Connect with us

економија

Очекувањата за нови финансиски инјекции од државите ги кренаа повторно берзите

објавено

на

Редовна седмична анализа на Генерали Инвестментс



Пазарите забележаа нов раст последните денови, бидејќи се зголемија очекувањата за нов поголем стимул за економиите како резултат на брзиот раст на бројот на заразени со Ковид-19 и како резултат на посилните ограничувања на јавниот живот. Позиционирањето претежно на  институционални инвеститори кои имаат многу пари во своите портфолија, покажува дека ликвидноста во моментов е добра, па дури и малите поместувања од пари, назад кон акции можат посилно да ги придвижат берзите, велат од Генерали Инвестмент со својата редовна седмична анализа.

Средината на октомври носи смирување на ситуацијата, бидејќи оптимизмот се врати на пазарите по брзото закрепнување на Трамп и враќањето во предизборната битка. Ситуацијата е поддржана од посилните очекувања за економско закрепнување и очекувања за понатамошно стимулирање на економијата, како од централните банки така и од одделните влади, коментираат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс во својата редовна седмична анализа на пазарите на капитал.

Започна и сезоната на објавување деловни резултати за третиот квартал. Очекувањата околу американските компании се оптимистички, особено за технолошките компании, а некои европски компании се приклучија на овој оптимизам во последната недела.


Автомобилската индустрија во Европа се покажува подобри резултати, продажбата на електрични автомобили силно расте, што го зголемува оптимизмот. Некои компании поврзани со работа од дома и е – трговијата ги зголемија своите прогнози. Од друга страна растот на ограничувањата во секојдневниот живот како резултат на зголемениот број на заразени со Ковид-19 го зголемува притисокот врз компаниите од услужниот сектор.


Така, најголемите европски аеродромски оператори Фрапорт и Винчи продолжуваат да пријавуваат пад на патничкиот сообраќај за околу 80% во споредба со истиот период минатата година, и овој пад ќе се зголемува уште повеќе во наредните недели. Од друга страна, падот на прометот на стоки е  само неколку проценти, што потврдува дека услужните компании поврзани со човечки транспорт, угостителство, туризам итн. ќе продолжат да бидат на удар, додека индустријата и транспортот на стоки работат добро или одлично на некои места.


„Последните податоци за кинеската трговија се исто така добри, се очекува раст на извозот, но задоволни сме од изненадувачкиот раст на увозот, што е добар сигнал за сите извозници и се разбира за силата на кинескиот внатрешен пазар. Во следните денови и недели можеме да очекуваме ескалација на предизборната битка во САД. За пазарите и победата на Трамп и на Бајден се добри сценарија, а лошото сценарио е долга правна битка во случај на нерешен резултат. Анкетите покажуваат силно водство за Бајден, но последните години анкетите даваа погрешни резултати неколку пати, па борбата ќе биде напната до крајот“, коментираат од Генерали.

Пополека оживува европската автомобилска индустрија

Пазарите забележаа нов раст во последните денови, бидејќи се зголемија очекувањата за нов поголем стимул за економиите како резултат на брзиот раст на бројот на заразени со Ковид-19 и како резултат на посилните ограничувања на јавниот живот. Позиционирањето претежно на  институционални инвеститори кои имаат многу пари во своите портфолија, покажува дека ликвидноста во моментов е добра, па дури и малите поместувања од пари, назад кон акции можат посилно да ги придвижат берзите.

„Процените не се најважни веќе подолго време, бидејќи инвеститорите се фокусираат главно на растечките приходи и на ‘добра приказна’, а генерираната добивка е во втор план. Оваа недела по успешната јавна иницијална понуда на акции, на берзата започна да котира најголемиот полски мрежен продавач Алегро, кој одеднаш со пазарна капитализација од скоро 20 милијарди евра стана една од најголемите европски е – компании. И во овој случај процените се чудесни за изненадување и приказната за идниот раст игра голема улога.“, велат од Генерали.

На американските пазари, технолошките компании, особено од петорката FAANG -Facebook, Amazon, Apple, Netflix и Alphabet (поранешен Google), се вратија на нивоата пред корекцијата, како и некои кинески и други азиски технолошки компании. Од друга страна, повеќето други индустрии како финансиите и енергетиката, не привлекуваат инвеститори и остануваат како губитници оваа година.

Како феникс од пепелта, европската автомобилска индустрија полека оживува, бидејќи добрата продажба на електрични автомобили и како резултат на тоа поголемите очекувања го зголемуваат интересот на инвеститорите за акциите на европските компании од автомобилската индустрија. Акциите на фармацевтските компании сè уште се многу интересни, кои и покрај тоа што се во првите редови во борбата против вирусот Ковид-19, поволните процени и убавите дивиденди, некако сè уште не успеваат да привлечат прекумерно внимание од инвеститорите. Стабилизацијата на доларот во однос на еврото ги намали притисоците врз најголемите извозници во Европа, а пазарите на обврзници продолжуваат да се соочуваат со недостиг на понуда иако приносите остануваат на рекордно ниско ниво. Оваа недела Словенија издава 30-годишна обврзница и обезбедува евтино финансирање за своите корона обврски.

Совети за инвеститорите

Повторно не ги менуваме старите препораки. Некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива, велат аналитичарите од Генерали Инвестментс.

„Сепак, не е време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распределат во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка  како за обврзниците така и за акциите продолжува, а интересите на инвеститорите кој акциите од технолошкиот сектор се големи, но евентуалното намалување или повлекување на оваа поддршка може брзо да донесе до силна корекција. Исто така, вреди да се погледне надвор од технолошкиот сектор, бидејќи можностите и пред сè значително пониските процени се појавуваат на друго место.
Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност. Трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД како и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор бидејќи приносите на овие акции остануваат многу над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. За инвеститорите кои сакаат повеќе да ги диверзифицираат своите средства, има акции и индустрии кои се многу евтини, но во моментов не се популарни кај инвеститорите. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно време да се зголеми изложеноста кон овие, занемарени сегменти на пазарот.“

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје