесуваат кон растот и успехот на бизнисите што функционираат во дигиталниот простор

економија4 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет4 дена ago

Пустината под вода

регион4 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју4 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

интервју4 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија4 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

технологии / компании4 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција